ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g23 Бр. 1 стр. 3-5
  • Слатката вода

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Слатката вода
  • Разбудете се! 2023
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Каква опасност ѝ се заканува на слатката вода
  • Планета која е создадена за да опстане
  • Што се прави за да се реши проблемот
  • Причини за оптимизам — што вели Библијата
  • Што вели Библијата за глобалната криза за вода?
    Разно
  • Извор на вода што донесува вечен живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Вода — скапоцена животна течност
    Разбудете се! 2003
  • Криза за вода — какви мерки се преземаат?
    Разбудете се! 2009
Разбудете се! 2023
g23 Бр. 1 стр. 3-5
Една жена со рацете зема чиста вода од еден поток.

ИМА ЛИ СПАС ЗА НАШАТА ПЛАНЕТА?

СЛАТКАТА ВОДА

ЖИВОТОТ на Земјата не би постоел доколку не би имало вода, особено слатка вода. Всушност, токму водата е состојката која се наоѓа во најголем процент во составот на сите живи суштества. Езерата, реките, мочуриштата и подземните води обезбедуваат вода за пиење за луѓето и животните и ни овозможуваат да ги наводнуваме посевите.

Каква опасност ѝ се заканува на слатката вода

Поголемиот дел од нашата планета е прекриен со вода. Сепак, според Светската метеоролошка организација, „само 0,5 отсто од водата на Земјата е достапна и употреблива слатка вода“. Иако ова релативно мало количество слатка вода би требало да е доволно за животот на Земјата, поголемиот дел од него се загадува или станува недостапен поради зголемената побарувачка на вода и климатските промени. Експертите предвидуваат дека во следните 30 години, пет милијарди луѓе би можеле да се соочат со недостиг на вода.

Планета која е создадена за да опстане

На Земјата се одвиваат природни процеси кои спречуваат резервите со вода да исчезнат. Исто така, почвата, подводниот свет, па дури и сончевата светлина заеднички придонесуваат да се прочистува водата. Да разгледаме некои од доказите кои покажуваат дека нашата планета е создадена за да опстане.

  • Докажано е дека почвата може да отстрани голем дел од нечистотиите кои се наоѓаат во водата. Познато е дека во мочуриштата, одредени растенија ги отстрануваат азотот, фосфорот и пестицидите.

  • Научниците откриле физички и биолошки процеси кои ја прочистуваат водата од органскиот отпад кој обично го има во неа. Благодарение на овие процеси, се разредуваат штетните материи во протечната вода и потоа микроорганизмите ги разградуваат.

  • Постојат слатководни школки кои можат да отстранат некои потенцијално штетни хемикалии од водата за неколку дена, и тоа го прават можеби дури и поефикасно од пречистителните станици за отпадни води.

  • Нашата планета ја чува водата заробена во еден постојан циклус кој е познат и како хидролошки циклус или кружен тек на водата. Овој циклус, заедно со други природни процеси, спречува водата да излезе од атмосферата или да исчезне на некој друг начин.

    ДАЛИ СИ ЗНАЕЛ?

    Почвата — природен филтер на водата

    Се покажало дека почвата може да отстрани метали, токсични хемикалии, органски отпад и други загадувачи од водата која протекува надолу низ земјата. Додека да стигне до водоносните слоеви, водата дури може да биде безбедна за пиење.

    Напречен пресек на почва кој покажува како таа филтрира загадена вода. Дождовница протекува низ слоевите почва, камчиња и честички глина додека да стигне до водоносен слој со слатка вода.

    Физичко прочистување

    Песокот и честичките од карпите имаат улога на фино сито во кое се задржуваат некои од загадувачите.

    Биолошко прочистување

    Микроорганизмите што живеат во почвата можат да ги неутрализираат материите кои би биле отровни за луѓето. Некои бактерии дури можат да разложат токсични масла до јаглерод диоксид и вода.

    Хемиско прочистување

    Дури и почвата која има слаб електричен полнеж може да привлече отровни хемикалии кои имаат спротивен полнеж. На пример, негативно наелектризираните честички од глина можат да ги отстранат од водата позитивно наелектризираните честички од еден вид амониум кој има нагризувачко дејство.

Што се прави за да се реши проблемот

Слики: 1. Еден маж го поправа својот автомобил од кој тече масло. Маслото кое тече го собира во еден сад. 2. Еден човек носи празни амбалажи од токсични хемикалии во еден рециклирачки центар.

Со тоа што ќе ги направиме потребните поправки за да нема истекување на масло од моторните возила и со тоа што соодветно ќе ги отстрануваме токсичните хемикалии, ќе придонесеме изворите на слатка вода да останат чисти

Стручњаците препорачуваат да се избегнува непотребно трошење на вода. Со цел да се намали загадувањето на водата, тие советуваат да се направат потребните поправки за да нема истекување на масло од моторните возила, како и да не се фрлаат неискористени лекови во тоалетната школка или да се истураат токсични хемикалии во одводниот систем.

Инженерите откриле извонредни и посовремени методи за десалинизација (отстранување на солта од солената вода). Целта е да имаме пристап до поголемо количество вода за пиење.

Но, ова не е доволно. На глобално ниво, дури и десалинизацијата се чини дека не е вистинско решение поради високите трошоци и поради тоа што е потребно огромно количество енергија. Во еден извештај за 2021 год. во врска со тоа како да ја заштитиме водата за пиење, еден извор на Обединетите нации известил: „На светско ниво, сегашната стапка на напредок мора да се удвои“.

Причини за оптимизам — што вели Библијата

„Бог... ги црпи капките вода во висините, па тие се цедат одозгора како дожд и како негова магла, и тогаш облаците капат, се излеваат врз луѓето изобилно“ (Јов 36:26-28).

Бог создал природни циклуси за да ја заштити водата на Земјата (Проповедник 1:7).

Размисли: Ако Творецот осмислил процеси за прочистување на водата, зарем не е логично да заклучиме дека тој може и сака да ја поправи штетата што луѓето му ја нанесуваат на овој важен ресурс? Види ја статијата „Бог ветува дека нашата планета ќе опстане“, која се наоѓа на страница 15.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Молекули на вода.

Водата има уникатни својства кои овозможуваат да има живот. Гледај го видеоклипот Чудата на создавањето ја објавуваат Божјата слава — водата (на српски или хрватски) на jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели