Радост и славење на Бог на собирите
Уште од почетокот на 1880-тите години, Истражувачите на Библијата увиделе дека, покрај локалните состаноци, е корисно да се запознаат и со своите соверници од други подрачја. Така почнале да организираат годишни собири на Истражувачите на Библијата од сите краишта на САД, а подоцна и од Канада. Тоа било време на духовно освежување, кога во текот на неколку дена била давана интензивна библиска поука, заедно со воодушевувачка меѓусебна измена на охрабрувања. Крштевањето на новите верници станала редовна карактеристика на овие собири. Собирите се користеле и за давање на пошироко сведоштво на јавноста (Римјаните 1:11, 12).
Денес Јеховините сведоци уживаат предност на редовно одржување на вакви собири. Обично околу 18 до 25 собранија се групирани во покраина, која ја посетуваат, односно ѝ служат патувачки надгледници. Двапати годишно се организираат состаноци на кои во сабота и/или во недела се состануваат собранијата од таа покраина, или само еден дел од таа покраина.
Еднаш годишно во секоја земја се организираат поголеми состаноци кои траат три или четири дена и кои се нарекуваат обласни конгреси. На таквите конгреси можат да се соберат и по неколку илјади луѓе. Таквите конгреси овозможуваат духовно изградување на Јеховините сведоци и на другите кои се интересираат за нивната активност, а исто така служат за давање на јавно сведоштво.
Програмата за овие собири ја подготвува Водечкото тело на Јеховините сведоци и таа се темели на потребите на Сведоците во целиот свет. Таа се состои од предавања, разговори, интервјуа и прикази од секојдневниот живот, а сето тоа го изнесуваат патувачките надгледници и способни старешини од собранијата. Други ги изнесуваат своите искуства за тоа како излегуваат на крај со предизвикот да се живее во овој безбожен свет или какви резултати постигнале во службата на проповедање. Обласнитете конгреси имаат дополнителна карактеристика — живи прикази во облик на библиски или современи драми, кои покажуваат како христијаните излегуваат на крај со проблемите со кои денес се соочуваат.
Исто така е осигурана исхрана и освежувачки пијалоци, со мал надоместок. Тоа овозможува радосно дружење на паузите. Сета работа околу организацијата на овие собири ја извршуваат доброволци од редовите на Јеховините сведоци. Трошоците се покриваат со доброволни прилози. Пристапот е слободен и не се собираат прилози.
Од локалните собранија на Јеховините сведоци можете да дознаете каде и кога се одржуваат тие собири на вашето подрачје. Таму ќе добиете и информации за превозот и сместувањето.
Овие собири им помагаат на Јеховините сведоци и на оние кои се поврзани со нив да гледаат пошироко од своето локално собрание и да ја ценат целата заедница од браќа по светот (1. Петрово 2:17).
● Каква корист имале првите Истражувачи на Библијата од своите собири?
● Опиши ја организацијата и програмата на покраинските и обласните состаноци.
[Слики на страница 18]
Библиска драма на обласен состанок, САД
Меѓународен конгрес, Полска
Меѓународен конгрес, Аргентина
Покраински состанок, Јапонија
Делегати добиваат литература, Швајцарија
Крштевање на конгрес, Јужна Африка
Објавување на нова публикација, Канада
Делегати на конгрес заеднички пеат, Шпанија