ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwb21 Јануари стр. 7
  • Нашите конгреси — прилики да покажуваме љубов

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Нашите конгреси — прилики да покажуваме љубов
  • Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
  • Сличен материјал
  • Јехова го собира својот радосен народ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Радост и славење на Бог на собирите
    Јеховините сведоци обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот
  • Јеховините сведоци ќе одржат меѓународни конгреси
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Меѓународни конгреси 2003
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
mwb21 Јануари стр. 7

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Нашите конгреси — прилики да покажуваме љубов

На еден меѓународен конгрес делегати од различни култури се сликаат заедно.

Зошто толку многу ги сакаме конгресите? Исто како што било случај со празниците во древниот Израел, конгресите ни даваат можност да го обожаваме Јехова со стотици, па дури и со илјадници наши соверници. На нив добиваме богата духовна храна. Освен тоа, се радуваме што можеме да поминуваме време со пријателите и со семејството. Бидејќи многу ги цениме нашите конгреси, сакаме да присуствуваме сите три дена.

Во вакви прилики, кога се собираме заедно, не треба да мислиме само на она што ние може да го добиеме туку и на тоа како може да покажеме љубов кон другите (Га 6:10; Ев 10:24, 25). Покажуваме дека сме заинтересирани за другите со тоа што ќе му ја придржиме вратата некому или со тоа што ќе зафатиме само онолку седишта колку што ни се потребни (Фп 2:3, 4). Конгресите ни даваат можност да склопуваме нови пријателства. Пред и по програмата, како и за време на паузата, може да си поставиме за цел да се запознаеме со некого (2Ко 6:13). Ваквите пријателства можат да траат засекогаш. Што е најважно од сѐ, кога другите ќе ја видат љубовта меѓу нас, можеби ќе посакаат заедно со нас да му служат на Јехова (Јвн 13:35).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ МЕЃУНАРОДНИ КОНГРЕСИ „ЉУБОВТА НИКОГАШ НЕ ПРЕСТАНУВА!“, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Сцена од видеоклипот „Меѓународни конгреси Љубовта никогаш не престанува!“ Делегати од други земји и локални браќа и сестри се прегрнуваат и си изразуваат добредојде на еден меѓународен конгрес.

    Како браќата и сестрите им покажаа љубов на делегатите од други земји кои присуствуваа на меѓународните конгреси во 2019 год.?

  • Слика од сцена од видеоклипот „Меѓународни конгреси Љубовта никогаш не престанува!“ Локални браќа и сестри и делегати од други земји се сликаат заедно.

    Зошто единството и љубовта меѓу Јеховиниот народ се толку впечатливи?

  • Сцена од видеоклипот „Меѓународни конгреси Љубовта никогаш не престанува!“ Една група од браќа и сестри од Кореја држат знак за добредојде и им мавтаат на оние што пристигнуваат на конгресот.

    Кои обележја на христијанската љубов беа истакнати од членовите на Водечкото тело?

  • Сцена од видеоклипот „Меѓународни конгреси Љубовта никогаш не престанува!“ Едно радосно девојче го држи Преводот Нов свет кој штотуку го добила.

    Како можеш да покажеш љубов кога присуствуваш на некој конгрес?

    Како вистинската љубов победила во Германија и во Јужна Кореја?

  • На што треба да бидеме решени?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели