ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • br78 стр. 18-22
  • Како ја објавуваат веста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како ја објавуваат веста
  • Јеховините сведоци во дваесеттиот век
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДА СЕ ПРОПОВЕДА СО ЛИЧЕН ПРИМЕР
  • Начини кои ги користат за да ја споделат добрата вест со другите
    Јеховини сведоци — кои се тие? Што веруваат?
  • Кој ја проповеда добрата вест?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Собранија организирани за проповедање на Божјето Царство
    Јеховините сведоци обединето ја извршуваат Божјата волја ширум светот
  • Благословите на добрата вест
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Јеховините сведоци во дваесеттиот век
br78 стр. 18-22

Како ја објавуваат веста

Христос им заповедал на своите следбеници: „Одете и научете ги сите народи“. Но, тоа не значи да вршат притисок или сосила да ги обраќаат другите. Исусовиот налог е да им ја ‚објават добрата вест на сиромашните‘ (НС), ‚да ги исцелат сокрушените по срце‘ и да ги ‚утешат сите оние што тагуваат‘ (Матеј 28:19; Исаија 61:1, 2; Лука 4:18, 19). Јеховините сведоци настојуваат да го прават тоа така што ја објавуваат добрата вест од Библијата. Како пророкот Језекиил од старо време, така и Јеховините сведоци денес се трудат да ги пронајдат „оние што жалат, кои воздивнуваат за гадотиите, што се вршат“ (Језекиил 9:4).

Најпознатата метода што ја применуваат за да ги пронајдат оние кои се вознемирени поради сегашните прилики е одење од куќа до куќа. На тој начин преземаат позитивни чекори за да ја достигнат јавноста, по примерот на Исус кој ‚одел по градовите и селата, проповедајќи и благовестувајќи го Царството Божјо‘. Истото го правеле и неговите први ученици (Лука 8:1; 9:1-6; 10:1-9). Денеска, Јеховините сведоци настојуваат, ако е можно, неколку пати годишно на секоја врата по неколку минути да поразговараат со станарот за некоја тема од локален или меѓународен интерес. Во таа пригода се чита по еден или два библиски стиха и, ако станарот покаже интерес, Сведокот може да договори повторна посета во некое прикладно време за да го продолжат разговорот. Се ставаат на располагање Библии или литература која ја објаснува Библијата и, ако станарот изрази желба, со него се води бесплатно проучување на Библијата. Во 1993 година ширум светот редовно се водени во просек 4.500.000 библиски студии.

Друга можност за објавување на ‚Евангелието [добрата вест, НС] за царството‘ е преку состаноците што се одржуваат во месните Сали на Царството. Сведоците таму имаат состаноци секоја седмица. На еден состанок се држи предавање за јавност на тема од општ интерес, а потоа се проучува некоја библиска тема или пророштво, при што списанието Стражарска кула служи како изворен материјал. Друг состанок е школа за оспособување на Сведоците за да бидат подобри објавители на добрата вест, а после неа следи дел во кој се говори за сведочење на локалното подрачје. Освен тоа, Сведоците еднаш неделно се состануваат во помали групи во приватни домови за проучување на Библијата.

Сите овие состаноци се отворени за јавноста. Нема собирање на прилози. Таквите состаноци се корисни за сите, бидејќи во Библијата читаме: „И да бидеме внимателни еден кон друг, за да се поттикнуваме кон љубов и добри дела, не напуштајќи го своето собрание, како што некои имаат обичај, туку да се поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден“. Личното проучување и истражување е потребно, но состанувањето со другите делува поттикнувачки: „Како што железо остри железо, така човек го изострува разумот на другиот“ (Евреите 10:24, 25; Изреки 27:17, The New English Bible).

Кога во секојдневниот живот контактираат со други луѓе, Јеховините сведоци на тоа гледаат како на можност да разговараат за добрата вест. Тоа може да бидат неколку зборови со соседот или со некој сопатник во автобус или во авион, подолг разговор со некој пријател или роднина или дискусија со колега на работа за време на пауза. Поголемиот дел сведоштва што ги дал Исус кога бил на Земјата биле од тој вид — додека одел крај брегот, кога седел на некое ритче, кога бил на вечера кај некого, на свадба или кога патувал со рибарски чамец по Галилејското Море. Поучувал во синагогите и во храмот во Ерусалим. Каде и да бил, наоѓал прилики да говори за Божјето Царство. А Јеховините сведоци настојуваат и во тој поглед да одат по Христовите стапки (1. Петрово 2:21).

ДА СЕ ПРОПОВЕДА СО ЛИЧЕН ПРИМЕР

Ниедна од тие методи на објавување на добрата вест ништо не би значела ако оној кој ги објавува тие науки лично не ги применува. Да се говори едно а да се прави друго е лицемерство, а поради религиозното лицемерство, милиони луѓе се одвратиле од Библијата. Меѓутоа, неправедно е Библијата да се обвинува за тоа. Иако книжевниците и фарисеите ги имале Хебрејските списи, Исус ги прогласил за лицемери. Споменал дека тие читаат од Мојсеевиот закон, а потоа им рекол на своите ученици: „Сѐ што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, оти тие говорат, а не извршуваат“ (Матеј 23:3). Христијанинот со својот примерен живот може да каже повеќе отколку со часови да проповеда. На тоа им било укажано на христијанските сопруги чии сопрузи не се во верата: „Преку поведението на своите жени да се придобијат без услови [без збор, НС] кога ќе го видат вашиот чист и богобојазлив живот“ (1. Петрово 3:1, 2).

Затоа, Јеховините сведоци се трудат да ја препорачаат добрата вест преку своето примерно христијанско однесување што им го препорачуваат на другите. Тие настојуваат ‚да им го прават на луѓето сѐ она што сакаат да им го прават тие ним‘ (Матеј 7:12). Се трудат да постапуваат вака спрема сите луѓе, не само спрема своите браќа во вера, пријателите, соседите или роднините. Тоа не им оди секогаш од рака бидејќи се несовршени. Сепак, со цело срце сакаат да им прават добро на сите луѓе, но не само со тоа што ќе им говорат за добрата вест за Царството туку и да им помагаат секогаш кога можат (Јаков 2:14-17).

[Истакната мисла на страница 21]

Придобиени без зборови

[Слики на страница 20]

Сали на Царството, со практична конструкција, се места за разгледување на Библијата

[Слики на страница 22]

Во својот семеен живот, како и во контактите со другите луѓе, Сведоците искрено се трудат да го прават она што им го препорачуваат на другите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели