ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 39
  • Гордите и понизните

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Гордите и понизните
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Тешко на превртливото поколение
    Исус — патот, вистината и животот
  • „Јаремот мој е благ и бремето мое е лесно“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Ослободување од стресот — практичен лек
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Дојдете кај мене и јас ќе ве закрепнам
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 39

Поглавје 39

Гордите и понизните

ОТКАКО ги споменува доблестите на Јован Крстител, Исус обрнува внимание на гордите, превртливи луѓе кои се околу него. ‚Оваа генерација‘, изјавува тој, ‚е слична на мали деца кои седат по пазариштата и им довикуваат на своите другарчиња во играта, велејќи: „Ви свиревме на флејта, но вие не игравте; оплакувавме, но вие не се удиравте во болка“‘.

Што мисли Исус со тоа? Тој објаснува: „Дојде Јован кој ниту јадеше ниту пиеше, а сепак велат: ‚Има демон‘; дојде Синот човечки кој и јаде и пие, па пак велат: ‚Гледај! Човек ненаситник и оддаден на вино, пријател на даночници и на грешници‘“.

Невозможно е да им се угоди на луѓето. Ништо не ги задоволува. Јован живеел аскетски живот на самоодрекување како Назиреј, во согласност со изјавата на ангелот дека „не смее да пие ни вино ни жесток пијалак“. А сепак, луѓето велат дека е демонизиран. Од друга страна, Исус живее како и другите луѓе, не практикувајќи каков и да било аскетизам, и го обвинуваат дека е неумерен.

Колку е тешко да им се угоди на луѓето! Тие се како другарчиња во играта, кои одбиваат да играат кога другите деца свират на флејта или да жалат кога нивните другарчиња оплакуваат. И покрај тоа, Исус вели: „Мудроста се докажува праведна преку своите дела“. Да, доказот — делата — јасно покажуваат дека обвиненијата против Јован и Исус се лажни.

Исус потоа ги издвојува за укор трите града — Хоразин, Витсаида и Капернаум — каде што тој ги извршил повеќето свои моќни дела. Кога би направил такви дела во феникиските градови Тир и Сидон, вели Исус, тие градови би се покајале во вреќишта и пепел. Осудувајќи го Капернаум, кој изгледа му бил база за време на неговата служба, Исус изјавува: „На содомската земја ќе ѝ биде поподносливо во Судниот ден, отколку тебе“.

Понатаму, Исус јавно го фали својот небесен Татко. Поттикнат е на тоа затоа што Бог ги сокрива драгоцените духовни вистини од мудрите и паметните, а им ги открива тие прекрасни работи на понизните, така да се каже, на малите деца.

Конечно, Исус дава привлечна покана: „Дојдете кај мене сите кои се измачувате и кои сте оптоварени, и јас ќе ве освежам. Земете го мојот јарем на себе и учете од мене, зашто јас сум со благ нарав и понизен во срце, и ќе најдете освежување за своите души. Зашто мојот јарем е благ и мојот товар е лесен“.

Како Исус нуди освежување? Така што ослободува од поробувачките традиции со кои религиозните водачи ги оптовариле луѓето, вклучувајќи ги, на пример, ограничувачките прописи на Сабатот. Тој го покажува и начинот да им се помогне на оние кои се чувствуваат притиснати од тежината на доминацијата на политичките авторитети и од тежината на своите гревови од измачена совест. На таквите измачени им открива како може да им бидат простени нивните гревови и како можат да имаат драгоцен однос со Бог.

Благиот јарем што го нуди Исус е јарем на потполна оддаденост на Бог, со можност да му служиме на нашиот сочувствителен, милосрден небесен Татко. А лесниот товар што Исус им го нуди на оние кои доаѓаат кај него е послушноста кон Божјите барања за живот — Неговите заповеди што се запишани во Библијата. А да се биде послушен на нив воопшто не е тешко. Матеј 11:16—30; Лука 1:15; 7:31—35; 1. Јованово 5:3.

▪ Како гордите, превртливи луѓе од Исусовата генерација се слични на деца?

▪ Зошто Исус е поттикнат да го фали својот небесен Татко?

▪ На кој начин луѓето се оптоварени, и какво олеснување им нуди Исус?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели