ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 39 стр. 98-стр. 99 пас. 7
  • Тешко на превртливото поколение

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тешко на превртливото поколение
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Гордите и понизните
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Ослободување од стресот — практичен лек
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • „Јаремот мој е благ и бремето мое е лесно“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Љубезна покана до уморните
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 39 стр. 98-стр. 99 пас. 7
Едно момче свири на флејта на плоштад, а другите деца не сакаат да играат

ПОГЛАВЈЕ 39

Тешко на превртливото поколение

МАТЕЈ 11:16-30; ЛУКА 7:31-35

  • ИСУС ПРЕКОРИЛ НЕКОЛКУ ГРАДОВИ

  • ГИ ЗАКРЕПНАЛ И ГИ ОСВЕЖИЛ ЛУЃЕТО

Исус многу го ценел Јован Крстител, но какво мислење имале повеќето луѓе за Јован? Исус рекол: „Ова поколение... личи на деца што седат и си играат по плоштадите, па се довикуваат едни со други: ‚Ви свиревме на кавал, но вие не игравте. Пеевме тажачки, но вие не се удиравте в гради како да тагувате‘“ (Матеј 11:16, 17).

Што сакал Исус да каже со тоа? Самиот тој објаснил: „Дојде Јован, кој ниту јадеше ниту пиеше, а сепак велат: ‚Во него има демон‘. Дојде Синот човечки, кој јаде и пие, а сепак велат: ‚Гледај, ненаситник и пијаница, пријател на даночници и на грешници!‘“ (Матеј 11:18, 19). Јован бил назареец и живеел многу едноставен живот, па дури и не пиел вино, но луѓето велеле дека е обземен од демон (4. Мојсеева 6:2, 3; Лука 1:15). Исус, пак, бил како и сите други луѓе. Јадел и пиел умерено, но сепак бил обвинет дека е ненаситник. На тие луѓе не можело да им се угоди на ниту еден начин.

Исус го споредил тоа поколение со деца на плоштадите кои не сакале ниту да играат кога другите деца свиреле на кавал ниту да тагуваат кога другите пееле тажачки. Но, Исус рекол дека „мудроста ја оправдуваат нејзините дела“ (Матеј 11:16, 19). И навистина, ‚делата‘ што Исус и Јован ги направиле јасно покажале дека обвиненијата против нив биле потполно неосновани.

Откако Исус ги опишал луѓето како поколение што не сака да слуша, тој ги осудил градовите во кои направил големи чуда — Хоразин, Витсаида и Капернаум. Рекол дека, ако направел такви чуда во феникиските градови Тир и Сидон, тие би се покајале. Исто така, го спомнал Капернаум, градот во кој веќе некое време живеел. Дури и таму, повеќето луѓе не се покајале. Затоа Исус рекол: „На содомската земја ќе ѝ биде полесно во Судниот ден отколку на овој град“ (Матеј 11:24).

Потоа Исус почнал да го слави својот Татко, кој ги скрил скапоцените библиски вистини „од мудрите и умните“, а им ги открил на понизните, кои биле како мали деца (Матеј 11:25). На таквите им упатил еден трогателен повик: „Дојдете кај мене сите вие што сте изморени и оптоварени, и јас ќе ве закрепнам. Земете го мојот јарем на себе и учете од мене, зашто јас сум благ и со понизно срце, и ќе најдете поткрепа за своите души! Зашто, мојот јарем е пријатен и мојот товар е лесен“ (Матеј 11:28-30).

На кој начин Исус ги закрепнал луѓето? Верските водачи толку многу ги оптоварувале со разни обичаи како, на пример, со крути правила за саботата, што луѓето се чувствувале како да се робови. Но, Исус ги закрепнал така што ги поучувал за вистината за Бог, во која не биле вклучени погрешни обичаи. Исто така, тој донел олеснување за сите што биле под стегата на суровите власти и за сите што се измачувале поради своите гревови. Исус им открил на луѓето како можат да им бидат простени гревовите и како можат да имаат чиста совест пред Бог.

Сите што ќе го прифатат благиот јарем на Исус, може да му го посветат својот живот на Бог и да му служат на нашиот небесен Татко кој е полн со милост и сочувство. Тоа не претставува никаков товар, затоа што Божјите заповеди воопшто не се тешки (1. Јованово 5:3).

  • Зошто луѓето во времето на Исус биле како деца?

  • Што го поттикнало Исус да го слави својот небесен Татко?

  • Каков товар носеле многу луѓе, но како Исус ги закрепнал?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели