ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 5 стр. 97-стр. 100 пас. 4
  • Соодветно паузирање

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Соодветно паузирање
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Точно читање
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Да се прочитаат стиховите со правилно нагласување
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Течно изнесување
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Повторно разгледај ги главните мисли
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 5 стр. 97-стр. 100 пас. 4

СТУДИЈА 5

Соодветно паузирање

Што треба да правиш?

Сосема застанувај на соодветни места од изнесувањето. Понекогаш, можеш да направиш кратка пауза или гласот едноставно за момент да ти исчезне. Паузата е соодветна ако служи за некоја вредна цел.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Правилното користење паузи е важен фактор за кажаното лесно да се разбере. Паузирањето помага и да се истакнат главните точки.

ДОДЕКА зборуваш, важни се правилно распоредените паузи. Ова важи без разлика на тоа дали изнесуваш говор или разговараш со некој поединец. Без такви паузи, кажаното може да звучи како брборење, а не како јасно изразување на мислата. Соодветното паузирање помага она што го зборуваш да биде јасно. Можеш да го користиш и на таков начин што твоите главни точки ќе остават траен впечаток.

Како да одредиш кога да направиш пауза? Колкави да бидат паузите?

Пауза кај интерпункциски знак. Интерпункциските знаци станаа важен дел од пишаниот јазик. Тие можат да го означат крајот на некоја изјава или на некое прашање. Во некои јазици се користат за да ги издвојат цитатите. Некои интерпункциски знаци го покажуваат односот на еден дел од реченицата со другите делови. Лицето што чита за себе може да ги види интерпункциските знаци. Но, кога им чита наглас на другите, неговиот глас мора да го пренесе значењето на кој и да е интерпункциски знак што се појавува во пишаниот материјал. (За понатамошни детали, види Студија 1, „Точно читање“.) Ако не паузираш кога тоа го налага интерпункцискиот знак, ќе им отежнеш на другите да го разберат она што го читаш или резултатот може да биде дури и искривување на значењето на текстот.

Освен интерпункциските знаци, начинот на кој се изразени мислите во една реченица одредува на кои места се соодветни паузи. Еден прочуен музичар еднаш рекол: „Јас не ги свирам нотите ништо подобро од многу пијанисти. Но, паузите меѓу нотите, ах, во нив, всушност, лежи уметноста“. Слично е и со говорењето. Соодветното користење паузи ќе ги зголеми и убавината и значењето на твојот добро подготвен материјал.

При подготовката за јавно читање, можеби ќе ти биде од помош ако ставиш некакви знаци во печатениот материјал што ќе го читаш. Повлечи една мала вертикална линија таму каде што треба да направиш кратка пауза, можеби само да подзастанеш. За да направиш подолга пауза, стави две вертикални линии една до друга. Ако некои зборови се така формулирани што ти се незгодни и секогаш одново паузираш на погрешно место, означи ги со молив за да ги поврзеш сите зборови што ја сочинуваат тешката фраза. Потоа, прочитај ја фразата од почеток до крај. Многу искусни говорници го прават тоа.

Паузирањето во секојдневниот говор обично не ти е проблем бидејќи ги знаеш идеите што сакаш да ги пренесеш. Меѓутоа, ако ти е особеност да паузираш во редовни интервали, без оглед на тоа што налага мислата, на твојот говор ќе му недостига сила и јасност. Предлози за подобрување се дадени во Студија 4, „Течно изнесување“.

Пауза за промена на мислата. Кога правиш премин од една главна точка на друга, паузата може да им даде прилика на присутните да размислат, да се приспособат, да ја препознаат промената во правецот и појасно да ја сфатат мислата што ќе се изнесе потоа. Паузирањето кога правиш промена од една идеја кон друга е исто толку важно колку што е забавувањето кога вртиш на аголот од една улица во друга.

Една причина зошто некои говорници брзаат од една идеја кон следната без да направат пауза е тоа што се обидуваат да опфатат премногу материјал. Кај некои таа навика е одраз на нивниот секојдневен стил на зборување. Можеби сите околу нив зборуваат на таков начин. Но, тоа не води до делотворно поучување. Ако имаш да кажеш нешто што е вредно да се чуе и запомни, тогаш одвој доволно време за јасно да ја истакнеш идејата. Сфати дека паузите се неопходни за јасно да ги изразиш идеите.

Ако треба да држиш предавање по нацрт, материјалот треба да ти биде организиран на таков начин што ќе биде очигледно каде да направиш пауза меѓу главните точки. Ако читаш манускрипт, означи на кои места има промена од една главна точка кон друга.

Паузите за промена на мислата обично се подолги од паузите за интерпункциски знак — но не толку долги за да се развлече изнесувањето. Ако се предолги, оставаат впечаток дека не си добро подготвен и дека се обидуваш да одлучиш што да кажеш како следно.

Пауза за нагласување. Паузата за нагласување честопати е драматична, т.е. по неа или пред неа има изјава или прашање изнесено со извесен интензитет. Таквата пауза им дава на присутните прилика да размислат за она кое штотуку било кажано, или создава исчекување за она што следи. Тоа не се исти работи. Одлучи која метода е соодветна да ја употребиш. Но, имај на ум дека паузите за нагласување треба да бидат ограничени само на изјавите кои навистина се значајни. Во спротивно, вредноста на тие изјави ќе се изгуби.

Кога читал наглас од Писмото во синагогата во Назарет, Исус делотворно употребил пауза. Најпрвин го прочитал својот налог од свитокот на пророкот Исаија. Меѓутоа, пред да ја објасни неговата примена, го завиткал свитокот, му го вратил на слугата и седнал. Потоа, кога очите на сите во синагогата биле вперени во него, тој рекол: „Денес се исполни овој стих од Писмото кој штотуку го чувте“ (Лука 4:16-21).

Пауза кога тоа го бараат околностите. Можеби и прекините повремено ќе наложат да направиш пауза додека зборуваш. Бучавата од надворешниот сообраќај или плачењето на некое дете можеби ќе бара накратко да го прекинеш разговорот со станарот што си го сретнал во службата на теренот. Ако пречките на местото на некој собир не се преголеми, можеби ќе можеш да ја зголемиш јачината на гласот и да продолжиш. Но, ако пречките се бучни и продолжат, ќе мораш да направиш пауза. Твојата публика и така нема да слуша. Затоа, паузирањето користи го делотворно, со цел да им помогнеш на присутните да извлечат целосна корист од добрите работи што сакаш да им ги кажеш.

Пауза за да дозволиш одговор. Иако можеби држиш говор во кој не е предвидено формално учество на присутните, важно е ним да им дозволиш да одговорат, не гласно туку во мислите. Ако поставуваш прашања за кои присутните треба да размислат, но потоа не направиш доволно долга пауза, голем дел од вредноста на прашањата ќе се изгуби.

Се разбира, важно е да паузираш не само кога зборуваш од подиум туку и кога им сведочиш на другите. Изгледа дека некои луѓе никогаш не прават пауза. Ако е тоа и твој проблем, вложи искрени напори да ја негуваш оваа говорна особина. Така ќе се подобри твојата комуникација со другите, како и делотворноста во службата на теренот. Паузата е момент на молк, и со право се вели дека молкот потенцира, тој нагласува, бара внимание и го освежува увото.

Секојдневниот разговор вклучува проток на мислите во две насоки. Другите се посклони да те слушаат кога ти ги слушаш и покажуваш интерес за она што го кажуваат. Ова бара да паузираш доволно долго за да им дадеш прилика да се изјаснат.

Во службата на теренот, нашето сведочење честопати е поделотворно кога е во облик на разговор. Многу Сведоци увиделе дека е добро, откако ќе се поздрават, да ја идентификуваат својата тема и потоа да постават прашање. Прават пауза за да му дадат на станарот прилика да одговори, и потоа даваат до знаење дека го сослушале она што тој го рекол. За време на дискусијата, можат на станарот да му дадат повеќе прилики за коментар. Знаат дека обично можат повеќе да му помогнат на едно лице ако ги знаат неговите гледишта за темата на која се дискутира (Посл. 20:5).

Се разбира, нема секој да одговори на прашањата на поволен начин. Но, тоа не го спречило Исус да запре доволно долго за да им даде прилика дури и на противниците да зборуваат (Мар. 3:1-5). Ако му се даде прилика да зборува, другиот ќе се охрабри да размислува и можеби, како резултат на тоа, ќе открие што има во неговото срце. Една од целите на нашата служба, всушност, е да побудиме искрена реакција со тоа што ќе им ги презентираме на луѓето виталните спорни прашања од Божјата реч за кои мораат да донесат одлуки (Евр. 4:12).

Користењето соодветно паузирање во нашата служба е вистинска уметност. Кога паузите се користат делотворно, идеите се пренесуваат појасно и честопати се помнат засекогаш.

КАКО СЕ ПРАВИ ТОА

  • Кога читаш наглас, обрни посебно внимание на интерпункциските знаци.

  • Внимателно слушај ги добро оспособените говорници и набљудувај каде и колкави паузи прават.

  • Откако ќе кажеш нешто што сакаш другите навистина да го запомнат, направи пауза за тоа да им влезе в глава.

  • Во разговор, замоли ги другите да ги искажат своите мисли, а потоа сослушај го нивниот одговор. Дозволи им да довршат. Не прекинувај ги.

ВЕЖБА: Прочитај го наглас Марко 9:1-13; прави соодветни паузи кај различните интерпункциски знаци. Немој да го развлекуваш читањето. Откако ќе го извежбаш, замоли некого да те слуша и да ти даде предлози како да се подобриш во правењето паузи.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели