ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 21 стр. 150-стр. 152 пас. 5
  • Да се прочитаат стиховите со правилно нагласување

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се прочитаат стиховите со правилно нагласување
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Правилен смисловен акцент
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Исправно да се применат стиховите
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Да се нагласат главните идеи
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Да се охрабри на користење на Библијата
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 21 стр. 150-стр. 152 пас. 5

СТУДИЈА 21

Да се прочитаат стиховите со правилно нагласување

Што треба да правиш?

Нагласи ги зборовите и изразите кои го истакнуваат твојот правец на резонирање. Читај со соодветно чувство.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Со правилно нагласување се истакнува целата сила на стиховите што ги читаш.

КОГА разговараш со другите за Божјите намери, сеедно дали е тоа приватно или од подиум, твојата дискусија треба да се сосредоточува на она што стои во Божјата реч. Ова обично вклучува читање стихови од Библијата, а тоа треба добро да се изведе.

Правилното нагласување вклучува чувство. Стиховите треба да се читаат со чувство. Разгледај некои примери. Кога го читаш наглас Псалм 37:11, твојот глас треба да пренесува среќно исчекување на мирот што е ветен таму. Кога го читаш Откровение 21:4 во врска со крајот на страдањата и смртта, твојот глас треба да одразува срдечно ценење за претскажаното чудесно ослободување. Откровение 18:2, 4, 5, со апелот да се излезе од „Големиот Вавилон“, кој е натежнат од грев, треба да се прочита со тон на итност. Се разбира, изразеното чувство треба да биде срдечно, но да не се претерува. Соодветната мера емоции зависи од самиот стих и од начинот на кој се користи.

Нагласи ги вистинските зборови. Ако твоите коментари за извесен стих се однесуваат само на дел од него, кога го читаш стихот треба да го истакнеш тој дел. На пример, кога го читаш Матеј 6:33, ако имаш намера да анализираш што значи ,да се бара најнапред царството‘, нема да ја нагласиш првенствено „Неговата праведност“ ниту, пак, „сите овие други работи“.

Во еден говор на Состанокот за служба можеби планираш да го прочиташ Матеј 28:19. Кои зборови треба да ги нагласиш? Ако сакаш да охрабриш на марливост во започнувањето домашни библиски студии, нагласи го „правете ученици“. Од друга страна, пак, ако планираш да дискутираш за христијанската одговорност да се споделува библиската вистина со доселеници или ако сакаш да охрабриш извесни објавители да служат таму каде што има поголема потреба, би можел да нагласиш „луѓето од сите нации“.

Еден библиски стих честопати се презентира како одговор на некое прашање или како поддршка на некој аргумент кој другите го сметаат за полемичен. Ако се нагласи подеднакво секоја мисла изразена во стихот, присутните нема да ја сфатат врската. Поентата можеби ти е очигледна тебе, но не и ним.

На пример, кога од Библијата го читаш Псалм 83:18 (NW), кој го содржи божественото име, ако целокупното нагласување го ставиш на изразот „Највишиот“, станарот можеби нема да го сфати навидум очигледниот факт дека Бог има лично име. Треба да го нагласиш името „Јехова“. Меѓутоа, кога истиот стих го користиш во дискусија за Јеховиниот суверенитет, треба првенствено да го нагласиш изразот „Највишиот“. На сличен начин, кога го користиш Јаков 2:24 за да покажеш колку е важно да се спои верата со дела, ако првенствено го нагласиш изразот „прогласува за праведен“, наместо „дела“, би можел да предизвикаш некои од оние што те слушаат да не ја сфатат поентата.

Друг корисен пример може да се најде во Римјаните 15:7-13. Ова е дел од едно писмо што го напишал апостол Павле до едно собрание составено од не-Евреи и од природни Евреи. Овде апостолот тврди дека службата на Христос им користи не само на обрежаните Евреи, туку и на луѓето од нациите за „нациите да го прослават Бог поради неговата милосрдност“. Потоа, Павле цитира четири стиха, свртувајќи внимание кон таа можност за нациите. Како треба да се прочитаат овие цитати за да се нагласи поентата што ја имал Павле на ум? Ако означиш кои изрази да ги нагласиш, би можел да го истакнеш „нациите“ во 9. стих, „нации“ во 10. стих, „сите нации“ и „сите народи“ во 11. стих и „нациите“ во 12. стих. Обиди се да го прочиташ Римјаните 15:7-13 со такво нагласување. Додека го правиш тоа, целиот Павлов правец на аргументирање ќе стане појасен и полесен за сфаќање.

Методи за нагласување. Зборовите што ја пренесуваат мислата, а кои сакаш да ги истакнеш, можат да се нагласат на повеќе начини. Средствата што ги користиш треба да бидат во склад со стихот и со рамката на говорот. Овде се дадени неколку предлози.

Нагласување со гласот. Ова ја вклучува која и да било промена на гласот со која зборовите што ја пренесуваат мислата се истакнуваат од останатиот дел од реченицата. Нагласувањето може да се постигне со промена во јачината на гласот — или со зголемување или со намалување. Во многу јазици, за нагласување придонесува промената во висината на гласот. Меѓутоа, во некои јазици тоа може да го смени целокупното значење. Кога за клучните изрази се користи побавно темпо, ова ја зголемува нивната тежина. Во јазици што не дозволуваат нагласување со гласот како средство да се нагласат извесни зборови, за да се постигнат саканите резултати ќе биде потребно да се стори она што е вообичаено за тој јазик.

Паузирање. Ова можеш да го направиш пред или откако ќе го прочиташ клучниот дел од стихот — или во обата случаја. Паузирањето токму пред да прочиташ една главна мисла создава исчекување; паузирањето потоа го продлабочува создадениот впечаток. Меѓутоа, ако има премногу паузи, нема ништо да се истакне.

Повторување. Извесна мисла можеш да нагласиш на тој начин што ќе прекинеш и повторно ќе го прочиташ зборот или фразата. Една честопати пожелна метода е да се доврши читањето на текстот и потоа да се повтори клучниот израз.

Гестови. Движењето на телото, како и изразите на лицето честопати можат да му додадат емоција на некој збор или на некоја фраза.

Тонот на гласот. Во некои јазици зборовите понекогаш може да се прочитаат со тон што ќе влијае врз нивното значење и ќе ги издвои. И овде треба да се употреби разборитост, особено во однос на користењето сарказам.

Кога други ги читаат стиховите. Кога еден станар чита некој стих, може да нагласи погрешни зборови или, пак, да не нагласи ниеден. Што можеш да сториш тогаш? Обично е најдобро да го разјасниш значењето на тој начин што ќе ја објасниш примената на стиховите. Откако ќе ја објасниш примената, би можел да обрнеш посебно внимание директно на зборовите од Библијата што ја пренесуваат мислата.

КАКО ДА СЕ НЕГУВА КОРИСТЕЊЕТО НАГЛАСУВАЊЕ

  • Во врска со кој и да е стих што планираш да го прочиташ, прашај се: ,Какво чувство или каква емоција изразуваат овие зборови? Како треба да ја пренесам?‘

  • Проанализирај ги стиховите што планираш да ги користиш. Во врска со секој од нив, прашај се: ,За каква цел ќе служи овој стих? Кои зборови треба да ги нагласам за да ја постигнам таа цел?‘

ВЕЖБИ: 1) Проанализирај еден стих што планираш да го употребиш во службата на теренот. Вежбај да го читаш со соодветно чувство. Имајќи го на ум начинот на кој планираш да го употребиш стихот, прочитај го наглас, нагласувајќи го исправниот збор(-ови). 2) Во една текушта публикација за проучување, избери еден пасус во кој има цитирани стихови. Анализирај како се употребени стиховите. Означи ги зборовите што ја пренесуваат мислата. Наглас прочитај го целиот пасус на таков начин што правилно ќе ги нагласиш стиховите.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели