ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 7 стр. 105-стр. 106 пас. 2
  • Да се нагласат главните идеи

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се нагласат главните идеи
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Правилен смисловен акцент
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Подготвување говори за собранието
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Да се истакнат главните точки
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Да се прочитаат стиховите со правилно нагласување
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 7 стр. 105-стр. 106 пас. 2

СТУДИЈА 7

Да се нагласат главните идеи

Што треба да правиш?

Кога читаш наглас, посебно нагласи ги главните идеи во целокупниот материјал што го читаш, а не само во одделни реченици.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Ако ги нагласиш главните идеи, тогаш твојата порака полесно ќе се запомни.

ЕДЕН делотворен читач не ја гледа само одделната реченица ниту, пак, само пасусот во кој се појавува таа. Кога чита, ги има на ум главните идеи во целокупниот материјал што го презентира. Ова влијае врз тоа каде нагласува.

Ако не се следи овој процес, тогаш во изнесувањето нема да постојат врвни точки. Нема ништо јасно да се истакне. Кога презентацијата ќе заврши, можеби ќе биде тешко да се сетиме на некоја извонредна точка.

Кога се обрнува правилно внимание на нагласувањето на главните идеи, честопати може читањето на некој извештај од Библијата многу да се збогати. Таквото нагласување може да му даде дополнително значење на читањето на пасусите на некоја домашна библиска студија или на еден собраниски состанок. А тоа е особено важно кога се држи говор по манускрипт, како што е некогаш случај на нашите конгреси.

Како се прави тоа. Можеби во школата ќе ти биде доделено да прочиташ некој дел од Библијата. Што да нагласиш? Ако околу материјалот што ќе го читаш се развива некоја централна идеја или се одвива некој важен настан, ќе биде соодветно да го истакнеш.

Сеедно дали делот што го читаш е поезија или проза, пословица или расказ, твоите слушатели ќе извлечат корист ако го прочиташ добро (2. Тим. 3:16, 17). За да го постигнеш тоа, мораш да ги земеш предвид и пасусите што ќе ги читаш и публиката.

Ако треба да читаш наглас од некоја публикација на библиска студија или на собраниски состанок, кои се главните идеи што треба да ги нагласиш? За главни идеи сметај ги одговорите на отпечатените прашања за проучување. Исто така, нагласи ги мислите што се поврзани со поднасловот напишан со масни букви, под кој се наоѓа материјалот.

Не е препорачлива навика да користиш манускрипт кога држиш говори во собранието. Меѓутоа, повремено се даваат манускрипти за некои конгресни предавања за да може на сите конгреси истовремено да се презентираат истите мисли. За да ги нагласи главните идеи во еден таков манускрипт, говорникот најпрвин мора внимателно да го проанализира материјалот. Кои се главните точки? Треба да биде во состојба да ги препознае. Главните точки не се само идеи што според него се интересни. Тоа се клучните мисли околу кои се развива самиот материјал. Понекогаш некоја концизна изјава на главната идеја во манускриптот воведува некој расказ или правец на аргументирање. Уште почесто, силна изјава се дава откако ќе се изнесе поткрепувачкиот доказ. Кога ќе ги идентификува овие клучни точки, говорникот треба да ги означи во својот манускрипт. Обично ги има само неколку, веројатно не повеќе од четири-пет. Потоа, треба да вежба да чита на таков начин што присутните ќе можат лесно да ги препознаат. Тие се врвни точки во предавањето. Ако материјалот се изнесе со правилно нагласување, поголема е веројатноста овие главни идеи да се запомнат. Тоа треба да му биде цел на говорникот.

Постојат различни начини на кои говорникот може да го изведе потребното нагласување за да им помогне на слушателите да ги препознаат главните точки. Може да употреби поголема одушевеност, промена на темпото, длабоко чувство или соодветни гестови, и тоа се само неколку.

ТОЧКИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИМАШ НА УМ

  • Проанализирај го печатениот материјал за да ги идентификуваш главните идеи околу кои се развива тој. Означи ги.

  • Кога читаш наглас, употреби поголема одушевеност, побавно темпо или длабоко чувство, таму каде што е соодветно, за да ги издвоиш тие главни идеи.

ВЕЖБА: Избери пет пасуси од некоја статија на Стражарска кула предвидена за проучување. Потцртај ги одговорите на студиските прашања за тие пасуси. Прочитај ги пасусите наглас на таков начин што слушателот лесно ќе ги препознае одговорите.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели