ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 19 стр. 145-стр. 146 пас. 5
  • Да се охрабри на користење на Библијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се охрабри на користење на Библијата
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 2000
  • Делотворно да се воведат стиховите
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Информативно за публиката
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Визуелен контакт
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 19 стр. 145-стр. 146 пас. 5

СТУДИЈА 19

Да се охрабри на користење на Библијата

Што треба да правиш?

Охрабри ги присутните да следат во Библијата додека ги читаш стиховите.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Она што човек го гледа со сопствени очи, особено во својата Библија, остава подлабок впечаток.

НАША желба е вниманието на сите да го насочиме кон Божјата реч, Библијата. Таа света книга е темел за пораката што ја проповедаме и сакаме луѓето да сфатат дека она што го кажуваме не е од нас, туку од Бог. Луѓето треба да развијат доверба во Библијата.

Во службата на теренот. Кога се подготвуваш за служба на теренот, секогаш избери си еден или повеќе стихови кои ќе ги споделиш со луѓето што се спремни да слушаат. Дури и ако планираш да изнесеш релативно кратка презентација на библиска литература, честопати е од корист ако прочиташ соодветен библиски стих. Библијата има поголема моќ да ги насочи луѓето слични на овци отколку што и да било кое ние лично ќе го кажеме. Таму каде што не е можно да читаш од Библијата, можеби ќе одлучиш да цитираш од неа. Во првиот век, копии од свитоците од Писмото не биле нашироко достапни. Сепак, Исус и неговите апостоли во голема мера го цитирале Писмото. И ние треба да вложиме напор да запомниме стихови и соодветно да ги користиме во нашата служба, понекогаш само цитирајќи ги.

Кога ќе имаш можност да читаш од Библијата, држи ја на таков начин што станарот ќе може да следи додека читаш. Ако следи во сопствената Библија, станарот можеби уште поповолно ќе реагира на она што го чита.

Меѓутоа, мора да бидеш свесен дека некои библиски преведувачи си зеле преголема слобода во однос на Божјата реч. Можеби нивните преводи не се во склад во сите аспекти со она што стоело на оригиналните библиски јазици. Извесен број современи преводи го отстраниле Божјето лично име, го замаглиле она што го вели текстот на оригиналниот јазик во врска со состојбата на мртвите и го скриле она што го вели Библијата во врска со Божјата намера со Земјата. За да му покажеш на едно лице што било направено, можеби ќе треба да ги споредиш клучните стихови од различни Библии или од некои постари преводи на истиот јазик. На неколку теми, Резонирање на темел на Писмото дава споредба на начините на кои различни преводи ги преведуваат клучните изрази во стихови што често се користат. Секој што ја сака вистината ќе биде благодарен ако добие спознание за фактите.

На собраниските состаноци. Треба да се охрабрат сите да ја користат Библијата на собраниските состаноци. Со ова се постигнува нешто добро на повеќе начини. Помага вниманието на присутните да се задржи на она за кое се дискутира. Визуелно го засилува ефектот на усната поука што ја дава говорникот. И во умот на новозаинтересираните врежува дека Библијата навистина е извор на нашите верувања.

Дали ќе те следат присутните во својата Библија додека ги читаш библиските стихови во голема мера ќе зависи од охрабрувањето што им го даваш. Една од најдобрите методи е директно да ги замолиш.

Од тебе, како говорник, ќе зависи кои стихови ќе ги нагласиш замолувајќи ги присутните да ги побараат. Најдобро е да ги прочиташ оние стихови што ќе ти помогнат да ги развиеш главните точки. Потоа, доколку дозволува времето, додај уште неколку други што го поддржуваат твојот аргумент.

Се разбира, обично не е доволно само да се наведе некој текст или само да се замолат присутните да побараат некој стих. Ако прочиташ еден текст и потоа преминеш на друг, пред присутните дури и да имаат време да го пронајдат првиот, тие набрзо ќе се обесхрабрат и ќе престанат да се обидуваат да те следат во Библијата. Набљудувај. Кога повеќето ќе го пронајдат стихот, тогаш прочитај го.

Размислувај однапред. Наведи го стихот доволно рано пред да го прочиташ. Ова ќе го намали губењето време поради чекањето присутните да го најдат. Иако кога дозволуваш присутните да ги бараат стиховите ќе обработиш помалку материјал, сепак, користите прават тоа да се исплати.

КАКО СЕ ПРАВИ ТОА

  • Покажи му го на станарот стихот додека го читаш од Библијата, или замоли го да следи во сопствената Библија.

  • Кога зборуваш пред собранието, директно замоли ги присутните да ги побараат клучните стихови, а потоа дај им доволно време за тоа.

ВЕЖБИ: На повторни посети, пробај го следново: 1) Дај му ја твојата Библија на станарот и прашај го дали ќе сака да прочита извесен стих што ти веќе си го пронашол. 2) Замоли го станарот ако сака да ја земе сопствената Библија и да прочита некој клучен стих.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели