ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 13 стр. 124-стр. 127 пас. 2
  • Визуелен контакт

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Визуелен контакт
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 2000
  • Покажи искрен интерес — гледајќи ги луѓето во очи
    Нашата служба за Царството 2006
  • Вовед што побудува интерес
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Информативно за публиката
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 13 стр. 124-стр. 127 пас. 2

СТУДИЈА 13

Визуелен контакт

Што треба да правиш?

Погледнувај во оние на кои им зборуваш, воспостави со нив контакт со очите кој ќе трае по неколку секунди, ако е тоа прифатливо во вашето место. Погледнувај поединци, а не само една група.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Во многу култури, на контактот со очи се гледа како на показател на интерес за лицето на кое му се обраќаш. Тоа, исто така, се смета за доказ дека зборуваш со увереност.

НАШИТЕ очи пренесуваат ставови и емоции. Тие можат да покажат изненадување или страв. Можат да пренесат сочувство или љубов. Понекогаш можат да издадат дека постои сомневање или да дадат доказ за жалост. Во врска со своите земјаци, кои многу страдале, еден постар човек рекол: „Ние разговараме со очите“.

Други можат да извлечат заклучоци за нас и за она што го кажуваме на темел на тоа каде ги фокусираме очите. Во многу култури, луѓето се склони да имаат доверба во човек што одржува со нив пријателски контакт со очите. И обратно, можеби ќе се посомневаат во искреноста или компетентноста на лице кое гледа во своите стапала или во некој предмет, наместо во човекот со кого разговара. Трети култури, пак, на интензивниот контакт со очите гледаат како на нешто некултурно, агресивно или предизвикувачко. Ова е случај особено кога се разговара со лица од спротивниот пол или со некој поглавар или со лице кое има титула. А во некои подрачја, ако помлад воспостави директен контакт со очите со постар човек, на ова ќе се гледа како на неучтивост.

Меѓутоа, таму каде што не е навредливо, погледнувањето некого в очи кога се изнесува важна изјава може уште повеќе да го нагласи она што се кажува. Може да биде доказ дека говорникот е уверен во тоа. Забележи како реагирал Исус кога неговите ученици изразиле големо изненадување и рекле: „Кој, всушност, може да биде спасен?“ Библијата известува: „Гледајќи ги в лице, Исус им рече: ,За луѓето тоа е невозможно, но за Бог сѐ е можно‘ “ (Мат. 19:25, 26). Исто така, Писмото покажува дека апостол Павле внимателно ги набљудувал реакциите на луѓето во неговата публика. Во една прилика, додека Павле зборувал, бил присутен и некој човек сакат од раѓање. Во Дела 14:9, 10 стои: „Овој човек слушаше како зборува Павле кој, пак, откако го впери погледот во него и виде дека овој има вера да оздрави, рече со силен глас: ,Стани, исправи се на своите нозе‘ “.

Предлози за службата на теренот. Кога учествуваш во службата на теренот, биди пријателски настроен и срдечен додека им пристапуваш на луѓето. Таму каде што е пригодно, користи прашања што поттикнуваат на размислување за да започнеш разговор за нешто што може да биде од заемен интерес. Притоа настојувај да воспоставиш контакт со очите — или барем в лице да го погледнуваш човекот со почит и на љубезен начин. Топла насмевка на лицето кај човек чии очи пренесуваат внатрешна радост е нешто многу привлечно. Таквиот израз може многу да му каже на поединецот за тоа каков си ти и да му помогне да се чувствува поопуштено додека разговарате.

Набљудувањето на изразот на очите кај човекот, таму каде што е пригодно, ќе ти покаже како да се справиш со некоја ситуација. Ако е налутен или не се интересира вистински, ќе можеш да го видиш тоа. Ако не те разбира, ќе го увидиш тоа. Ако станува нестрплив, обично ќе можеш да го забележиш тоа. Ако е длабоко заинтересиран, и тоа ќе се види. Изразот на неговите очи може да те предупреди на потребата да го преиначиш темпото, да вложиш додатен напор за да го вклучиш во разговорот, да ја прекинеш дискусијата или, можеби, да продолжиш на тој начин што ќе прикажеш како се проучува Библијата.

Сеедно дали учествуваш во јавно сведочење или водиш домашна библиска студија, настојувај со оној со кого разговараш да задржиш контакт со очите полн со почит. Меѓутоа, немој да зјапаш во него, што може да биде непријатно (2. Цар. 8:11). Но, на еден природен, пријателски начин, често погледнувај го другиот в лице. Ова во многу земји пренесува чувство на искрен интерес. Се разбира, кога читаш од Библијата или од некоја друга публикација, очите ќе ти бидат фокусирани на печатената страница. Но, за да нагласиш некоја точка, можеби ќе сакаш да погледнеш директно во човекот, иако накратко. Ако погледнуваш во интервали, тоа исто така ќе ти овозможи да ја набљудуваш неговата реакција на она што се чита.

Ако во почетокот ти е тешко да воспоставиш визуелен контакт поради тоа што си срамежлив, не откажувај се. Со вежбање, пригодниот визуелен контакт ќе ти стане природен и може да ја зголеми твојата делотворност во комуницирањето со другите.

Кога држиш говор. Библијата ни кажува дека пред да ја започне својата Проповед на гората, Исус ,ги подигнал очите кон своите ученици‘ (Лука 6:20). Учи од неговиот пример. Ако треба да зборуваш пред група, погледни ги присутните в лице и, пред да го започнеш говорот, направи пауза од неколку секунди. Ова на многу места ќе вклучува и да воспоставиш контакт со очите со некои присутни. Ова кратко подзастанување може да ти помогне да ја совладаш почетната трема. Исто така, ќе им помогне на присутните да се приспособат кон кој и да било став или емоција што се гледа на твоето лице. Исто така, тоа ќе им дозволи да се стишат и да бидат спремни да ти обрнат внимание.

Во текот на говорот, погледнувај во присутните. Немој да погледнуваш во групата само како целина. Настојувај да погледнуваш поединци во неа. Во речиси секоја култура, од јавниот говорник се очекува некаков контакт со очите.

Да погледнуваш во присутните значи повеќе отколку само да правиш ритмичко движење со очите од едната страна на другата. Воспостави визуелен контакт полн со почит со некој од присутните и, ако е пригодно, кажи му цела реченица на тој поединец. Потоа, погледни во друг и нему кажи му реченица-две. Немој да гледаш во некого толку долго што ќе му стане непријатно и немој да се сконцентрираш само на неколку луѓе од целата публика. Продолжи да ги движиш очите низ публиката на ваков начин, но додека му зборуваш на едно лице, навистина зборувај му токму нему и забележи ја неговата реакција пред да поминеш на друго лице.

Забелешките треба да ти бидат на пултот, в рака или во Библијата за да можеш да погледнеш во нив само со движење на очите. Ако треба да ја свртиш целата глава за да погледнеш во забелешките, контактот со публиката ќе страда. Исто така, треба да земеш во обѕир колку често погледнуваш во забелешките и кога го правиш тоа. Ако погледнуваш во забелешките токму во моментот кога ја постигнуваш кулминацијата во говорот, не само што ќе пропуштиш да ја видиш реакцијата на присутните туку и изнесувањето ќе изгуби сила. Исто така, ако постојано гледаш во забелешките, ќе го изгубиш контактот со публиката.

Кога некому му дофрлаш топка, погледнуваш дали ја фатил. Секоја мисла во твојот говор е како едно засебно „дофрлање“ на присутните. Дали ја „фатиле“ може да се види по нивната реакција — кимнување, насмевка, внимателен поглед. Ако задржиш добар визуелен контакт, ова ќе ти помогне да бидеш сигурен дека твоите идеи се „фатени“.

Ако ти е доделено да читаш пред собранието, дали треба да се обидуваш да погледнуваш во присутните за време на читањето? Ако присутните го следат твоето читање во Библијата, повеќето од нив нема да знаат дали ти погледнуваш или не. Но, погледнувањето во присутните може да ти помогне да го оживееш читањето бидејќи ќе те држи длабоко свесен за нивната реакција. А на оние присутни што не ги користат Библиите и чии умови можеби лутаат, визуелниот контакт со говорникот може да им помогне да го вратат вниманието на она што се чита. Се разбира, ти ќе можеш само кратко да погледнеш, и тоа не треба да го правиш на начин кој ќе предизвика да запнеш во читањето. За таа цел, најдобро е Библијата да ја држиш в рака, главата крената, а брадата да не ти биде спуштена кон градниот кош.

Понекогаш старешините се замолени да изнесат некое конгресно предавање од манускрипт. За да се направи ова делотворно, потребно е искуство, грижлива подготовка и многу вежбање. Се разбира, користењето манускрипт го ограничува визуелниот контакт со присутните. Но, ако говорникот е добро подготвен, треба да биде во состојба одвреме навреме да погледнува во присутните без да се изгуби. Тоа ќе го задржи вниманието на присутните и ќе им овозможи да извлечат целосна корист од важната духовна поука што се изнесува.

ТОЧКИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ЗАДРЖИШ НА УМ

  • Биди природен и пријателски настроен, вистински заинтересиран за оние на кои им зборуваш.

  • Кога читаш, материјалот за читање држи го в рака и брадата да ти биде крената, така што ќе треба да ги движиш само очите, а не и главата.

ВЕЖБА: Во секојдневните разговори со семејството и со пријателите, настојувај да го зголемуваш контактот со очите со другите, правејќи го тоа на начини кои нема да го повредат локалниот обичај.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели