Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата?
Зошто да се чита Библијата?
БИБЛИЈАТА е поинаква од сите други книги — таа содржи љубезни упатства од Бог (1. Солуњаните 2:13). Ако го примениш она за кое поучува Библијата, ќе имаш голема корист. Ќе се зголеми твојата љубов кон Бог и ќе му се приближиш нему, на Дарителот на „секој добар дар и секој совршен подарок“ (Јаков 1:17). Ќе дознаеш како да му пристапиш во молитва. Во тешки времиња, ќе можеш да ја искусиш Божјата помош. Ако го усогласиш својот живот со мерилата што се изнесени во Библијата, Бог ќе ти даде вечен живот (Римјаните 6:23).
Библијата содржи вистини коишто даваат просветлување. Оние што стекнуваат библиско спознание се ослободени од погрешните сфаќања што доминираат со животот на милиони луѓе. На пример, знаењето на вистината за тоа што се случува откако ќе умреме нѐ ослободува од стравот дека мртвите можат да ни наштетат или дека нашите мртви роднини и пријатели страдаат (Езекиел 18:4, СП). Библиското учење за воскресение им дава утеха на оние што поради смрт изгубиле сакани луѓе (Јован 11:25). Знаењето на вистината за злите ангели нѐ предупредува за опасностите од спиритизмот и ни помага да разбереме зошто има толку многу неволји на Земјата.
Принципите што Бог ги дал во Библијата ни покажуваат како да живееме на начин од којшто имаме физички користи. На пример, ‚умереноста во навиките‘ придонесува за добро здравје (1. Тимотеј 3:2). ‚Исчистувајќи се од секоја валканост на телото и духот‘, избегнуваме нарушување на здравјето (2. Коринќаните 7:1). Исто така, применувањето на Божјите совети што се наоѓаат во Библијата унапредува среќа во бракот и самопочитување (1. Коринќаните 6:18).
Ако ја применуваш Божјата реч, ќе бидеш посреќен човек. Библиското спознание ни помага да најдеме внатрешен мир и задоволство, и ни дава надеж. Ни помага да негуваме привлечни особини како сочувство, љубов, радост, мир, љубезност и вера (Галатите 5:22, 23; Ефешаните 4:24, 32). Таквите особини ни помагаат да станеме подобри сопрузи или сопруги, татковци или мајки, синови или ќерки.
Дали си се прашувал некогаш за иднината? Библиските пророштва ни покажуваат каде се наоѓаме во струјата на времето. Овие пророштва не само што ја опишуваат ситуацијата во светот денес туку и ни покажуваат дека Бог наскоро ќе ја претвори Земјата во рај (Откровение 21:3, 4).
Помош да се разбере Библијата
Можеби си се обидел да ја прочиташ Библијата, но си открил дека е тешка за разбирање. Можеби не знаеш каде да бараш во неа за да најдеш одговори на своите прашања. Ако е така, не си единствениот. На сите нас ни треба помош да ја разбереме Божјата реч. Јеховините сведоци во околу 235 земји им даваат бесплатни библиски поуки на милиони луѓе. Тие радо ќе ти помогнат и тебе.
Обично е најдобро Библијата да се проучува постепено, започнувајќи со основните учења (Евреите 6:1). По некое време откако си почнал да проучуваш ќе бидеш поспособен да земаш од „цврстата храна“ — односно од подлабоките вистини (Евреите 5:14). Библијата е авторитетот. Публикациите темелени на Библијата, како што е брошурата Што бара Бог од нас?, ќе ти помогнат да ги разбереш библиските референции на различни теми.
Дали си спремен секоја седмица да поминеш време за да ја разбереш Библијата?
Библиска студија може обично да се договори во време и на место што тебе ти одговараат. Многумина проучуваат во приватноста на својот дом. Некои проучуваат дури и по телефон. Програмата за студија не е клас со многу луѓе, туку е приватно уредување прилагодено на твоите лични околности, вклучувајќи го и твоето ниво на спознание и образование. Нема испити и нема да бидеш доведуван во непријатна положба. Ќе биде одговорено на твоите библиски прашања и ќе научиш како да му се приближиш на Бог.
За таква библиска студија не се плаќа (Матеј 10:8). Им се нуди бесплатно на луѓе од сите религии и на оние што не практикуваат никаква религија, но се искрено заинтересирани да го зголемат своето спознание за Божјата реч.
Кој може да учествува во дискусијата? Целото твое семејство. Исто така, можат да учествуваат сите пријатели што ќе решиш да ги поканиш. Или, ако претпочиташ, дискусијата може да се одвива само со тебе.
Многумина одвојуваат по еден час седмично да ја проучуваат Библијата. Сеедно дали си во можност секоја седмица да поминуваш по повеќе време или си ограничен на помалку време, Сведоците ќе се стават на располагање да ти помогнат.
Покана да учиш
Те покануваме да стапиш во контакт со Јеховините сведоци. Еден начин да го сториш тоа е да пишеш на една од долунаведените адреси. Тогаш ќе бидат направени подготовки за некој да води со тебе бесплатна домашна библиска студија.
□ Испратете ми примерок од брошурата Што бара Бог од нас?
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.
Доколку не е наведено поинаку, библиските стихови од Хебрејските списи се земени од преводот на Д-р/Д-р Душан Х. Константинов, а од Грчките списи се земени од Превод Нов свет на Христијанските грчки списи. Кога по некој стих стои кратенката СП, тоа значи дека е користено Светото писмо — издание од Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, 1991 година.