ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/4 стр. 16-19
  • Човештвото во потрага по Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Човештвото во потрага по Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Практично средство
  • Темел за библиски студии
  • Да им сведочиме на луѓето од сите јазици и религии
    Нашата служба за Царството 1998
  • Зошто да се биде заинтересиран за другите религии?
    Потрагата на човештвото по Бог
  • Идејата навлегува во источните религии
    Што ни се случува кога ќе умреме?
  • Дали сите религии водат до истиот Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/4 стр. 16-19

Човештвото во потрага по Бог

ЗОШТО нам, како Јеховини Сведоци, ни е даден ’чистиот јазик‘? Сигурно не затоа да го чуваме за себе. И не затоа да уживаме удобен животен стил сличен на мекиот, компромисен начин на постапување на т. н. христијанство, туку за да ’сите го привикуваат името Јеховино, и му служат рамо до рамо‘ (Софонија 3:9, NW). Да, чистиот јазик бара да бидеме активирани заедно со милиони наши христијански браќа и сестри — од сите раси, нации и јазици — кои верно ја проповедаат добрата вест пред да дојде крајот (Марко 13:10; Римјаните 13:11; Откровение 14:6, 7).

Нашето проповедање денес понекогаш претставува необичен предизвик. Зошто? Во текот на 20. век имало масовни движења на луѓето како резултат на војни, угнетувања, економски притисоци и од други причини. Поради тоа, луѓе со разни јазици и религии се преселиле во културни средини поинакви од нивните. Така огромни заедници на Хиндуси, будисти и муслимани се преселиле во Западниот свет. Додека го споделуваме чистиот јазик од куќа до куќа, се среќаваме со такви луѓе. Понекогаш сме збунети затоа што многу малку знаеме за нивното религиозна позадина. Што можеме да сториме тогаш? (Спореди Дела на апостолите 2:5-11.)

Како да ја споделиме вистината со еден муслиманин или Евреин? По што се разликуваат еден од друг? Во што всушност верува еден Хиндус? Зошто Сиките носат турбан? Која е нивната света книга? По што се разликува еден будист од еден Хиндус? Што веруваат јапонските шинтоисти? Дали кинеските таоисти и конфучијанисти веруваат во Бог? По што се разликува ортодоксниот Евреин од реформираниот или од конзервативниот Евреин? За да ја достигнеме оваа голема шареноликост од луѓе, првин мораме да го разбереме нивното гледиште и да знаеме како можеме љубезно и тактично да ги упатиме на вистинскиот Бог, Јехова (Дела на апостолите 17:22, 23; 1. Коринтјаните 9:19-23; Колосјаните 4:6).

За да ни помогне да имаме појасно разбирање за другите религии, нивните учења и нивната историска позадина, Друштвото Стражарска кула во текот на конгресите ”Чист јазик“ 1990 ширум светот издаде нова публикација под наслов Mankind’s Search for God (Човештвото во потрага по Бог). Опремени со ова средство, ќе бидеме поспособни да им проповедаме на луѓето од нехристијанскиот свет како и на оние од т. н. христијанство.

Практично средство

Оваа книга од 384 страници содржи 16 поглавја кои ја раскажуваат историјата на трагањето на човештвото по Бог во изминатите 6 000 години. Дава одговор на стотици прашања во врска со светските религии. Еве неколку примери: Кои фактори обично ја одредуваат религијата на еден човек? Зошто не е погрешно да се испитуваат другите вери? Кои сличности постојат помеѓу римокатолицизмот и будизмот? Каква улога играат митовите во многу религии? Зошто многу луѓе веруваат во магии, спиритизам и астрологија? Зошто Хиндусите имаат толку многу богови и божици? По што се разликуваат Сиките од Хиндусите? Кој бил Буда и што учел тој? Зошто шинтоизмот е воглавно јапонска религија? Зошто Евреите имаат усмен закон и пишан закон? Како знаеме дека Христос не е мит? По што се разликува Коранот од Библијата? Зошто католиците велат дека Петар бил првиот папа? Зошто католичкиот свештеник Лутер се одделил од римокатоличката црква?

Прашањата се скоро бескрајни, и ова издание ги содржи одговорите за да можеме поделотворно да им проповедаме на луѓето со вакви различни религиозни позадини. Книгата признава дека многу луѓе имаат своја религија и дека религијата е многу лична работа. Сепак, на 8. страница изјавува: ”Практично уште од раѓањето, нашите родители и роднини ни всадуваат религиозни или етички идеи во нашиот ум. Како последица, обично ги следиме религиозните замисли на нашите родители и дедовци и баби“. Тоа значи дека ”во многу случаи другите ја одбрале религијата за нас. Едноставно, сѐ зависело од тоа каде сме биле родени и кога“. (Спореди Филипјаните 3:4-6.)

Овде книгата го покренува логичното прашање: Дали е разумно да се претпостави дека религијата што е наметната со раѓањето е токму целата вистина? Затоа, секој човек е охрабрен да ги испита другите религии со отворен разум. Како што пишува на 10. страница: ”Разбирањето на меѓусебните гледишта може да доведе до поголема смисловна комуникација и конверзација меѓу луѓето од различни вери“. И продолжува: ”Навистина, луѓето можат жестоко да се разидуваат по прашањето на своите религиозни верувања, но нема основа да се мрази некого само затоа што тој или таа има поинакво гледиште“ (Матеј 5:43, 44).

Едно фундаментално прашање кое се појавува низ книгата е: ”Дали човекот има бесмртна душа која ја преживува смртта и оди во задгробен живот?“ Во еден или друг облик, скоро секоја религија го учи тоа сфаќање. Како што изјавува Mankind’s Search for God на 52. страница: ”Во својата потрага по Бог, човекот се фаќал за сламки, измамен од илузијата за бесмртноста. (. . .) Верувањето во бесмртна душа или варијациите околу тоа е наследство кое дошло до нас низ милениумите“. Други прашања се: Дали постои пекол кадешто душите се мачат? Која е вистинската надеж за мртвите? Дали има еден Бог или има многу богови? (1. Мојсеева 2:7; Книга пророк Језекиил 18:4).

Темел за библиски студии

Во повеќе или помалку хронолошки ред на појавување на светската сцена, книгата го дискутира развојот на главните религии на човештвото — хиндуизмот, будизмот, таоизмот, конфучијанизмот, шинтоизмот, јудаизмот, христијанството, т. н. христијанство и исламот. Во секое поглавие се цитирани светите книги на овие религии за да секој искрен верник сам ги провери цитатите. Во поглавјето за исламот се употребени три различни англиски преводи на Коранот. Најновиот превод на еврејското издавачко друштво Tanakh— A New Translation of the Holy Scriptures е цитиран во поглавјето за јудаизмот (Спореди Дела на апостолите 17:28; Тит 1:12).

Што има за атеистот и за агностикот? Во 14. поглавје се обработува современото неверување во Бог и зошто Јеховините сведоци знаат дека Бог постои. Во секое поглавје, читателот е упатен на Библијата. Затоа, користејќи го ова издание, Mankind’s Search for God, подобро сме опремени да започнеме библиски студии со луѓе од секоја вера или со оние кои тврдат дека немаат никаква вера. Секоја вера се третира со почит и тактично, но покренува прашања кои можат да го доведат некого до Јехова и вистината. За оние кои искрено го бараат Бог, оваа книга ќе биде вистински благослов (Псалми 83:18, NW; Јован 8:31, 32; 2. Тимотеј 3:16, 17).

Во секое поглавје има рамки со поучни текстови. На пример, на 226. и 227. страница има рамка за ”Јудаизмот — религија на многу гласови“ која ги објаснува главните поделби во еврејската вера. Под насловот ”Хиндуизам — потрага по ослободување“ се наоѓа рамка на 116. и 117. страница: ”Хиндуизам — неколку богови и божици“. Тука се наведени само неколку од над 330 милиони богови кои Хиндусите ги обожаваат. Дали будистите веруваат во Бог како што западниот свет го разбира овој поим? Рамката ”Будизмот и Бог“ на 145. страница одговара на ова прашање. Книгата исто има и практичен индекс за брзо објаснување на главни теми. Библиографијата на главните извори употребени при истражувањето е исто така темел за натамошно читање ако некој сака повеќе поединости.

Книгата содржи над 200 фотографии и слики, но тие не се поставени само за украс. Секоја илустрација има некоја поука со која понатаму се разјаснува религијата што се дискутира. На пример, на 238. страница има серија фотографии кои илустрираат некои од параболите што Исус ги учел. На друго место, има серија од пет слики кои исто илустрираат различни аспекти од Христовата служба — неговите чуда, неговото преобразување, неговата жртвена смрт и овластувањето на неговите ученици да проповедаат по целиот свет.

На 289. страница има низа фотографии кои би ги интересирале муслиманите. Набљудувачот се пренесува во Мека, во големата џамија кадешто се наоѓа Каба, а потоа до самиот Црн камен, којшто муслиманите го обожаваат. Различното обожавање во будизмот е илустрирано на 157. страница. Хиндусите ќе бидат заинтересирани да видат слики од нивните популарни богови Ганеса и Кришна на 96. и 117. страница.

Беа консултирани способни христијански слуги ширум светот за да се постигне специјализиран пристап кон секоја главна религија. На пример, скапоцен материјал дојде од Израел за поглавјето за јудаизмот и верата бахаи. Сведоците во муслиманските земји внимателно ја проверија содржината на поглавјето за исламот. Од Индија дојде корисна ориентација за Хиндусите, Сиките и џаините. Нашите браќа од Ориентот ја проверија точноста на поглавјето за шинтоизмот, и исто така дадоа совет за будизмот, таоизмот и конфучијанизмот.

Бидејќи книгата внимателно ја опфаќа секоја религија, оние кои ја поседуваат на свој јазик ќе можат да започнат библиска студија со поглавјето кое одговара на религиозната позадина на секое лице. Потоа можеби ќе сакаат да продолжат со поглавјето кое зборува за појавата на раното христијанство и причините за верување дека Христос е вистински Божји Застапник, оној кој бил употребен да го приближи човештвото до Бог. Има поглавја кои објаснуваат како се појавило отпадништвото, доведувајќи до многуте поделби и секти во т. н. христијанство. Последните две поглавја покажуваат како вистинското обожавање е обновено во овие последни денови и што непосредната иднина донесува за Големиот Вавилон, Сатанското светско царство на лажната религија. Потоа се објаснуваат новиот свет и библиската надеж за воскресение (Јован 5:28, 29; 12:44-46; 14:6; Откровение 21:1-4).

Навистина, ова е издание кое би требало да им помогне на многумина ширум светот да му се приближат на Бог, како што кажува Јаков во 4. поглавје од своето писмо, 8. стих: ”Приближете се кон Бога, и Он ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, непостојани!“ Да, како што изјавува Исаија: ”Барајте го Јехова, вие луѓе, додека може да се најде. Привикувајте го додека се покажува како близок“ (Исаија 55:6, NW; Јован 6:44, 65).

Сите и понатаму да останеме свртени во исправната насока, кон Суверениот Господ на универзумот, Јехова Бог. И со помош на ова издание, Mankind’s Search for God, да им помогнеме на уште илјадници да го обожаваат Јехова ’со дух и вистина‘ (Јован 4:23, 24). Да истраеме во наоѓањето на оние кои ја бараат вистината и да им кажеме за Богот на вистината, зашто тој навистина може да се најде!

[Слики на страница 17]

Човекот го барал Бог на многу начини

[Слика]

Искрени католици се свртуваат кон Марија

[Слика]

Хиндусите ја обожаваат реката Ганг

[Извор на слика]

Harry Burdich, Transglobe Agency, Hamburg

[Слика]

Некои оддадени Евреи носат амајлии

[Извор на слика]

GPO, Jerusalem

[Слика]

Муслиманските мажи одат на аџилак до Мека

[Извор на слика]

Camerapix

[Слика]

Многумина го почитуваат Буда

[Слики на страница 18]

Исус употребувал споредби да им помогне на луѓето да го најдат вистинскиот Бог

[Извор на слика]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извор на слика]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извор на слика]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели