ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/10 стр. 19
  • ’Среќни се духовно гладните‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ’Среќни се духовно гладните‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Задоволување на духовно гладните — во училиште
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Како некои добиле одговори
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • „Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Исусовите овци го слушаат неговиот глас
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/10 стр. 19

Објавителите на Царството известуваат

’Среќни се духовно гладните‘

Исус рекол: ”Среќни се оние кои се свесни за своите духовни потреби“ (Матеј 5:3, NW). Таквите ќе добијат животодајна информација од Божјата Реч, Библијата, а разбирањето на тоа познание ќе ги доведе до бескраен живот (Матеј 4:4; Јован 17:3).

◻ Еден духовно гладен човек во една африканска земја одел пеш четири часа по студ и темнина за да добие примерок на книгата Моја књига библијских прича. Кога стигнал во селото кадешто проповедале Јеховините сведоци, многу се разочарал кога дознал дека и последната книга била дадена. Останал во селото три дена додека биле набавени нови книги, и бил среќен што конечно можел да ги има во свое сопствеништво тие добри духовни информации.

Во текот на месецот од нивниот престој во таа изолирана област, Сведоците разделиле 55 книги, 365 брошури и 145 списанија, и воспоставиле 5 претплати. Биле многу трогнати кога на заминување, и возрасните и децата викале по нив на јазикот кпеле: ”Нека Јехова биде со вас!“ Се прават напори да се поддржи покажаниот интерес.

Едно друго лице во истата земја била исто така духовно гладно. Таа жена била благајник во црквата и референт за рекреација во покраината. Кога Сведоците ја посетиле, со солзи признала дека црквата никако не ги задоволувала библиските барања за христијанство. Сведоците ѝ покажале од нејзината Библија како да ја препознае вистинската религија. Потоа присуствувала на два состанока во Царската сала, а потоа изјавила: ”Тоа што го видов и чув навистина ме убеди дека ова е вистината.“ Била импресионирана од состаноците и од однесувањето на присутните. Видела дека тоа што ѝ го рекле Сведоците кои ја посетиле не е нешто што го измислиле, туку стварност. Оттогаш презема чекори да ја прекине својата врска со црквата, а тоа довело до давање на добро сведоштво во средината.

◻ Еден млад меланезиски катехист во Нова Каледонија бил духовно гладен. Нашол примерок од книгата Вистина која води до вечен живот на масата во куќата на мајка си, и ги прочитал 2. и 3. поглавје. Библиските стихови од 2. Мојсеева 20:4, 5 и Јован 4:23, 24 кои биле разработувани во книгата, му го допреле срцето. Во врска со она што го посредувале тие стихови, го прашал својот свештеник зошто католичката црква ја толерира употребата на слики во обожавањето. Свештеникот го избегнал прашањето. Човекот отишол кај неколку други ”христијански“ религии, но тие не му дале задоволувачки одговори на неговите прашања. На крај, решил да присуствува на еден состанок на Јеховините сведоци со мајка си, која веќе покажувала интерес за вистината. Љубовта што ја видел меѓу Сведоците и нивното учење кое се темело на Библијата оставило голем впечаток на него.

И покрај големата оддалеченост, редовно одел на состаноците со автостоп, бргу зазел став за вистината и се крстил. Сега е слуга помошник. Неговата мајка и две телесни сестри исто така станале Сведоци на Јехова. Младичот му сведочел на своето племе и започнал многу библиски студии. Сега голем број од неговото племе ги посетуваат состаноците во таа област — и сето тоа бидејќи еден млад човек забележал една книга на маса, која ја објаснувала Библијата, ја проучил и сериозно го сфатил тоа што го научил.

Јехова поседува огромна програма за духовна исхрана која се спроведува денес, и мнозина имаат корист од тоа. Исаија соодветно го прорекол тоа кога рекол: ”Ете, слугите Мои ќе јадат, а вие [членовите на лажната религија] ќе гладувате“ (Исаија 65:13). Среќни сме ако извлекуваме корист од Јеховината подготовка за задоволување на нашиот духовен глад.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели