Објавителите на Царството известуваат
Задоволување на духовно гладните — во училиште
„Среќни се оние кои се свесни за своите духовни потреби“ (NW), рекол Исус во својата Проповед на гората (Матеј 5:3). Многу деца кои одат на училиште се жедни за спознание за Бог и за неговите прекрасни намери. Бараат одговори на прашањата околу животот и сакаат да знаат како треба да живеат за да постигнат Божје одобрување и да бидат среќни. Ова било очигледно во едно училиште на британските Девствени острови. Еден од тамошните Јеховини сведоци раскажува:
◻ „Присуствував на родителски состанок во месното училиште на кој многу се кажа за дрогите, пиењето, состанувањето со спротивниот пол, гледањето ТВ, оценките и за други работи. Затоа решив да ја земам книгата Прашања од младите — делотворни одговори и да ѝ ја дадам на директорката. Откако ја разгледа книгата, рече дека тоа било токму она што им било потребно и праша дали училиштето би можело да добие по еден примерок за секој од 120-те ученици. Прашањето беше разгледано со собраниските старешини, и тие одлучија да му ги подарат книгите на училиштето. Кога го споменавме ова, наставниците побараа ние да им ги подариме книгите на самите ученици. Појдоа двајца Сведоци, а просторијата беше полна со ученици кои ги исчекуваа. Браќата зборуваа половина час и од списанијата на Друштвото Стражарска кула прочитаа неколку искуства кои покажуваа како книгата им помогнала не само на млади туку и на стари. Потоа книгите им беа подарени на нестрпливите ученици“.
Радосно е кога се знае дека училиштето одлучи книгата да ја користи како дел од наставата за четврто и петто одделение. Таа навистина ќе одговори на многуте прашања на овие ученици во врска со животот и иднината.
Задоволување на духовно гладните — на Папуа Нова Гвинеја
Следново искуство го добивме од еден патувачки надгледник. Тоа илустрира колку луѓето од оваа земја се духовно гладни и колку нашите библиски публикации се делотворни за задоволување на нивниот духовен глад.
◻ „Бидејќи не можев да го посетам селото Камбераторо“, вели надгледникот, „времето го поминав работејќи со малото собрание во Ванимо. Таму постои голем интерес. Литература прифатија и поголем број луѓе од Бевани. Еден човек ме повика да дојдам и да го посетам ова село, а сместување ќе ми обезбедел тој. Многу луѓе се запознаени со нашата литература. Секојпат кога одевме во градот Ванимо, ја трошевме целата литература и покрај тоа што земавме и по три кутии со книги. Мојата книга со библиски приказни се смета за вредна како злато. Луѓето сами ја бараат. Книгите што ќе ги понесев брзо ги делев. Кога на луѓето ќе им ја покажевме нашата литература, некои ќе прашаа: ‚Каде е жолтата книга?‘ Еден човек нарача шест. Ми го даде своето име и адреса и побара да објавам преку радио кога ќе ги добијам. Тогаш ќе дошол од своето село да си ги земе.“ Понатаму патувачкиот надгледник додава: „Открив дека многу луѓе во Ванимо ги прифаќаат и книгите Човештвото во потрага по Бог и Прашања од младите — делотворни одговори“.
Ова илустрира колку луѓето со чесни срца се гладни за духовната храна која се наоѓа во Библијата и во публикациите што Јехова ги обезбедува преку „верниот и разумен роб‘ (Матеј 24:45-47, NW). Колку се среќни Јеховините сведоци што се во состојба да им помогнат на овие луѓе гладни за вистината.
[Слика на страница 19]
Сведочење на Папуа Нова Гвинеја