ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/10 стр. 3-4
  • Несреќните случаи — судбина или околности?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Несреќните случаи — судбина или околности?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Дали Библијата учи да се верува во судбина?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Дали е судбина или чиста случајност?
    Разбудете се! 1999
  • Во потрага по човековата судбина
    Разбудете се! 1999
  • Дали твојата иднина е одредена од судбина?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/10 стр. 3-4

Несреќните случаи — судбина или околности?

ДОДЕКА Кристина, млада привлечна манекенка, преминувала преку прометната Нове де Жулјо Авенија во Сао Паоло, Бразил, не го видела автобусот кој се приближувал. Возачот попусто се трудел да го запре возилото, но било предоцна. Кристина била прегазена и убиена.

За овој трагичен случај било известено на насловната страница во бразилскиот весник O Estado de S. Paulo (29. јули, 1990). Сепак, тоа бил само еден од 50 000 сообраќајни несреќни случаи кои се случуваат во Бразил секоја година. И додека уште илјадници се онеспособени преку таквите несреќни случаи, други преживуваат неповредени. Тогаш зошто не преживеала таа млада девојка? Дали ѝ било судено да умре тој ден?

Безброј луѓе би аргументирале дека е така. Тие веруваат во судбина, дека главните настани, како што е времето на умирачката, се предодредени. Од тоа верување прозлегле изрази како што се: ”Не се може против судбината“, ”Му дошло времето“, или ”Што ќе биде нека биде“. Дали има вистина во популарните изреки како што се овие? Дали сме само марионети на судбината?

Фатализмот, или концептот дека сите настани се однапред одредени, преовладувал меѓу старите Грци и Римјани. Дури и денес таа идеја цврсто се држи во многу религии. На пример, исламот се држи за зборовите од Коранот: ”Ниедна душа не може да умре освен со дозвола од Алах и во одредено време.“ Верувањето во судбина е вообичаено и во христијанството, а било поткрепувано со науката за предодреденост, за која учел Џон Калвин. Затоа е вообичаено свештениците да им велат на ожалостените роднини дека извесен несреќен случај бил ”Божја волја“.

Меѓутоа, гледиштето дека несреќните случаи се производ на судбината, е спротивно на здравиот разум, искуството и логиката. Од една страна, автомобилските несреќи не можат да бидат резултат на божествено зафаќање, бидејќи темелното истражување обично открива потполно логична причина. Освен тоа, статистиката јасно покажува дека ако се преземат разумни мерки на претпазливост — како носење на сигурносен појас — значително се намалува веројатноста за несреќен случај. Дали безбедносните мерки на претпазливост навистина можат да ја спречат предодредената Божја волја?

Сепак, верувањето во судбина, влијае штетно на оној кој верува. Зарем тоа не охрабрува на вратоломни постапки, како што е занемарување на брзината на возењето и сообраќајните знаци или возење под дејство на алкохол или дрога? Што е уште посериозно, верувањето во фатализмот наведува некои луѓе да го обвинуваат Бог кога ќе ги погоди некој несреќен случај. Чувствувајќи гнев и беспомошност, уверени дека Бог е незаинтересиран, можат дури да изгубат вера. Поетот Ралф Валдо Емерсон рекол: ”Најгоркиот трагичен елемент во животот е верувањето во брутална Судбина или Предодреденост.“

Но, што вели Библијата за незгодите и несреќите? Дали навистина учи дека тие се дело на судбината? Покрај тоа, што вели за нашите изгледи за спасение? Дали во тој поглед воопшто имаме некаков избор?

[Истакната мисла на страница 4]

”Најгоркиот трагичен елемент во животот е верувањето во брутална Судбина или Предодреденост.“ Ралф Валдо Емерсон

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели