Дали се сеќаваш?
Дали сериозно си размислувал за последните изданија на Стражарска кула? Ако да, тогаш веројатно ќе ти биде интересно да се потсетиш на следново:
◻ Како библискиот запис за Јеховините битки ни дава уверување со оглед на „големата неволја“? (Матеј 24:21, ДК).
Секогаш под контрола, Јехова покажал дека може да ги надмудри своите непријатели и да управува со околностите за спасение на својот народ (15. 8. 1991, стр. 27).
◻ Што мораат родителите да бидат спремни да прават за да одржат комуникација помеѓу себе и своите деца?
Родителите мораат да поминуваат време со своите деца. Исто така, мораат да бидат спремни да се жртвуваат заради нивниот умствен, физички и духовен развој (1. 9., стр. 22).
◻ Какво значење има Исусовото преображение за нас денес? (Марко 9:2-4).
Преображението може да изгради вера во Јеховината пророчка реч и да го зајакне нашето верување во Исус Христос како Божји Син и ветен Месија. Исто така може да го зацврсти нашето верување во Исусовото воскресение во духовен живот и да ја зголеми нашата вера во Божјата влада (15. 9, стр. 23).
◻ Кое е значењето на изразот „некое време“ во Исаија 11:6?
Точното преведување на овој стих покажува дека волкот и јагнето нема постојано да бидат близу едни до други во новиот свет. Таквите животни веројатно сѐ уште ќе имаат различни живеалишта и така ќе спаѓаат под категориите ‚домашни животни и диви животни‘ какви што постоеле во првобитниот Рај (1. Мојсеева 1:24, NW). Меѓутоа, животните ќе бидат во меѓусебен мир и ќе бидат блиску едни до други без некаков ризик (15. 9., стр. 31).
◻ Кој е клучот за вистинското христијанство?
Љубовта е клучот за вистинското христијанство. Верата, делата и вистинското друштво се неопходни, но без љубов нивната вредност не може да се увиди. Тоа е така затоа што Јехова е првенствено Бог на љубовта (1. Коринтјаните 13:1-3; 1. Јованово 4:8; 1. 10, стр. 20).
◻ Дали изразот „време за раѓање и време за умирање“ во Проповедник 3:2 ја поткрепува мислата дека Бог ни го предодредил времето на умирањето?
Не. Соломон едноставно зборувал за постојаниот циклус на животот и смртта кој го погодува несовршеното човештво. Проповедник 7:17 потврдува: „Не биди прелош, и не биди луд; зошто да умреш предвреме?“ (Ст). Каква смисла би имал овој совет кога нечие време на умирање би било предодредено? (15. 10, стр. 5, 6).
◻ Што зборува против тоа дека апостолот Петар бил првиот бискуп на Рим?
Нема доказ дека Петар некогаш воопшто го посетил градот Рим; ниту пак Петар си припишувал себеси нешто повеќе отколку дека е еден од Исусовите апостоли (2. Петрово 1:1; 15. 10, стр. 8).
◻ Дали е исправно за христијаните да испраќаат цвеќиња на погреб?
Ако е општо познато дека некој обичај (или симбол, како на пр. крст) има религиозно значење во некое подрачје, тогаш треба да се избегнува. Така христијанинот нема да испраќа цвеќиња во облик на крст или да ги употребува на формален начин кој очигледно има лажно религиозно значење. Меѓутоа, денес во многу земји широко е распространет обичајот да се дава цвеќе без религиозни ознаки. Некои христијани испраќале цвеќиња во знак на утеха во жалосни ситуации и да изразат сочувство и внимание (15. 10, стр. 31).
◻ Што покажуваат јасно службените дефиниции за Тројството?
Тие јасно покажуваат дека доктрината за Тројството не е едноставна идеја. Напротив, тоа е комплексен склоп од идеи кои биле собрани низ повеќе векови и испреплетени една во друга. Мнозина научници, вклучувајќи и тринитаријанци, признаваат дека Библијата всушност не ја содржи доктрината за Тројството (1. 11, стр. 21, 22).
◻ Зошто 29. г.н.е. е централен датум во библиската историја?
Поврзувајќи ги прецизните библиски информации со световното датирање на владеењето на Тибериј, Истражувачите на Библијата можат да пресметаат дека службата на Јован започнала пролетта 29. г.н.е. и дека шест месеци подоцна, есента 29. г.н.е., Јован го крстил Исус (15. 11, стр. 31).
◻ Што значел зборот „обожавање“ за луѓето од хебрејското говорно подрачје, и како тоа се применува на Јеховините сведоци денес?
Хебрејскиот еквивалент за „обожавање“ може да се преведе со „служба“. Затоа во мислите на Хебреинот обожавањето значело служба. Токму тоа значење го има и за Јеховиниот народ денес, и една многу значајна ознака на вистинската религија е божествената служба на проповедање (1. 12, стр. 19).