Африкански преводи на Библијата
Најраните преводи на целата Библија на некој африкански јазик биле направени во Египет. Биле познати како Коптски преводи и се верувало дека датираат од третиот или четвртиот век н. е. Околу три века подоцна Библијата била преведена на етиопски.
Стотици непишани јазици на кои се зборувало јужно од Етиопија и Сахара, морале да го чекаат доаѓањето на мисионери во 19. век. Во 1857 се случила пресвртница кога Роберт Мофат го довршил преводот на Библијата на цвана, јазик од јужна Африка. А исто така ја отпечатил на делови со помош на рачна преса. Тоа била првата комплетна Библија што била печатена во Африка, но и првиот комплетен превод на еден некогашен непишан африкански јазик. Интересно е дека во својот превод Мофат го употребувал Божјето име Јехова. Во преводот од 1872 година, издаден од Британското и инострано библиско друштво, името Јехова е употребено во клучните изјави на Исус, како што е запишано во Матеј 4:10 и Марко 12:29, 30.
До 1990, целокупната Библија е преведена на 119 африкански јазици, а некои нејзини делови можат да се добијат на уште 434 јазици.