Радувај се на чистата Земја која претстои!
КОЛКУ можеме да бидеме радосни што Јехова, Богот на редот и чистотата, ќе ја исполни својата првобитна намера да ја претвори Земјата во светски рај! (Исаија 11:6-9). Тој ветува: „Моето слово, што излегува од устата Моја, не се враќа кон Мене празно, туку го исполнува она, што Ми е угодно“. „Не е можно Бог да излаже“, и затоа ова не се празни зборови (Исаија 55:11; Евреите 6:18).
За нас е олеснување што Јехова љубезно ќе се заземе пред луѓето да предизвикаат толку големо загадување поради кое потполниот еколошки слом би бил незапирлив! (Откровение 11:18).
Јехова ќе ги отстрани непокајничките, разуздани загадувачи и лицата кои ги игнорираат неговите начела за ред и чистота. Никому нема да му биде дозволено да го загрозува обновениот Рај (Соломонови изреки 2:20-22).
За време на владеењето на Божјето Царство, под управата на Христос Исус, луѓето ќе бидат поучени како да ја искоренат секоја преостаната причина за физичко загадување. Тогаш — а не сега — ќе биде неминовно сите Божји слуги активно да се вклучат во личните и колективните мерки коишто ќе придонесат за беспримерно глобално чистење. (Спореди Језекиил 39:8-16.)
Оние кои ќе го преживеат крајот на сегашниот зол систем на ствари ќе ја поддржат таа програма на физичко чистење со истата предаденост и ентузијазам со која учествуваат во акцијата на духовно чистење денес (Псалми 110:3, Бакотиќ).
Исчистената Земја сигурно ќе дојде, а ќе ѝ претходи најголемата акција на чистење на сите времиња, која ќе ја изврши Божјето Царство. Сите траги од загадување ќе бидат отстранети. Никаде нема графити. Фрлени шишиња, конзерви, пластични кеси, гуми за џвакање и обвивки од кекси, весници и списанија повеќе нема да се трупаат на ниту една плажа или рајски предел.
Радувај се на чистата Земја која претстои!
[Слика на страница 7]
Дали ќе учествуваш во глобалното чистење кое наскоро треба да настапи?