ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/2 стр. 31
  • Што стои зад името?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што стои зад името?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Сличен материјал
  • Не пропуштајте го!
    Разбудете се! 1993
  • Добредојдовте на Обласните конгреси „Светлоносци“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поканет си на Обласните конгреси ”Љубители на слободата“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Дојди на Обласниот конгрес „Божествен страв“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/2 стр. 31

Што стои зад името?

ДАЛИ знаеш зошто родителите ти го дале твоето име? Во библиски времиња, имињата на луѓето честопати ја одразувале верата во Бог и неговите ветувања. На пример, Авраамовото име, кое тој го добил од Бог, значи „Татко на мноштво“. Исмаил значи „Бог слуша“. А Исусовото име значи „Јехова е спасение“.

Во африканските земји, денес, давањето на имиња честопати ги одразува религиозните верувања и вредности. Тоа секако е случај и меѓу многу африкански Сведоци на Јехова.

Една млада жена од Нигерија раскажува: „Татко ми ја запознал библиската вистина од Јеховините сведоци една година пред да се родам. Во истата година, била издадена на англиски книгата Вистина која води до вечен живот. Подоцна, отприлика кога сум се родила, книгата Вистина излегла и на нашиот, јоруба јазик. Поради тоа татко ми сметал дека е прикладно да ми го даде името Вистина“.

Еден друг сведок на Јехова објаснува: „Пред да се родам, тато станал Сведок. Бидејќи работел кај тврди католици, заради своите верувања, бил отпуштен од работа. Кога сум се родил, бил без работа, а имал многу малку пари. Но не бил обесхрабрен. ‚Без работа сум само поради мојата приврзаност кон Божјето Царство‘, рекол тој. Затоа ми го дал името Царство“.

„Татко ми и мајка ми ми го дале името Ифеанјичукву, име од народот Игбо“, вели еден друг млад човек. „Тоа е комплицирано име за оние кои не зборуваат игбо, затоа сакав да имам име кое ќе биде полесно. Исто така сакав да служам во Бетел [локална подружница на Друштвото Стражарска кула], а имав и пријател кој се вика Бетел. Затоа ги прашав родителите дали можам да го заменам со името ‚Бетел‘. Тие се согласија“.

„Моите родители биле пионери [полновремени слуги],“ раскажува друг Нигериец. „Татко ми сакал едно од неговите деца да го носи името на нивниот позив. Така, јас сум го добил името Пионер. Тие се надевале дека и јас ќе ги доживеам богатите благослови на полновремената служба.“

Кога еден член на Водечкото тело на Јеховините сведоци бил во Брегот на Слоновата Коска во декември 1978, запознал една сестра со нејзиното бебе кое се викало Победоносна Вера бидејќи се родило кога мајка му присуствувала на конгресот „Победоносна вера“.

Вистина, Царство, Бетел и Пионер работат во подружницата на Друштвото Стражарска кула во Нигерија. Исто така, таму служат Сведоци со имиња како што се Библија, Мудрост, Христијан, Љубов, Честит, Создавање, Благослов и Ветен Ден на Љубовта. Сите овие христијански слуги работат напорно за да задржат добар углед, или име пред Јехова Бог, кому секое семејство на небото и на Земјата му го должи своето име. (Спореди Ефесјаните 3:14, 15.)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели