Објавителите на Царството известуваат
Еден млад ентузијаст на железниците ја запознава вистината
АКО срцето на некое лице е склоно кон праведност, тогаш Јехова Бог, користејќи ги Исус Христос и небесните ангели, ќе се погрижи таквото лице, слично на овца, конечно да дојде во допир со добрата вест за Царството. Со текот на времето, може да дојде во наклоност на Исусовата десна страна (Матеј 25:1-33). Ова е случај со еден млад ентузијаст на железниците во Австрија кој се запознал со вистината на несекојдневен начин.
Највозбудлив дел од хобито на овој младич бил да се вози во локомотивата на возот, со дозвола на железничката администрација. Секое патување го снимал со видео камера за да може повторно да го гледа дома. На едно патување од Виена до Салцбург, машиновозачот бил Јеховин сведок. Ја искористил приликата да му зборува на ентузијастот за Царството. Отпрвин, младичот бил вчудовиден што еден машиновозач зборува за Бог и Библијата, но за време на патувањето, повеќе бил концентриран на снимањето отколку на она што машиновозачот му го кажувал.
Кога дошол дома, овој млад ентузијаст ја гледал видеоснимката не еднаш, ами десет пати бидејќи особено бил заинтересиран за ова патување. Бидејќи го снимил и гласот, секогаш одново го слушал она што Сведокот му го рекол. Колку повеќе ја гледал снимката, толку повеќе се запознавал со она што му било речено. Почнал да размислува за тоа и најпосле станал ентузијаст за прекрасната информација која Библијата ја презернтира. Сакал да дознае уште повеќе за тоа.
Го запомнил името на машиновозачот и знаел дека живее некаде во Виена. Затоа отишол во пошта и почнал да ги врти сите броеви од именикот под тоа име. Кога ќе се јавел некој на телефонот, го прашувал: „Дали си ти машиновозач?“ Ако одговорот бил негативен, вртел друг број. Најпосле, го пронашол машиновозачот. Му ја раскажал својата сторија и му рекол дека е заинтересиран за библиската порака што ја слушнал на видеото.
Сведоците се погрижиле преку подружницата да го посети некој кој живее близу до него. Се случило во месното собрание да има уште еден Сведок кој е машиновозач. Го посетил младиот ентузијаст и била започната библиска студија. Летото 1991, младичот се крстил.
Јехова, кој ги испитува сите срца, сигурно видел дека ова лице имало искрена љубов кон праведноста. Затоа, го довел во контакт со вистината од Библијата — иако на еден несекојдневен начин (1. Летописи 28:9; Јован 10:27).
[Извор на слика на страница 9]
Со љубезна дозвола на Австриската железница