ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/12 стр. 25-27
  • Обучување во Гилеад во најсветата вера

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Обучување во Гилеад во најсветата вера
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Студентите добиваат поголема поука
  • Наименувани за мисионери
  • Повеќе мисионери за светската жетва
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Од успешни студенти до успешни мисионери
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Школата Гилеад — 50 години стара, а сѐ појака
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Ширум светот се шират благословите на гилеадското образование
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/12 стр. 25-27

Обучување во Гилеад во најсветата вера

„НАШИТЕ студенти се добро обучени во најсветата вера.“ Ова беа уводните забелешки на програмата по повод дипломирањето на 95. клас на Библиската школа Гилеад на Watchtower, кое се одржа во недела, на 12. септември 1993. Тоа претпладне, 4.614-те гости и членови на бетелската фамилија кои беа собрани во Конгресната сала на Џерси Сити, во уводна молитва ги водеше Џорџ Гангас. Брат Гангас веќе 65 години е член на бетелската фамилија и со 97 години е најстариот член на Водечкото тело.

Алберт Шредер, исто така од Водечкото тело и претседавач на програмата, изјави: „Цели пет месеци курсот на Гилеад се темелеше на најсветата вера“. Но, што е „најсветата вера“? Тој објасни дека оваа „најсвета вера“, спомената во Јуда 20 (Ст), ја претставува целата низа на библиската вистина. Затоа курсот на Гилеад се темели на Јеховината Реч, Библијата, која е неговиот главен учебник.

Студентите добиваат поголема поука

Првиот говорник беше Џон Стуфлотен од Одборот на Watchtower Farms, кој зборуваше на темата „Да се извлече корист од влијанието на мудрите лица“. Библијата вели дека оние ‚кои се состануваат со мудрите, ќе бидат мудри‘ (Соломонови изреки 13:21). За време на курсот на Гилеад, студентите поминаа преку 900 часа во проучување на Библијата. Брат Стуфлотен ги запраша студентите: „Како ќе влијае на вас Јеховината волја во иднината? Вие заминувате во 18 земји со заедничко население од околу 170 милиони луѓе. Па, како ќе влијаете на тие луѓе?“ Ако ја одразуваат Јеховината мудрост, новите мисионери ќе бидат во можност да им помогнат на другите да станат обожаватели на Јехова, Изворот на бескрајна мудрост.

„Да се стане сѐ на сите луѓе“ беше темата на следниот говор што го одржа Лојд Бери од Водечкото тело (1. Коринтјаните 9:22, King James Version). Пред околу 45 години брат Бери и самиот бил студент во 11-от клас на Гилеад. Сега 95-от клас го ценеше тоа што можеше да добие практичен совет од еден поранешен мисионер со долгогодишно искуство во странска земја. Тој ги охрабри студентите брзо да се идентификуваат со луѓето од нивното ново странско подрачје така што ќе ја запознаат локалната култура и ќе го научат месниот јазик. Рече дека тоа може најдобро да се стори ако се мешаат, ако работат со мештаните и ако ги научат нивните обичаи и ги прифаќаат секогаш кога е прикладно.

Потоа, Дин Сонгер од Одборот на печатниците зборуваше за возбудливата тема „Ослободени од обврска“. После повеќе од 35 години полновремена служба, брат Сонгер разбира што значи да се води сосредоточен, едноставен живот и да се сосредоточуваш на работата што те чека, слободен од материјални грижи. А тоа беше смислата на неговиот совет до студентите. Пеачите од Јеховиниот храм биле ослободени од обврските кои биле вообичаени за останатите Левити со цел потполно да му се посветат на нивното посебно задолжение (1. Летописи 9:33). На сличен начин, мисионерите на Гилеад се ослободени од такви вообичаени работи како што е световна работа, така што можат да се концентрираат на нивната посебна служба. Брат Сонгер заклучи со опомената: „Нека вашиот поглед на животот биде сконцентриран, а вашиот живот едноставен. Вашата одговорност како оние кои се ослободени од обврска е да бидете во делото ден и ноќ, фалејќи го Јехова“.

Потоа следуваше членот на Водечкото тело, Даниел Сидлик, со темата „Да се поучуваат другите како да го направат животот успешен“. Тој ги охрабри студентите „не само да поучуваат за доктрина, туку да бидат доволно храбри да им покажат на луѓето што мораат да сторат за да го доведат својот живот во склад со Божјата волја“. Добрите учители мораат да инспирираат и да мотивираат. „Бидете свесни за изградување на христијански вредности, наместо само да поучувате за правила и прописи“ — рече тој и во заклучокот додаде: „Над сѐ, драги браќа, учете се себеси и учете ги другите како да сакаат, зашто тоа е совршена врска на единство“ (1. Коринтјаните 13:1-3; Колосјаните 3:14).

По пет месеци обука, студентите особено ги засакаа нивните двајца подучувачи во Гилеад. Првин говореше Џек Редфорд, и самиот поранешен мисионер, на темата „Сте направиле исправен избор“. Во древниот еврејски свет, пред да стане христијански апостол, Павле имал положба, престиж, влијание и финансиска сигурност. Но, во Филибљанима 3:8 (ДК) Павле сето тоа го опишал како „трици“, односно „ѓубре“, според преводот Phillips. Нему срцето му било во службата, и го направил исправниот избор. Наспроти тоа, поголемиот дел од човештвото денес со својот избор во животот покажуваат дека нивните материјални имоти ги сметаат за повредни од вечниот живот. Мисионерите на Гилеад го направиле исправниот избор. Џек Редфорд заклучи со зборовите: „Не постои ништо што сатанскиот свет може да ви го понуди а кое може да се спореди со мисионерската служба. Грижете се за таа непроценлива предност, а светот нека се грижи за своето ѓубре!“

За изминатите 32 години, Јулисиз Глас беше подучувач на Гилеад. Тој им даде на студентите неколку совети за разделба на тема „Само Бог може да направи дрво“, темелејќи го својот говор на Псалм 1:3. Модерната технологија никогаш не била во состојба да ѝ конкурира на конструкцијата на едно дрво создадено од Бог. Во извесна смисла, вистинските христијани се како дрвја, засадени и наводнувани од Јехова. Брат Глас забележа дека за пет месеци студентите „редовно беа наводнувани од изворот на животодајните води од Божјата Реч“, како дрвја во една духовна шумичка, или рај. Сепак, како мисионери, тие мораат да го вардат својот „духовен систем на корења од каква и да е штета“. Тие беа поттикнати да ‚продолжат да пијат од водата на животот од Јехова, зашто само Бог може да создаде дрво‘.

Последниот говор го одржа Кери Барбер, член на Водечкото тело. После 70 години полновремена служба, брат Барбер можеше со доверба да зборува на темата „Дајте му на Јехова исклучителна оддаденост“. Огромното мнозинство на човештвото не му оддало на Јехова исклучителна оддаденост (5. Мојсеева 5:9). Меѓутоа, како што покажа брат Барбер, и покрај нашата несовршеност, „сосема е можно да се биде потполно оддаден на Бог“. Тој додаде: „Никој не може вистински да каже: ‚Ѓаволот ме натера да го сторам тоа‘“. Но Ѓаволот може да нѐ порази ако пропуштиме да му се спротивставиме (Јаков 4:7). Да се остане вработен во Јеховиното дело е најдобриот начин да му се спротивставиме на Сатана и неговиот свет и да му оддадеме на Јехова исклучителна оддаденост.

Наименувани за мисионери

Претпладневната програма заврши со службеното наименување на сите 46 студенти за мисионери. 23-те двојки добија дипломи во кои делумно стои дека дипломците се „посебно оспособени да се ангажираат во образовно дело, да унапредуваат добра волја и да работат во полза на траен мир и законот на совршениот ред и праведност меѓу сите луѓе“. 95-от клас на Гилеад сигурно ќе настојува да ја изврши својата возвишена мисија во 18-те земји во кои се доделени. Доделбите се простираат по целиот свет и вклучуваат земји од Азија, Африка, Европа, Јужна Америка и Карибите.

Попладнето, после скратената студија на Стражарска кула што ја водеше Чарлс Вуди од Одборот на службеното одделение, новите дипломци на Гилеад прикажаа своја студентска програма на тема „Гилеад нѐ подготви да поучуваме како мисионери“. Програмата заврши со драмата „Изборите со кои се соочуваме“.

После оваа поттикнувачка програма, новите мисионери сега беа спремни да бидат испратени на четири страни од Земјата да ја споделуваат со други „најсветата вера“.

[Рамка на страница 26]

Податоци за класот

Број на застапени земји: 7

Број на земји во кои се доделени: 18

Број на студенти: 46

Број на брачни двојки: 23

Просечна возраст: 30,06

Просек на години во вистина: 12,92

Просек на години во полновремена служба: 9,4

[Слика на страница 26]

Дипломци од 95. клас на Библиската школа Гилеад на Watchtower

Во долниот попис редовите се нумерирани однапред наназад, а имињата се наведени одлево надесно во секој ред.

1) Биелоу, Д.; Донза, В.; Инес, С.; Фалк, Н.; Билингсби, М.; Ходинот, Л.; Нигрен, Б.; Ериксон, Л.; 2) Бокер, Ј.; Томас, М.; Стедман, С.; Билингсби, Д.; Во, И.; Парвис, М.; Латрел, М.; 3) Јакобсен, Т.; Бокер, Ј.; Мартинез, Л.; Нилсон, Е.; Парвис, П.; Холт, Л.; Ларсен, М.; Џоунс, Л.; 4) Нуминен, П.; Нуминен, Х.; Буелоу, М.; Олсон, В.; Холт, С.; Донза, Г.; Дежардан, К.; Дежардан, Д.; 5) Ларсен, К.; Мартинез, Д.; Нигрен, П.; Во, П.; Џоунс, Д.; Ходинот, Ј.; Томас, Г.; 6) Инес, Б.; Фалк, Р.; Ериксон, А.; Нилсон, С.; Стедман, Ј.; Олсон, К.; Јакобсен, Ф.; Латрел, Ј.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели