ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/12 стр. 21-24
  • Од успешни студенти до успешни мисионери

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Од успешни студенти до успешни мисионери
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ревносните студенти наоѓаат радост во службата
  • Долгогодишните мисионери споделуваат тајни на успехот
  • Спремниот дух ги донесува луѓето во Гилеад
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Радувајте се во Јехова и бидете весели
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Мотивирани да служат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Дипломирање на студентите на Божјата Реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/12 стр. 21-24

Од успешни студенти до успешни мисионери

„СЀ УШТЕ не можам да верувам дека сме ја имале оваа предност!“ — извика Вил, осврнувајќи се на обуката која штотуку ја завршиле тој и неговата сопруга Петси како студенти на 103-от клас на Библиската школа Гилеад на Watchtower. Захид и Џени се сложија со тоа. „Се чувствуваме почестени што сме овде“ — рекоа тие. Сите студенти добро работеа во школата. Сега беа желни да ја почнат својата кариера како мисионери. Но, најпрво, на програмата на промоцијата на 6 септември 1997 добија совет полн со љубов, што ќе им помогне да успеат на нивните мисионерски доделби.

Претседавач на програмата беше Теодор Џерес, член на Водечкото тело. Тој истакна дека — заедно со бетелската фамилија и претставниците на 48 подружници на Watch Tower Society, присутни се пријатели и роднини од Канада, Европа, Порторико и од Соединетите Држави за да ги уверат студентите во својата поддршка и својата љубов. Брат Џерес забележа дека честопати на мисионерите кои се испраќани од црквите на христијанскиот свет им било одвраќано вниманието од мисионерското дело и дека почнувале да се стремат по образовни настојувања или, пак, дури се вплеткувале и во политика. За разлика од нив, дипломците на Гилеад го прават она за кое се обучени. Тие ги поучуваат луѓето за Библијата.

Потоа Роберт Батлер, од бруклинската канцеларија на Заедницата, зборуваше на темата „Направи го својот пат успешен“. Тој објасни дека, иако луѓето го мерат успехот според финансиската или друга лична добивка, она што навистина вреди е како Бог го мери успехот. Исусовата служба била успешна не поради тоа што направил голем број преобратеници, туку затоа што бил верен на својата задача. Исус му донел слава на Јехова и останал неизвалкан од светот (Јован 16:33; 17:4). Ова се работи што секој христијанин може да ги прави.

„Бидете робови на сите лица“ — советуваше Роберт Певи, порано мисионер на Ориентот. Апостол Павле бил успешен мисионер. Во што се состоела неговата тајна? Тој се направил себеси роб на сите (1. Коринтјаните 9:19—23). Говорникот објасни: „Еден дипломец на Гилеад кој го има тој став, нема да ја смета мисионерската служба како еден вид унапредување во кариерата, отскочна даска кон поважни положби во организацијата. Мисионерот оди на својата доделба само со еден мотив — да служи, зашто тоа е она што го прават робовите“.

Темелејќи го својот совет главно на 2. Коринтјаните, поглавја 3 и 4, Герит Лош од Водечкото тело силно ги поттикна студентите: „Одразувајте ја како огледала славата на Јехова“. Тој ги потсети дека спознанието за Бог е како некоја светлина која го осветлува христијанинот кога тој го отвора своето срце за да ја прими. Ние ја одразуваме таа светлина преку проповедање на добрата вест и преку задржување на добро однесување. „Понекогаш, може да се чувствувате недостаточни“ — призна тој. „Кога ќе се јават такви чувства, ослонете се на Јехова, ‚за силата, која е над она што е нормално, да биде Божја‘ “ (2. Коринтјаните 4:7, НС). Одразувајќи ги Павловите зборови запишани во 2. Коринтјаните 4:1, брат Лош им упати апел на студентите: „Не откажувајте се од својата мисионерска служба. Чувајте го своето огледало полирано!“

Карл Адамс, член на наставничкиот кадар на Гилеад, зборуваше за интересната тема „Каде е Јехова?“ Прашањето не се однесуваше на Божјата локација во универзумот, туку на потребата да се земаат во обѕир Јеховиното гледиште и индикациите за неговото водство. „Под стрес“ — рече тој — „дури и едно лице кое има долго досие во Јеховината служба може да го изгуби тоа од вид“ (Јов 35:10). Како е со нашево денешно време? Во 1942, Божјиот народ имал потреба од водство. Дали проповедничкото дело завршувало или, пак, имало да се сврши уште работа? Која била Јеховината волја за неговиот народ? Додека ја проучувале Божјата Реч, одговорот станал јасен. „Пред да заврши календарската година“ — објасни брат Адамс — „беа донесени планови за Библиската школа Гилеад на Watchtower.“ Јехова сигурно го благословил делото на мисионерите кои биле испратени од таа школа.

Марк Нумер беше вториот инструктор кој зборуваше. Во својот говор со наслов „Како ќе го искористиш својот талант?“ тој ги охрабри студентите, веднаш штом ќе пристигнат на своите нови доделби, да ја применуваат обуката што ја имаа добиено во Гилеад. „Интересирајте се за другите“ — рече тој. „Смешајте се со нив. Бидете желни да ги научите обичаите, историјата, хуморот на земјата. Колку побргу ќе го научите јазикот толку подобро ќе ви биде.“

Ревносните студенти наоѓаат радост во службата

Освен посветувањето на студиите додека беа во Гилеад, студентите беа доделени во 11 локални собранија. Во текот на викендите, тие ревносно учествуваа во проповедничката активност. Валас Ливеранс, од наставничкиот кадар, покани неколкумина од нив да споделат со публиката некои од своите искуства. Нивната радост беше очевидна додека ги раскажуваа искуствата што ги имале кога сведочеле во трговските центри, на паркиралиштата, на деловно подрачје, на улица и од куќа до куќа. Некои од нив барале начини да ги достигнат луѓето кои зборуваат странски јазици, а живеат и работат на нивното собраниско подрачје. За време на петте месеци од нивното обучување, членовите на 103-от клас започнаа и водеа најмалку десет библиски студии.

Долгогодишните мисионери споделуваат тајни на успехот

По овој пријатен дел од програмата, Патрик Лафранка и Вилијам Ван де Вол поканија седуммина членови на одбори на подружници да ги резимираат поуките што ги научиле во својата мисионерска кариера во корист на класот. Тие ги опоменаа дипломците да ја сметаат својата мисионерска доделба како да доаѓа од Јехова и да бидат решени да се држат цврсто за доделбата. Тие зборуваа за позитивните ефекти што мисионерите, обучувани во Гилеад, ги имале врз делото во други земји.

Што им помогнало на овие членови на одбори на подружници да служат со децении како среќни, продуктивни мисионери? Тесно работеле со локалните браќа и учеле од нив. Се посветиле на учење на јазикот веднаш штом пристигнале на својата доделба. Научиле да бидат флексибилни и да се прилагодуваат на локалните обичаи. Чарлс Ајзенхауер, дипломец од првиот клас на Гилеад и мисионер веќе 54 години, сподели пет „тајни“ што ги научиле успешните мисионери: 1) Проучувај ја Библијата редовно, 2) изучувај го јазикот, 3) биди активен во службата, 4) работи за мирот во мисионерскиот дом и 5) моли се редовно на Јехова. Студентите беа импресионирани не само од практичниот совет што го добија туку и од очигледната радост што овие искусни мисионери ја имаат во Јеховината служба. Како што се изразија Армандо и Лупе, „тие се среќни кога зборуваат за својот живот“.

После интервјуата, остана уште еден говор. Алберт Шродер, член на Водечкото тело, за своја тема ја избра темата „Верното управување со Божјата Реч открива скапоцени камења на вистината“. Со оглед на тоа дека главниот учебник на школата Гилеад е Библијата, студентите беа заинтересирани за она што тој имаше да каже. Брат Шродер истакна дека, кога пред 50 години започнала работата на New World Translation of the Holy Scriptures, помазаните членови на Одборот за преведување на Библијата New World не барале одобрување од луѓе, туку се ослониле на водството од светиот дух (Јеремија 17:5—8). Сепак, неодамна некои авторитети го признаа високото мерило поставено од New World Translation. Во едно писмо до Заедницата, еден научник напишал: „Знам што е квалитетна публикација уште кога ќе ја видам, а вашиот ‚Одбор за преведување на Библијата New World‘ добро ја завршил својата работа“.

По овој говор, студентите ги добија своите дипломи, а нивните доделби беа објавени пред публиката. Тоа беше трогателен момент за членовите на класот. Додека еден претставник на класот читаше писмо со благодарност, мнозина имаа кнедла во грлото и солзи во очите. Некои од студентите се подготвуваа за мисионерското дело со години. Сфаќајќи дека курсот во Гилеад ќе се води на англиски, неколкумина се преселиле во собранија на англиски јазик за да го подобрат своето владеење на јазикот. Други се преселиле таму каде што потребата од пионери била поголема, или во својата земја или во странство. Трети, пак, се подготвувале читајќи искуства, правејќи истражување или гледајќи ја одново и одново видеокасетата на Заедницата — Do svih krajeva Zemlje.

Вил и Петси, споменати на почетокот, беа обземени од личниот интерес што беше покажан спрема студентите. „Луѓе кои не нѐ ни знаеја, нѐ гушкаа и нѐ сликаа. Еден член на Водечкото тело ни ја стисна раката и рече: ‚Ние се гордееме со вас!‘ “ Нема сомнение во тоа, студентите од 103-от клас се многу сакани. Тие се добро обучени. Школувањето што го добија во Гилеад ќе им овозможи да го направат преминот од успешни студенти во успешни мисионери.

[Рамка на страница 22]

Податоци за класот

Број на застапени земји: 9

Број на земји во кои се доделени: 18

Број на студенти: 48

Број на брачни двојки: 24

Просечна старост: 33

Просек на години во вистината: 16

Просек на години во полновремена служба: 12

[Слика на страница 23]

103-от клас што дипломираше на Библиската школа Гилеад на Watchtower

Во долнава листа, редовите се нумерирани однапред наназад, а имињата се наведени одлево надесно во секој ред.

1) Бан А.; Далстед М.; Кампања З.; Бојаџиоглу Р.; Огандо Џ.; Никончук Т.; Мелвин Ш.; 2) Меј М.; Мапула М.; Луин Џ.; Хајтама Д.; Хернандез С.; Бојаџиоглу Н.; Штурм А.; Мелвин К.; 3) Том Ж.; Мапула Е.; Нол М.; Тиздејл П.; Рајт П.; Перез Л.; Шенефелт М.; Пак Х.; 4) Марфи М.; Кампања Х.; Стјуарт С.; Череда М.; Рид М.; Перез А.; Тиздејл В.; Пак Џ.; 5) Стјуарт Д.; Рајт А.; Череда П.; Никончук Ф.; Рид Џ.; Хајтама К.; Огандо Ц.; Шенефелт Р.; 6) Марфи Т.; Хернандез Џ.; Нол М.; Бан Б.; Том Р.; Далстед Т.; Луин З.; Меј Р.; Штурм А.

[Слика на страница 24]

Каде ќе одиме?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели