Ширум светот се шират благословите на гилеадското образование
ОБРАЗОВАНИЕТО во овој стар свет има само ограничена вредност. Бидејќи тоа најмногу се темели на човечки идеи, а не на Божјата вистина, не може да пружи вистинска цел во животот. Но школата Гилеад е поинаква. Во своите уводни коментари на промоцијата на 93-иот клас на Гилеад, Теодор Џерец од Водечкото тело изнесе дека таа школа пружа образование со вистинска содржина. Како што велат Псалми 119:160: „Сржта на твојата [Божјата] реч е вистина“ (Ст). И така на 13. септември 1992 промоционата програма со големо возбудување ја слушаше публика од близу 6.000 присутни.
Првиот говор претпладнето, што го одржа Лон Шилинг од Одборот на фармите Стражарска кула, имаше наслов „Продолжи да го освојуваш светот и неговиот владетел“. Брат Шилинг се сосредоточи на Откровение 12:11 и истакна дека стихот покажува три начина на освојување: 1) преку крвта на Јагнето, 2) преку сведочење и 3) ако се има самопожртвуван дух. Тој ги потсети студентите дека многу Јеховини слуги покажале таков дух и дури спремно се соочувале со смрт за да ја сочуваат својата лојалност и беспрекорност.
„Чувај ја својата прекрасна доверба“ беше темата што ја изнесе Џон Е. Бар од Водечкото тело. Со својот карактеристичен топол глас, тој ја спореди взаемната доверба помеѓу Јехова и неговите слуги со довербата што се развива во еден добар брак. Користејќи мисли од 2. Тимотеј 1:12, 13, ги поттикна студентите да ја чуваат својата доверба и да го ценат ‚образецот на здрави зборови‘ од Библијата. Тој го истакна фактот личното проучување да стане важен дел од дневниот план и љубезно ги посоветува студентите никогаш да не дозволат нивните коментари на состаноци да станат механички, туку секогаш да бидат смисловни.
Вилијам Ван де Вал од Одборот на службеното одделение, го одржа следниот говор: „Покажувај љубезна грижа лицата кои се слични на овци“. Ги праша студентите какви особини тие би сакале да ги има еден семеен лекар и ги поттикна да го развиваат истото соживување, сочувство и милост кои тие би ги ценеле.
Даниел Сидлик од Водечкото тело живо говореше на темата: „Сѐ е можно кај Бог“. Тој ги потсети студентите дека Авраам и Сара се смееле на наизгледно невозможниот изглед да имаат син на своите години. Многу Божји ветувања изгледаат невозможни од човечко гледиште; но како што ангелот го прашал Авраам: „има ли нешто неможно за Господа?“ (1. Мојсеева 18:14). Брат Сидлик ги подбуди студентите да покажуваат вера во Божјата способност да го стори невозможното, никогаш да не дозволат да избледи или да се поколеба таа вера, без разлика со какви искушенија би можеле да се соочат.
Предавачите даваат совет
Потоа зборуваа двајцата предавачи од Гилеад. Прво, Џек Д. Редфорд ја изнесе темата „Направи си добро име кај Бог“. Она што го прави името добро или лошо, наведе тој, е лицето кое го носи. Тој ги спореди имињата на Адам, Нимрод, Језавела, Саул и Јуда со имињата Ное, Авраам, Рута, Павле и Тимотеј. Секое име носи одредени асоцијации како резултат на животниот пат на оној кој го носи. Ги праша студентите какво име тие ќе имаат за 10, 100 или дури за 1.000 години — име на таков кој се откажува или жали, или на верен мисионер? Сосредоточете се на решенијата и целите, а не на проблемите, ги советуваше тој.
„Колку добро ја чуваш својата вера?“, беше темата која наведе на размислување, а ја изнесе Јулисис В. Глас. Тој ја спореди јаката вера со добар компас кој секогаш го покажува правиот пат. Компасот во еден автомобил може да биде под влијание на други магнетски полиња освен она на Земјата, и таквите полиња треба да бидат неутрализирани. Слично на тоа, овој стар свет создава многу влијанија кои можат да ја разнишаат или ослабат нашата вера ако им дозволиме. Додека го предупредуваше класот на таквите влијанија, братот Глас исто така ги пофали за нивната осетлива свесност за ставовите и чувствата на другите.
Последниот говор претпладнето го изнесе Алберт Д. Шредер, член на Водечкото тело. Тој ги охрабри студентите со темата „Задржете го мисионерскиот дух“, пофалувајќи ги што го покажале истиот мисионерски дух како првиот клас во 1943, кога тој служел како секретар на школата. Тој наведе дека тие биле заинтересирани за луѓето, проповедници по природа, кои сакале да бидат водени од Божјиот дух. Ги поттикна да продолжат да го развиваат тој дух и во потполност да го користат Нов свет преводот (New World Translation of the Holy Scriptures) при личното проучување. Тој заклучи со пример, така што го разгледа Псалм 23 [24, NW] стих по стих.
А потоа, студентите на Гилеад станаа дипломци на Гилеад! Додека беа читани нивните мисионерски доделби, им ги врачија дипломите, што беше проследено со голем аплауз од публиката.
Попладнето, Калвин Чајк од Одборот на печатниците ја водеше студијата на Стражарска кула. Потоа следеше прекрасна програма од студентите, која се осврна на искуствата на студентите во службата на проповедање во текот на нивниот петмесечен курс, а исто така прикажаа дијапозитиви од некои од земјите кадешто беа доделени. Освен тоа, беше интервјуирана една постара брачна двојка, која сподели малку од мудроста и искуството што го стекнала во текот на многуте години како мисионери. Попладнето заврши со пригодна драма со наслов Немој да бидеш заведен или да го исмејуваш Бог.
Публиката си замина развеселена и воодушевена што можеше да види што образованието во Божјата вистина може да стори и беше израдувана од спознанието дека користите од таквото образование ќе продолжат да се чувствуваат ширум светот. Додека овие 48 мисионери се разидуваат на нивните доделби, нив ги следат многу молитви кои изразуваат искрена надеж и доверба дека овие верни ќе бидат благослов за Божјиот народ каде и да одат.
[Рамка на страница 19]
Статистички податоци за класот
Број на застапени земји: 7
Број на доделени земји: 18
Број на студенти: 48
Број на брачни двојки: 24
Просечна старост: 32,8
Просек на години во вистина: 15,3
Просек на години во полновремена служба: 10,4
[Рамка на страница 20]
ДИПЛОМЦИ НА ПРОШИРЕНИОТ КЛАС НА ГИЛЕАД
На 21. јуни 1992, група од 24 мисионери дипломираа на четвртиот глас на Проширената школа Гилеад во Селтерс на Таунус (Германија). Класот, кој се состоеше од 11 брачни двојки и 2 неомажени сестри, кои потекнуваат од седум земји, имаше просечна старост од 32 години, 14 години откако се крстени и 8,5 години на служба во полновременото дело на евангелизација. На промоцијата имаше преку 2.000 присутни.
Брат Џерец ја отвори програмата со разгледување на Изреките 11:24, кои гласат: „Постои еден кој расејува, а сепак добива повеќе“ (NW). Тој забележа дека студентите треба да се расејат и сигурно ќе придонесат за поголем пораст.
Охрабрувачки библиски говори одржаа Ричард Келси, координаторот на Одборот на германската подружница; Волфганг Групе од Службеното одделение; Вернер Рутке и Едмунд Анштат, исто така членови на Одборот на подружницата, и двајцата предавачи, Дитрих Форстер и Лотар Кемер. Алберт Шредер од Водечкото тело го одржа интересното главно предавање под наслов „Продолжете да бидете трагачи по духовни скапоцени камења“. Врвна точка на програмата беше врачувањето на доделбите во 11 земји во Африка, Централна Америка и Источна Европа, после кое еден дипломец прочита писмо од класот до Водечкото тело и изрази искрена благодарност.
[Слика на страница 18]
Дипломците на 93. клас на Библиската школа Гилеад на Стражарска кула
Во долниов попис редовите се нумерирани од напред кон назад, а во секој ред имињата се наведени одлево надесно.
1) Хајтсмен, К.; Вест, П.; Еванс, Д.; Хипс, М.; Симонели, Н.; Вуд, С.; Коркл, М.; Флорес, К.; Томас, Џ. 2) Џонс, М.; Нисинен, Ј.; Споненберг, М.; Захари, К.; Равн, Г.; Бекмен, М.; Ветергрен, А.; Еванс, Д.; Флорес, Р.; Капорале, Џ.; 3) Симонели, Н.; Рехштајнер, М.; Рехштајнер, М.; Руиз-Еспарза, Л.; Гербих, Б.; Симпсон, К.; Заневич, К.; Захари, Б.; Рикетс, Л.; 4) Симпсон, Џ.; Бекмен, Ј.; Коркл, Џ.; Гербих, М.; Рикетс, Б.; Багер-Хансен, Л.; Џонс, А.; Заневич, К.; Равн, Џ.; Хипс, К.; 5) Споненберг, С.; Хајтсмен, А.; Капорале, Л.; Руиз-Еспарза, С.; Томас, Р.; Багер-Хансен, Б.; Вуд, М.; Вест, М.; Ветергрен, К.; Нисинен, Е.