Се сеќаваш ли?
Дали со ценење си ги прочитал поновите изданија на Стражарска кула? Тогаш, провери дали можеш да одговориш на следниве прашања:
▫ Каква практична помош може да им се даде на болните и на старите во собранието денес?
Во раното христијанско собрание постоел попис на вдовици на кои им била потребна материјална поддршка (1. Тимотеј 5:9, 10). На сличен начин и денес, старешините можат да направат список на болни и стари на кои им е потребно посебно внимание. Меѓутоа, не треба да се остави само на старешините да ја преземат иницијативата на тоа подрачје. Сите во собранието мораат да бидат свесни за таквите потреби (1. Тимотеј 5:4-8; 15. 8., страници 28, 29).
▫ Дали е неверојатен библискиот извештај за Јона дека го проголтало морско животно?
Не, и сперм-китот и големата бела ајкула или китот-ајкула можат да проголтаат човек. Понатаму, самиот Исус потврдил дека извештајот за Јона е вистинит (Матеј 12:39, 40; 15. 8., страница 32).
▫ Каква штета произлегува од празноверната употреба на амулети и амајлии?
Нивната употреба всушност ги одвраќа луѓето разумно да се соочат со своите проблеми и ги поттикнува да се надеваат на среќата како на лек за сѐ. Исто така, на оној што ги користи му даваат лажно чувство на сигурност. Што е уште поважно, оној кој положува вера во моќта на волшебни амулети и амајлии за среќа може контролата на неговиот живот да им ја препушти на невидливи демонски сили (1. 9., страница 4).
▫ Кои четири елементи можат да придонесат еден брак да биде траен?
Тоа се спремноста да слушаш, способноста да се извиниш, умешноста да пружиш цврста емоционална поддршка и желбата срдечно да допреш (1. Коринтјаните 13:4-8; Ефесјаните 5:33; Јаков 1:19; 1. 9., страница 20).
▫ Кој е еден начин на кој Јехова им дава истрајност на оние кои се соочуваат со искушенија?
Јехова го прави тоа преку примерите на истрајност запишани во неговата Реч, Библијата (Римјаните 15:4). Додека ги разгледуваме, охрабрени сме да истраеме и многу учиме за тоа како да истраеме (15. 9., страници 11-12).
▫ Што е оддаденост на Бог?
Оддаденоста на Бог се однесува на оддаденост на Јехова која нѐ поттикнува да го правиме она што му е угодно, па дури и кога сме соочени со тешки искушенија, затоа што го сакаме Бог од срце (15. 9., страница 15).
▫ Како треба да гледаме на Божјата милосрдност?
Никогаш не треба лесно да ја сфаќаме Божјата голема милосрдност. Мораме да бидеме како Павле и да го покажеме нашето ценење така што ќе се бориме против нашите сопствени несовршености (1. Коринтјаните 9:27). На тој начин, дури и соочени со потешкотии, ќе покажеме дека имаме искрена желба да го правиме она што е исправно (1. 10., страница 23).
▫ Зошто е прикладно тоа што Павле ја навел долготрпеливоста како прв аспект на љубовта?
Речено е дека не може да постои такво нешто како што е христијанското заедништво без долготрпеливост, т. е. без трпеливо да се поднесуваме меѓусебно. Тоа е така затоа што сите ние сме несовршени, а нашите несовршености и недостатоци се искушение за другите луѓе. Според тоа, долготрпеливоста е битна ако сакаме меѓу браќата да постои љубов (15. 10., страница 21).
▫ Дали раните христијани го употребувале Божјето име?
Доказите велат: „Да“. Исус ги поучувал своите следбеници да му се молат на Бог: „Да се свети името Твое“ (Матеј 6:9). И при крајот од својата служба, тој се молел на својот небесен Татко: „Го јавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот“ (Јован 17:6). Освен тоа, раните примероци на Септуагинта-та, го содржеле Божјето име во облик на хебрејскиот тетраграматон (1. 11., страница 30).
▫ Кои библиски примери покажуваат дека начинот на кој се соочуваме со нашите грешки може да влијае на нашиот живот?
Царот Саул тврдоглаво одбивал совет, и неговите грешки се намножиле, така што конечно кулминирале со неговата смрт во Божја немилост (1. Царства 15:17-29). Од друга страна, и покрај неговите грешки и гревови, царот Давид покајнички прифатил исправка и му останал верен на Јехова. Овие библиски примери покажуваат дека ако ги признаваме нашите грешки, тоа ќе ни помогне да задржиме добар однос со Бог и така да го имаме изгледот на вечен живот (Псалм 31:1-5; 15. 11., страници 29, 30).
▫ Како Јехова му помага на својот народ кога тие се во неволја поради природни катастрофи или други причини?
Јехова доаѓа на помош не преку чудесно преобраќање на природните сили во спротивна насока или преку некоја друга натприродна постапка, како што многу луѓе мислат, туку преку една друга сила која повеќето луѓе не ја разбираат вистински — љубовта. Да, Јехова вистински го сака својот народ и меѓу нив развил меѓусебна љубов која е толку силна што тој може да го постигне она што за нив изгледа чудесно (1. Јованово 4:10-12, 21; 1. 12., страница 10).