ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/2 стр. 4-7
  • Управители на злото

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Управители на злото
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Првиот бунтовник
  • Се побунуваат и други ангели
  • Непријатели на човештвото
  • Уште колку долго ќе бидат поднесувани?
  • Побуна во духовниот свет
    Духови на мртвите — дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?
  • Владетели во духовното подрачје
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Непријател на вечниот живот
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/2 стр. 4-7

Управители на злото

БИБЛИСКОТО објаснување за улогата на демоните во човечките збиднувања дава одговор на темелни прашања во врска со злото, кои инаку не би биле одговорени.

Еден есеј во списанието Time се обиде да ја објасни ситуацијата: „Понекогаш младите војници силуваат со цел да им угодат на своите претпоставени, нивните офицери, и да добијат татковско одобрување. Силувањето е доказ дека ѝ припаѓаат на својата крволочна единица. Млад човек кој е спремен да направи ужасни работи ја потчинил својата совест на поединец во името на некомпромисните цели на групата. Таквиот човек ја докажува својата лојалност со извршување на ужасни дела“.

Но, зошто ‚некомпромисните цели на една група‘ се посрамни од личната совест на нејзините членови? Како поединец, речиси секој сака да живее во мир со својот сосед. Зошто тогаш во време на војна луѓето силуваат, тероризираат и се убиваат меѓусебно? Клучна причина е што во акција стапуваат демонските сили.

Сфаќањето на улогата на демоните го решава и она што се нарекува „теолошки проблем“. Проблемот е како да се усогласат три тврдења: (1) Бог е семоќен; (2) Бог е полн со љубов и добар; и (3) се случуваат ужасни работи. Некои сметаат дека е можно да се усогласат било кои две од овие тврдења, но никогаш не можат да бидат усогласени сите три. Самата Божја Реч дава одговор, и во тој одговор се вклучени невидливите духови, управителите на злото.

Првиот бунтовник

Библијата ни вели дека самиот Бог е дух (Јован 4:24). Со текот на времето станал Творец на милиони други духовни суштества, ангелски синови. Во визија, Божјиот слуга Даниел видел стотици милиони ангели. Сите духовни лица кои ги создал Јехова биле праведни и во склад со неговата волја (Даниил 7:10; Евреите 1:7).

Подоцна, кога Бог ‚ги поставувал основите на земјата‘, овие ангелски синови Божји ‚извикувале од радост‘ (Јов 38:4-7). Но еден од нив развил желба да приграби за себе обожавање кое со право му припаѓа само на Творецот. Со тоа што се побунил против Бог, овој ангел се направил сатана (што значи „противник“) и ѓавол (што значи „клеветник“). (Спореди Језекиил 28:13-15.)

Употребувајќи ја змијата во Еден да зборува со првата жена Ева, Сатана ја навел на непослушност спрема Божјата директна заповед да не јаде од плодот на извесно дрво во градината. После тоа ѝ се придружил и нејзиниот сопруг. На тој начин, првата човечка двојка му се придружила на ангелот во побуната против Јехова (1. Мојсеева 2:17; 3:1-6).

Додека настаните во Еден можеби изгледаат како јасна лекција за послушноста, две важни морални спорни прашања биле двигнати таму од страна на Сатана. Прво, Сатана оспорувал дека Јеховиното владеење над неговите суштества се спроведува праведно и за нивна најдобра корист. Можеби луѓето подобро би управувале самите. Второ, Сатана поставил прашање, дали некое интелигентно суштество ќе остане верно и лојално на Бог кога изгледа дека послушноста нема да донесе материјална благосостојба.a

Јасното разбирање на прашањата двигнати во Еден, заедно со спознанието за Јеховините особини, ни помагаат да го сфатиме решението на „теолошкиот проблем“, имено, да се усогласи постоењето на злото со Божјите особини на моќ и љубов. Иако е вистина дека Јехова поседува неограничена моќ и дека самиот е персонификација на љубовта, тој исто така е мудар и праведен. Овие четири атрибути ги пројавува во совршена рамнотежа. Затоа не ја употребил својата неограничена моќ за веднаш да ги уништи тројцата бунтовници. Иако би било праведно, не би било мудро или полно со љубов. Сепак не се случило едноставно да прости и заборави — постапка која некому би изгледала како решение на љубовта. Кога би сторил такво нешто, тоа не би било мудро ни праведно.

Било потребно време за да се решат прашањата кои ги поставил Сатана. Требало време да се докаже дали луѓето можат исправно да владеат со самите себе независно од Бог. Дозволувајќи им на тројцата бунтовници и понатаму да живеат, Јехова исто така им овозможил на суштествата да учествуваат во докажувањето на Сатановото лажно тврдење со тоа што верно ќе му служат на Бог под тешки околности.b

Јехова јасно им рекол на Адам и Ева дека ако јадат од забранетиот плод ќе умрат. И навистина умреле, иако Сатана ја уверувал Ева дека таа нема да умре. Сатана и самиот е под смртна казна; во меѓувреме продолжува да го заведува човечкиот род. Всушност, Библијата вели: „Целиот свет лежи во зло [моќта на злобниот, НС]“ (1. Јованово 5:19; 1. Мојсеева 2:16, 17; 3:4; 5:5).

Се побунуваат и други ангели

Недолго после настаните во Еден, и други ангели се придружиле во побуната против Јеховиниот суверенитет. Библијата наведува: „А кога луѓето почнаа да се множат на земјата, и ќерки им се народија, тогаш синовите Божји, гледајќи ги ќерките човечки дека се убави, ги земаа, кои што ги сакаа, за жени“. Со други зборови, овие ангели ‚го напуштиле своето живеалиште‘ [на небото, НС] и дошле на Земјата, се материјализирале во човечки облик и уживале телесни задоволства со жени (1. Мојсеева 6:1, 2; Јуда 6).

Извештајот продолжува во 1. Мојсеева 6:4: „А имаше во тоа време џинови [Нефилими, НС] на земјата, особено, пак, кога синовите Божји почнаа да влегуваат при ќерките човечки и тие почнаа да им раѓаат; тоа се силните луѓе, прочуени од старото време“. Овие хибридни синови родени од жени, а зачнати од ангели, биле абнормално големи, ‚силни луѓе‘. Тоа биле насилни луѓе или Нефилими, хебрејски збор кој значи „оние кои соборуваат други“.

За забележување е што овие настани подоцна нашле израз во легендите на древните цивилизации. На пример, вавилонскиот еп кој е стар 4.000 години ги опишува натчовечките потфати на Гилгамеш — моќен, насилен полубог кој „не оставил ниту една девица за нејзиното момче“. Друг пример, од грчката легенда, е натчовекот Херкул. Роден од Алкмена, жена, и зачнат од богот Зевс, Херкул започнал серија насилни доживувања откако ги убил својата жена и деца во напад од лудило. Иако ваквите приказни во голема мера биле извртувани како што биле пренесувани од генерација на генерација, поврзани се со она што Библијата го вели за Нефилимите и нивните бунтовни ангелски татковци.

Поради влијанието на злобните ангели и нивните натчовечки синови, Земјата била толку исполнета со насилство што Јехова одлучил да го уништи светот со голем потоп. Нефилимите загинале заедно со сите безбожни луѓе; единствени луѓе кои преживеале биле праведниот Ное и неговото семејство (1. Мојсеева 6:11; 7:23).

Меѓутоа, злите ангели не умреле. Наместо тоа, ги дематеријализирале своите човечки тела и се вратиле во духовното подрачје. Поради нивната непослушност не им било дозволено да се вратат во Божјето семејство од праведни ангели; ниту им било дозволено повторно да земат човечки тела како во времето на Ное. Сепак, и понатаму имале погубно влијание врз настаните на човештвото, под власта на „началникот на ѓаволите“, Сатана, Ѓаволот (Матеј 9:34; 2. Петрово 2:4; Јуда 6).

Непријатели на човештвото

Сатана и демоните секогаш биле убиствено настроени и свирепи. Сатана на различни начини ја уништил Јововата стока и убил многу негови слуги. Понатаму, ги убил Јововите десет деца предизвикувајќи „силен ветар“ кој ја урнал куќата во која се наоѓале. После такво нешто Сатана го погодил Јов со „лута рана — од стапалките на нозете негови до самото теме негово“ (Јов 1:7-19; 2:3, 7).

Демоните покажуваат слична злобна склоност. Во Исусово време, на луѓето им ги одземале говорот и видот. Предизвикале човек да се удира со камења. Фрлиле момче на земја и го ‚кршеле [силно го грчеле, НС]‘ (Лука 9:42; Матеј 9:32, 33; 12:22; Марко 5:5).

Ивештаите од целиот свет покажуваат дека Сатана и демоните се злобни како никогаш порано. Некои луѓе ги напаѓаат со болести. Други ги мачат со несоница, ужасни соништа или сексуална злоупотреба, или пак ги доведуваат до лудило, убиство или самоубиство.

Уште колку долго ќе бидат поднесувани?

Сатана и неговите демони нема да бидат толерирани засекогаш. Со добра причина Јехова им дозволил да постојат до ден-денес, но сега нивното време е кратко. На почетокот од ова столетие, направен е главниот чекор да се ограничи нивната сфера на активност. Книгата Откровение објаснува: „И настана војна на небото: Михаил [воскреснатиот Исус Христос] и неговите ангели војуваа против змевот [Сатана], а змевот и неговите ангели војуваа против нив; но не устојаа, и за нив веќе не се најде место на небото. И беше исфрлен големиот змев — старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше соборен на земјата, и заедно со него и ангелите негови беа исфрлени“ (Откровение 12:7-9).

Кој бил резултатот? Извештајот продолжува: „Затоа веселете се, небеса, и вие, кои живеете на нив!“ Праведните ангели можеле да се радуваат затоа што Сатана и неговите демони повеќе не биле на небото. Но што е со луѓето на Земјата? Библијата вели: „Тешко вам, кои живеете на земјата и морето, зашто ѓаволот слегнал при вас со голем гнев, оти знае дека му останува малку време!“ (Откровение 12:12).

Во својот гнев Сатана и неговите потчинети имаат намера да предизвикаат колку што е можно повеќе несреќи пред нивниот крај што претстои. Во овој век, се случиле две светски војни, а по завршувањето на втората преку 150 помали. Во нашиот речник се појавиле некои изрази кои ја одразуваат насилноста на оваа генерација: „бактериолошка војна“, „холокауст“, „полиња на смртта“, „сериски убијци“ и „атомска бомба“. Вестите се преполни со известувања за дроги, убиства, бомбардирања, психопатски канибализам, масакри, глад и тортури.

Добрата вест е дека овие работи се привремени. Во блиска иднина, Бог повторно ќе настапи против Сатана и неговите демони. Опишувајќи ја визијата од Бог, апостол Јован рекол: „Потоа видов како од небото слегуваше ангел, кој што го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја: го фати змевот, древната змија, која што е ѓаволот и сатаната — и го врза за илјада години; потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до завршувањето на илјадата години“ (Откровение 20:1-3).

После тоа, Ѓаволот и неговите демони ќе бидат ‚пуштени за малку време‘ и потоа засекогаш ќе бидат уништени (Откровение 20:3, 10). Колку прекрасно време ќе биде тоа! Со Сатана и неговите демони уништени засекогаш, Јехова ќе биде „секому сѐ“ (НС). И секој навистина ‚ќе се насладува во изобилен мир‘ (1. Коринтјаните 15:28; Псалм 36:11).

[Фусноти]

a Тоа било разјаснето подоцна кога за Божјиот слуга Јов Сатана рекол: „Кожа за кожа, а за животот свој човек ќе даде и сѐ што има; но ајде пружи рака и допри се до коските негови и плотта негова, — ќе Те благословува ли и тогаш?“ (Јов 2:4, 5).

b За подетална дискусија за тоа зошто Бог го допушта злото, види ја книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Слика на страница 7]

Дали е одговорен само човекот за вакви работи, или за тоа се криви и злобни невидливи сили?

[Извор на слика]

Запалени нафтоносни извори во Кувајт 1991: Chamussy/Sipa Press

[Слика на страница 7]

Колку прекрасно време ќе биде кога демоните повеќе нема да го угнетуваат човештвото!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели