ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/2 стр. 3-4
  • Што се тоа култови?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што се тоа култови?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е тоа култ?
  • Дали се Јеховините сведоци култ?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Тајност во името на Господ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Девственост — зошто?
    Разбудете се! 1997
  • Зошто сета таа тајност?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/2 стр. 3-4

Што се тоа култови?

ПОВЕЌЕ од сто претставници на законот, на 28. февруари 1993, нападнале еден комплекс од згради во кој живеат десетици мажи, жени и деца. Целта им била да пронајдат некакво илегално оружје и да уапсат некој осомничен криминалец. Агентите, меѓутоа, се изненадиле кога од зградите им бил упатен рафален истрел. И тие возвратиле со оган.

Во овој жесток судир паднале десет мртви, а повеќемина биле ранети. Во текот на следните 50 дена, стотици претставници на власта, доволно вооружени за една мала војна, го држеле комплексот под опсада. Од мртвата точка се поместиле со конечната пресметка зад која останале 86 мртви, вклучувајќи најмалку 17 деца.

Но кој бил непријателот? Вооружена банда од трговци со дрога? Некоја герилска фракција? Не. Како што можеби знаете, „непријателот“ бил група религиозни поклоници, членови на еден култ. Нивната трагедија претвори едно безначајно место во прериите на централен Тексас (САД), во средиште на меѓународното внимание. Медиумите за известување ги преплавија етерот и печатот со купишта извештаи, анализи и коментари за опасностите од фанатични култови.

Јавноста беше потсетена на претходните случаи во кои членови на култови биле одведени во смрт од страна на нивните водачи: Мансоновите убиства во Калифорнија во 1969; масовното самоубиство на членовите на култот во Џонстаун (Гвајана) во 1978; пактот за самоубиство во 1987-та што го замислила Парк Сун-ја, водачка на култ од Кореја, поради кој умреле 32 члена. Значајно е тоа што повеќето од овие луѓе тврдат дека се христијани и исповедаат вера во Библијата.

Се разбира, многумина кои ја почитуваат Библијата како Реч на Бог се ужаснати од бесрамното злоупотребување на Писмото од страна на овие култови. Затоа, низ годините се основале стотици организации кои имаат за цел да ги надзираат култовите и да ги разоткриваат нивните опасни обичаи. Стручњаците за култно однесување претскажуваат дека новиот милениум што ќе настапи по неколку години ќе го откочи размножувањето на култови. Едно новинско списание забележало дека според антикултните групи, постојат илјадници култови „кои се спремни да завладеат со твоето тело, да ти го контролираат умот, да ти ја расипат душата. . . . Само неколку се наоружани, но повеќето се сметаат за опасни. Тие ќе те заведат и ќе те оголат, ќе те оженат и ќе те закопаат“.

Што е тоа култ?

Терминот „култ“ го користат погрешно многумина кои не се сосем запознаени со неговите конотации. За да не предизвикаат забуна, некои теолози всушност избегнуваат да го користат тој термин.

The World Book Encyclopedia објаснува дека „традиционално, терминот култ се однесува на кој било облик на обожавање или вршење ритуал“. По тој критериум, сите религиозни организации може да се класифицираат во култови. Меѓутоа, во општата употреба денес зборот „култ“ има поинакво значење. Истата енциклопедија забележува дека „од средината на 1900-те, публицитетот околу култовите го промени значењето на терминот. Денес, тој се применува на групи кои следат жив водач кој унапредува нови и неортодоксни доктрини и обичаи“.

Потврдувајќи ја општата употреба на терминот, списанието Newsweek објаснува дека култовите „обично се мали, маргинални групи чии членови ги извлекуваат своите идентитет и цел од поединечна, харизматска личност“. Слично на тоа, списанието Asiaweek забележува дека „терминот [култ] самиот по себе е двосмислен, но обично означува ново религиозно кредо изградено околу харизматски водач кој често тврди за себе дека е персонификација на Бог“.

Јазикот што е употребен во попратната резолуција на 100-от Државен конгрес на Мериленд (САД) исто така пренесува понижувачка конотација на терминот култ. Резолуцијата наведува дека „култ е група или движење кое покажува исклучителна оддаденост на лице или идеја и се служи со неетички манипулативни техники на убедување и контролирање за да се унапредат целите на неговите водачи“.

Очигледно, култовите воглавно се сфатени како религиозни групи со радикални гледишта и обичаи кои се во судир со она што е денес прифатено како нормално однесување во општеството. Своите религиозни активности обично ги вршат во тајност. Голем број од овие култски групи дословно се изолираат во комуни. Најверојатно, нивната оддаденост на самопрогласените човечки водачи треба да е безусловна и исклучителна. Често овие водачи се замислуваат себеси дека се избраници на Бог, па дури и дека самите имаат божествена природа.

Понекогаш, антикултните организации и медиумите се осврнале на Јеховините сведоци како на култ. Извесен број од поновите новински статии ги мешаат Сведоците со религиозните групи кои се познати по своите сомнителни обичаи. Но, дали е исправно човек да укажува на Јеховините сведоци како на мала маргинална религиозна група? Членовите на култ често се изолираат себеси од пријателите, семејството, па дури и од општеството воопшто. Дали постапуваат така и Јеховините сведоци? Дали користат Сведоците измамнички и неетички техники да привлечат членови?

Водачите на култови се познати по тоа што користат манипулативни методи за да ги контролираат умовите на нивните следбеници. Постои ли некаков доказ дека Јеховините сведоци го прават тоа? Дали е нивното обожавање обвиткано со тајност? Дали следат и се поклонуваат на човечки водач? Поточно, дали се Јеховините сведоци култ?

[Извор на слика на страница 3]

Jerry Hoefer/Fort Worth Star Telegram/Sipa Press

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели