Објавителите на Царството известуваат
Достигнување на оддалечените населби на Гренланд
МНОГУ децении наназад, Јеховините сведоци ги користеле списанијата Стражарска кула и Разбудете се! во проповедањето на добрата вест. Овие списанија ја величаат Јеховината мудрост како што е изразена во неговата Реч, Библијата. Тие продолжуваат да ги следат светските настани кои се однесуваат на библиските пророштва и разумниот совет од Библијата го применуваат на современите проблеми (Јаков 3:17).
Во 1994, Сведоците на Гренланд вложиле посебен труд списанијата Стражарска кула и Разбудете се! да ги понудат на што е можно повеќе луѓе. Во текот на летото, тие направиле подготовки да посетат некои од најоддалечените населби на Гренланд. Една група објавители на Царството патувала со брод повеќе од 4.000 километри, покрај западниот брег, сѐ до Дандас (Туле), достигнувајќи некои од најсеверните општини на глобусот. Нивното патување траело седум недели. На источниот брег, еден пар Сведоци стигнале до населбата Идоргрордормит и на тој начин тоа место за првпат било темелно обработено со добрата вест.
На почетокот на годината, во текот на месец април, на луѓето од Гренланд им биле врачени 7.513 примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Тоа значи дека, во просек, секој од 127-те објавители на Царството дал по 59 списанија — 1 списание на секој 7-ми жител. Тој месец, Разбудете се! содржеше серија статии со тема на насловната страна: „Рак на дојката — страв на секоја жена“. Една сестра која поделила 140 списанија, неколку примероци од тоа Разбудете се! ѝ оставила на една телевизиска репортерка. Неколку дена подоцна, овие статии за рак на дојката биле прикажани на телевизиските вести. Репортерката го ставила списанието пред телевизиските камери, покажувајќи неколку страници, додека во исто време го фалела квалитетот на гренландскиот превод. Исто така, таа ги истакнала и практичните предлози кои стоеле во Разбудете се!, како превентивна здравствена нега.
Сестрата која ѝ ги дала списанијата на репортерката, била интервјуирана во истата ТВ емисија. Таа одговорила на неколку прашања во врска со Јеховините сведоци и зборувала за широката дистрибуција на списанијата во тој месец. Коментирала и за практичната мудрост што се наоѓа во Библијата и укажала на тоа дека еден таков разумен совет може да ни помогне да излеземе на крај со денешните проблеми.
Емисијата завршила со интервју на претседателката на Гренландското здружение за рак. Таа истакнала дека никогаш не видела толку добар и толку информативен материјал за оваа тема на својот мајчин јазик. Потоа, на сите оние кои се интересирале за темата — рак на дојката — таа им предложила да ги прочитаат статиите од Разбудете се! Рекла дека постои добра причина да се биде благодарен на Јеховините сведоци за нивната иницијатива.
Како на Гренланд, така и ширум светот Јеховините сведоци продолжуваат да ја проповедаат добрата вест „на секое поднебесно создание“ (Колосјаните 1:23; Дела 1:8). Користејќи библиска литература, во која спаѓаат и Стражарска кула и Разбудете се!, им помагаат на сите видови луѓе да излезат на крај со проблемите на денешницата и воедно им даваат надеж за една подобра иднина.
[Карта на страница 8]
(Види во публикацијата)
Дандас (Туле)
Идоргрордормит
Нуук (Готхоб)