ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/8 стр. 4-7
  • Крај на стравот — кога?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Крај на стравот — кога?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Сигурност во Божјиот нов свет
  • Свет без крадци
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Да се излезе на крај со криминалот во хаотичен свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Крај на стравот — дали е можно?
    Разбудете се! 2005
  • Има ли решение за криминалот?
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/8 стр. 4-7

Крај на стравот — кога?

ДАЛИ би те изненадило сознанието дека вистинската безбедност е поврзана со еден човек кој живеел пред 2.000 години? За да ја нагласи потребата од љубов, Исус Христос кажал една значајна споредба: „Еден човек слегуваше од Ерусалим во Ерихон, и сретна разбојници, кои го соблекоа и му направија рани, и си отидоа, оставајќи го полумртов“. Иако двајца патници не ѝ обрнале внимание на жртвата, љубезниот Самарјанин покажал милост. Но, кој се грижи за жртвите од денешниот криминал? Какво ослободување од стравот можеме да очекуваме? (Лука 10:30-37).

Иако изјавуваат дека веруваат во Бог, многумина сметаат дека законот и редот треба да бидат спроведени од страна на луѓето. Но, дали потешките затворски казни или побројната и подобро платена полиција ќе му стават крај на насилничкиот криминал? Дали навистина веруваш дека органите за спроведување на законот, и покрај искрените напори да воведат одредена мерка на сигурност, ќе ги отстранат работите како што се злоупотребата на дрога, организираниот криминал и сиромаштијата? Сепак, нашето гладување и жеднување за праведност не мора да бидат напразни (Матеј 5:6).

Псалм 45:1 вели: „Бог ни е нам прибежиште и сила, помошник, на секој кој во мака ќе се најде“. Ќе видиме дека овие зборови не се само некаква убава поезија.

Како што веќе знаеш, вестите од медиумите секојдневно известуваат за безмилосни убивања во цивилните војни, како и за терористички напади. Во некои делови од светот станало вообичаено да се истребуваат непожелните млади луѓе или оние кои биле сведоци на некаков криминал. Зошто животот станал толку ефтин? Иако можеби има различни причини за таквото насилство, постои една причина што не би требало да ја занемариме.

Според Божјата Реч, Библијата, „целиот свет лежи во власта на злобниот“ (1. Јованово 5:19, НС). Всушност, Исус Христос го нарекол Сатана Ѓаволот не само лажливец туку и „човекоубиец“ (Јован 8:44). Влијаејќи врз луѓето на различни начини, ова моќно духовно суштество го потпомага денешниот пораст на насилството. „Тешко вам, кои живеете на земјата и морето, зашто ѓаволот слегнал при вас со голем гнев, оти знае дека му останува малку време“, вели Откровение 12:12. Но, за среќа, овој злобен систем ќе биде заменет со „ново небо и нова земја, на кои ќе се настани правда“ (2. Петрово 3:13).

Освен оваа прекрасна надеж за еден нов свет, каква помош имаме уште сега?

Пред да го побараме точниот одговор, добро е да задржиме на ум дека дури и на првите христијани не им било гарантирано дека ќе бидат заштитени од криминал. Апостол Павле опишал некои ризици со кои лично се соочил. Тој бил „во опасност од реки, во опасност од сонародници, во опасност од разбојници, во опасност од друговерци, во опасност по градови, во опасност по пустињи, во опасност по море“ (2. Коринтјаните 11:26). Сепак, Павле ги преживеал тие опасности. Исто е и денес; ако бидеме претпазливи, ќе можеме, и покрај сѐ, да ги извршуваме своите обврски колку што е можно понормално. Да разгледаме некои работи кои ќе ни бидат од помош.

Ако некој живее во опасна средина, доброто однесување може да биде заштита бидејќи луѓето внимателно ги набљудуваат другите. Иако крадците планираат и извршуваат злодела, многумина од нив се сметаат себеси за обични луѓе. Избегнувај да ги критизираш нивните постапки и не се обидувај да откриеш во што сѐ се вмешани. На тој начин ќе ја намалиш можноста да бидеш предмет на одмазда. Имај на ум дека крадците сакаат да откријат кој купил нешто ново или кој ќе оди на годишен одмор и ќе биде отсутен од дома, па затоа биди претпазлив за тоа што ќе им доверуваш на другите.

Многу Јеховини сведоци откриле дека нивниот глас како проповедници им дал одредена мерка на заштита. Криминалците честопати покажале дека ги почитуваат таквите христијани, кои без предрасуди се даваат себеси за да им помагаат на луѓето во општеството. Сведоците не се убијци или крадци ниту, пак, ‚се мешаат во туѓи работи‘, па затоа не претставуваат никаква закана (1. Петрово 4:15).

Сигурност во Божјиот нов свет

Ние жалиме поради ‚умножувањето на беззаконијата‘, што го прорекол Исус Христос, но наместо да бидеме премногу загрижени, можеме да бидеме сигурни дека наскоро Бог ќе го отстрани овој злобен систем. Освен тоа што прорекол дека ќе биде проповедана „оваа добра вест за Царството“ (НС), Исус ги потсетил своите следбеници: „Кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен“ (Матеј 24:12-14).

Можеме да бидеме сигурни дека оние кои ги пљачкаат другите, а понекогаш и со неверојатна суровост, ќе бидат отстранети. Изреки 22:22, 23 вели: „Не ограбувај сиромав, зашто тој е сиромав, и не притеснувај страдалник при портите, — оти Господ ќе се застапи за нив, и ќе ја истргне душата на грабачите нивни“. Јехова ќе ги отстрани злосторниците, како што се крадците, убијците и сексуално перверзните луѓе. Освен тоа, тој нема да ги заборави жртвите на таквите злодела. Ќе ги надомести нивните загуби и потполно ќе им го обнови здравјето.

Навистина, оние кои ‚се клонат од зло и прават добро‘, ќе добијат вечен живот — било со тоа што ќе ја преживеат големата неволја која доаѓа или со тоа што ќе бидат воскреснати од мртвите. „Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно“ (Псалм 36:27-29). Таквите благослови ќе бидат можни поради Исусовата откупна жртва (Јован 3:16). Но, каков ќе биде животот во обновениот Рај?

Животот под Божјето Царство ќе биде вистинско задоволство. Јехова прорекува: „Народот Мој ќе живее во мирни живеалишта и во безопасни села и во пребивалишта на блажените“ (Исаија 32:18). Сите оние кои ќе добијат вечен живот, претходно ќе ја имаат променето својата личност. Никој нема да биде злобен или неправеден ниту, пак, некој ќе биде потенцијална жртва на некоја таква личност. Пророкот Михеј вели: „Секој ќе седи под лозата своја и под смоквата своја, и никој нема да ги плаши“ (Михеј 4:4; Језекиил 34:28). Каква само спротивност е тоа во однос на денешната опасна средина!

[Рамка на страница 6]

БИДИ ПРЕТПАЗЛИВ

Многу криминалци работат нон–стоп, правејќи го криминалот своја професија. Обично работат во групи од по двајца или тројца, иако можеби само еден ќе го впери пиштолот во тебе. Сѐ поочигледно е дека колку е помлад криминалецот толку е поопасен. Што треба да сториш ако станеш нечија жртва?

Остани мирен за да не го изнервираш крадецот — неговото неискуство може да биде опасно по живот. Ако си Јеховин сведок, изјасни се како таков. Сепак, биди спремен да го предадеш она што го бара крадецот. Ако одложуваш, опасноста ќе се зголеми. Подоцна можеби ќе процениш дека нема да биде опасно ако ги побараш назад своите лични документи и автобускиот билет.

Честопати не може да се препознае кој е криминалец. Некои крадци се зависници од дрога или се професионалци, а други сакаат само да имаат за храна. Во секој случај, не носи со себе голема сума пари. Избегнувај да истакнуваш накит, златни прстени или скапи часовници. Оди и патувај нормално, не покажувајќи страв. Не вперувај го погледот во луѓето како да ти се сомнителни. Во случај на улични престрелки, легни долу; облеката може да се исчисти подоцна (Поранешен полицаец од Рио де Жанеиро).

[Слика на страница 5]

Остани мирен и предај го она што го бара крадецот. Ако одложуваш, опасноста ќе се зголеми

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели