ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/7 стр. 25-27
  • Божјата Реч прави „чуда“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјата Реч прави „чуда“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Мојата потрага по Божјиот народ
  • Проповедање во моето родно место
  • „Чуда“ направени од Божјата Реч
  • Приближувањето до Бог ми помогна да се борам
    Разбудете се! 1993
  • Ќе ‚скокам како елен‘
    Разбудете се! 2006
  • Верна на Бог повеќе од 70 години
    Разбудете се! 2009
  • Најдов вистинско богатство во Австралија
    Разбудете се! 1994
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/7 стр. 25-27

Божјата Реч прави „чуда“

РАСКАЖАЛА ТЕРЕ́З ЕО́Н

Еден ден во 1965 година, влегов во една фирма и на трговците им нудев примероци од списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Кога се свртев да си одам, чув едно бум. Еден куршум удри во подот крај моите нозе. „Вака треба со Јеховините сведоци“ — се подигруваше еден од трговците.

ТОА доживување ме исплаши — но не доволно за да прекинам со полновремената служба. Библиските вистини што ги имав научено беа премногу драгоцени за да дозволам нешто да ме натера да ја отфрлам мојата служба. Да ви објаснам зошто го велам ова.

По моето раѓање во јули 1918 година, моите родители се населија во Кап де ла Мадлен, едно селце во Квебек (Канада), познато како Место на чудата. Посетителите се слеваа ваму за да му се поклонат на светилиштето на дева Марија. Иако наводните чуда на Марија не можат да се докажат, Божјата Реч во животите на многу луѓе направи нешто што е практички чудесно додека селото порасна во град со преку 30.000 жители.

Кога бев на околу 20-годишна возраст, татко ми го виде мојот интерес за религиозни работи и ми ја даде својата Библија. Кога почнав да ја читам, бев шокирана откако дознав од 2. Мојсеева, поглавје 20, дека обожавањето ликови е јасно осудено. Веднаш изгубив доверба во учењата на Католичката црква и престанав да присуствувам на миса. Не сакав да обожавам кипови. Сѐ уште можам да го чујам татко ми како вели: „Тере́з, не одиш в црква?“ „Не“ — одговорив — „ја читам Библијата.“

Читањето на Библијата и понатаму беше дел од мојот живот дури и откако се омажив во септември 1938 година. Поради тоа што мојот сопруг, Розер, често работеше ноќе, стекнав навика да ја читам Библијата кога тој беше на работа. Наскоро дојдов до заклучокот дека Бог сигурно има народ, па почнав да го барам.

Мојата потрага по Божјиот народ

Поради она што го бев научила во црквата, кога бев млада се плашев да одам да спијам од страв да не се разбудам во пеколот. За да се борам против таквиот страв, си велев дека еден Бог на љубовта нема да дозволи да се случи нешто толку страшно. Со доверба продолжив да ја читам Библијата, трагајќи по вистината. Бев како етиопскиот евнух кој ја читал Библијата но не ја разбирал (Дела 8:26—39).

Отприлика во 1957 година, брат ми Андре́ и неговата сопруга, кои живееја во еден стан на катот под нас, почнаа да ја проучуваат Библијата со Јеховините сведоци. Ѝ реков на снаа ми да ме предупредува со чукање на таванот кога Сведоците ќе дојдат да проповедаат во зградата. На тој начин знаев дека не треба да отворам. Еден ден таа заборави да ме предупреди.

Тој ден ја отворив вратата и ја запознав Кеј Мандеј, пионерка, како што се нарекуваат полновремените слуги на Јеховините сведоци. Ми зборуваше за Божјето име, објаснувајќи дека Бог има лично име, Јехова. Откако таа замина, јас проверив во мојата Библија за да потврдам дека она што таа го рече беше навистина поткрепено со библиски текстови. Моето истражување ме направи многу среќна (2. Мојсеева 6:3, Douay Version, фуснота; Матеј 6:9, 10; Јован 17:6).

Кога Кеј дојде повторно, дискутиравме за католичката доктрина тројство, која тврди дека Бог е составен од три личности во еден Бог. Подоцна, внимателно ја испитав мојата Библија за самата да се уверам дека таа не учи за тројство (Дела 17:11). Моето проучување потврди дека Исус не е толку величествен како Бог. Тој бил создаден. Тој имал почеток, а Јехова немал (Псалм 89:1, 2; Јован 14:28; Колосјаните 1:15—17; Откровение 3:14). Задоволна од она што го учев, ми беше драго да продолжам со библиските дискусии.

Еден ден во 1958 година, за време на една ноемвриска меќава, Кеј ме покани да присуствувам на еден покраински конгрес што се одржуваше истата вечер во една изнајмена сала. Ја прифатив поканата и уживав во програмата. По тоа, во разговорот со еден Сведок кој ми пријде, прашав: „Мора ли еден вистински христијанин да проповеда од куќа до куќа?“

„Да“ — рече тој — „добрата вест мора да се објави, а Библијата открива дека посетувањето на луѓето во нивните домови е еден важен метод на проповедање“ (Дела 20:20).

Колку само се воодушевив од неговиот одговор! Тоа ме увери дека сум го нашла Божјиот народ. Да беше рекол: „Не, тоа не е потребно“, би се посомневала дека сум ја пронашла вистината, бидејќи знаев што велеше Библијата за проповедањето од куќа до куќа. Од тој момент, брзо напредував во духовен поглед.

После тој покраински конгрес, почнав да присуствувам на состаноците на Јеховините сведоци што се одржуваа во соседниот град Троа Ревијер. Кеј и нејзината партнерка Флоренс Боман беа единствените Сведоци кои живееја во Кап де ла Мадлен. Еден ден реков: „Утре ќе дојдам со вас да проповедам“. Тие беа среќни што ќе ги придружувам.

Проповедање во моето родно место

Мислев дека секој ќе ја прифати библиската порака, но брзо научив дека тоа не е така. Кога Кеј и Флоренс беа доделени во друго место, јас бев единствената во градот која ги проповедаше библиските вистини од куќа до куќа. Без страв продолжив да проповедам сама околу две години, сѐ до моето крштавање на 8 јуни 1963 година. Истиот ден се пријавив во она што тогаш се викаше феријална пионерска служба.

Продолжив како феријален пионер една година. Потоа, Делвина Сенлорен вети дека би дошла во Кап де ла Мадлен и дека би работела со мене еднаш неделно доколку станам општ пионер. И така ја пополнив мојата молба за пионер. Но, за жал, само две седмици пред да почнам со полновремената служба, Делвина умре. Што да правам? Па, ја имав пополнето молбата и не сакав да се повлечам. Така, во октомври 1964 година, почнав со мојата кариера во полновремената служба. Следните четири години одев сама од куќа до куќа.

Побожните католици од Кап де ла Мадлен честопати беа непријателски настроени. Некои викаа полиција во обидот да ме спречат од проповедањето. Еден ден, како што споменав на почетокот, еден трговец се обиде да ме заплаши пукајќи во моите нозе. Арно ама, ова крена прилично прав во градот. Локалната телевизиска станица тоа го нарече поход против Јеховините сведоци. Целиот инцидент резултираше со едно поволно сведоштво. Патем речено, после десет години, еден роднина на трговецот кој пукаше, и самиот стана Сведок.

„Чуда“ направени од Божјата Реч

Низ годините, гледав како ѕидот од противење спрема библиските вистини во Кап де ла Мадлен постепено се распаѓа. Отприлика во 1968 година, овде се преселија и други Сведоци, а мештаните почнаа да се одѕиваат на библиските вистини. Во почетокот на 1970-тите, таму всушност имаше експлозија во бројот на библиски студии. Дојде до таа точка што морав да замолам други Сведоци да преземат неколку од библиските студии што ги водев за да можам и понатаму да имам некаков удел во службата од куќа до куќа.

Еден ден, една млада госпоѓа го зеде од мене помошното средство за проучување на Библијата, Вистина која води до вечен живот. Нејзин другар во тоа време беше еден младич по име Андре́, груб криминалец кој се придружи во разговорот. Дискусијата го побуди неговиот интерес и беше започната библиска студија. Набргу потоа, тој почна да им зборува на своите пријатели за она што го учеше.

Во еден момент, ја проучував Библијата со четворица гангстери, од кои еден не зборуваше многу, ама слушаше доста. Се викаше Пјер. Едно утро околу два часот, мојот сопруг и јас чувме тропање на вратата. Замислете си ја оваа сцена: На врата стоеја четворица гангстери со прашања за мене. За среќа, Розер никогаш не се жалеше на таквите неправовремени посети.

Во почетокот, четворицата мажи присуствуваа на состаноците. Меѓутоа, само Андре́ и Пјер истрајаа. Тие го доведоа својот живот во склад со Божјите мерила и се крстија. Веќе преку 20 години, обајцата верно му служат на Јехова. Кога почнаа да проучуваат, беа добро познати по својата криминална активност и беа надгледувани од страна на полицијата. Понекогаш, полицијата доаѓаше да ги бара после некоја од нашите библиски студии или за време на некој собраниски состанок. Среќна сум што им проповедав на „сите видови луѓе“ и што на тој начин од прва рака видов како Божјата Реч прави промени кои навистина изгледаат чудесни (1. Тимотеј 2:4, НС).

Да ми беше речено на почетокот од мојата служба дека во Кап де ла Мадлен ќе има Сала на Царството и дека ќе биде исполнета со Јеховин народ, не би поверувала. На мое задоволство, единственото мало собрание во соседниот град Троа Ревијер порасна на шест напредни собранија кои се состануваат во три Сали на Царството, вклучувајќи го и она во Кап де ла Мадлен.

Лично ја имав радоста да им помогнам на околу 30 лица да стигнат до точката на предание и крштавање. Сега, на возраст од 78 години, навистина можам да речам дека сум среќна што му го предадов својот живот на Јехова. Меѓутоа, морам да признаам дека имав напади на обесхрабрување. За успешно да ги победам таквите периоди, секогаш ја отворам мојата Библија и читам некои извадоци што многу ме освежуваат. За мене е незамисливо да дозволам да помине еден ден а да не ја читам Божјата Реч. Особено охрабрувачки е Јован 15:7, каде се вели: „Ако останете во Мене, и зборовите Мои во вас, тогаш, што и да посакате, барајте, и ќе ви биде“.

Мојата надеж е да го видам Розер во новиот свет што е толку близу (2. Петрово 3:13; Откровение 21:3, 4). Пред самата негова смрт во 1975 година, тој добро напредуваше кон крштавање. За сега сум одлучна да истрајам во полновремената служба и да продолжам да се радувам во Јеховиното дело.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели