ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/12 стр. 21-23
  • 101-от клас на Гилеад — ревносен за добри дела

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 101-от клас на Гилеад — ревносен за добри дела
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Практичен совет за да останат ревносни
  • Искуства кои охрабруваат на ревносна активност
  • Радувај се во надежта за Царството!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Дипломирање на студентите на Божјата Реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Гледај на работите од Божја гледна точка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Радувајте се во Јехова и бидете весели
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/12 стр. 21-23

101-от клас на Гилеад — ревносен за добри дела

НАШИОТ Творец, Јехова Бог, е ревносен за добри дела, а таков е и неговиот Син, Исус Христос. Како наш пример, Исус покажал ревност со тоа што ја извршил својата задача дадена од Бог, во која спаѓало да се даде ‚самиот Себе за нас, за да . . . си очисти народ избран, ревностен кон добри дела‘ (Тит 2:14). 48-те членови на 101-от клас на Библиската школа Гилеад на Watchtower сигурно ја покажаа својата ревност за добри дела. Програмата на промоцијата за овие мисионери се одржа на 7 септември 1996 година, во Образовниот центар на Watchtower во Патерсон (Њујорк).

Практичен совет за да останат ревносни

Претседавач на програмата на промоцијата беше Кери Барбер, член на Водечкото тело, со преку 70 години полновремена служба. Во своите уводни коментари, брат Барбер сврте внимание на Исусовата активност на проповедање и поучување, кој бил „Светлина на светот“ (Јован 8:12). Тој истакна дека Исус не ја чувал таа почесна улога за себе, туку ги поттикнувал и своите ученици да ја пуштат својата светлина да светли (Матеј 5:14—16). Оваа предност на службата му придава значење на животот на еден христијанин и става тешка одговорност врз плеќите на сите оние кои ‚живеат како деца на светлината‘ (Ефесјаните 5:8).

После тие уводни забелешки, беше најавен Дон Адамс од Извршните управи при главното седиште во Бруклин. Тој зборуваше за темата „Оди напред, а не назад“. Брат Адамс сврте внимание на самата школа Гилеад и на нејзината цел — да се прошири проповедањето на добрата вест до странски земји. Тој зборуваше за напредувањето на Божјата организација, која има издадено библиска литература ширум светот на преку 300 јазици. Книгата Спознание кое води до вечен живот, издадена 1995 година, е ставена на располагање на 111 јазици и се планира да се печати на уште повеќе. Таа веќе е од помош во помагањето на новите ученици на Исус да стигнат до точката на предание и крштавање за само неколку месеци. На тој начин, новите мисионери за нивното дело ќе ги имаат на располагање најновите помошни средства за библиска студија.

Потоа, Лајман Свингл, член на Водечкото тело, говореше за темата „Продолжете да му ја принесувате вашата света служба на Јехова“, темелена на Откровение 7:15. Поради тоа што самиот Јехова е среќен Бог, постојаното служење нему е она што го прави човекот среќен (1. Тимотеј 1:11, НС). Како резултат од оваа радосна служба, големо мноштво поединци од сите делови на Земјата почнале да го обожаваат. Низ годините, оние кои беа обучувани во школата Гилеад, имаа удел во помагањето на мнозина од овие да дојдат до точно спознание за вистината. Затоа, ја имаме секоја причина да веруваме дека Јехова и понатаму ќе ги благословува оние кои сега се испратени да соберат повеќе членови на растечкото големо мноштво.

„Да се одразува радоста на Јехова“ беше темата што ја истакна Даниел Сидлик, исто така член на Водечкото тело. Тој покажа дека сите Божји слуги, вклучувајќи ги и новите мисионери, ја имаат предноста да ги поучуваат луѓето за патот на вечниот живот и за начинот како да го извлечат најдоброто од животот сега. „Поучувањето“ — наведе брат Сидлик — „е самонаградувачко занимање. Тоа се одразува на лицата на луѓето кои го вршат поучувањето, како и на лицата на луѓето кои учат“ (Псалм 15:8—11). Тој цитираше еден мисионер од Естонија, кој рекол: „Ние ја имаме најголемата порака на лицето на Земјата, а нашето лице е тоа што ја одразува“. Нашиот израз на лицето може да отвори многу врати и да подбуди интерес. Луѓето сакаат да знаат што ги прави Јеховините слуги среќни. „Затоа, обрнете внимание на своето лице“ — советуваше брат Сидлик. „Луѓето уживаат да гледаат среќни луѓе.“

Јулизис Глас, кој учествуваше во давањето поука на студентите на Гилеад уште од 12-тиот клас во 1949 година, ѝ се обрати на публиката со темата „Со стрпливост, чувајте ги своите души“. Што е стрпливост? Таа ја пренесува мислата мирно да се чека нешто, покажувајќи воздржаност под провокација или напнатост. Стрпливото лице останува сталожено; нестрпливото лице станува непромислено и раздразливо. „Мнозина мислат дека стрпливоста е знак на слабост или неодлучност“ — забележа брат Глас. „Но, за Јехова таа дава знаци на сила и цел“ (Изреки 16:32). Кои се наградите што ги донесува стрпливоста? „Стрпливоста во момент на гнев ќе те поштеди од сто денови мака“ — вели една кинеска изрека. „Стрпливоста ја подобрува личноста на човекот“ — коментираше брат Глас. „Всушност, таа ги премачкува другите добри особини со политура на трајност. Таа ја прави верата пожелна, мирот — долготраен, а љубовта — непоколеблива“.

„Предност е да се добие доделба од Јехова Бог преку неговата организација“ — наведе Марк Нумар, кој 11 години служеше како мисионер во Кенија, а сега е инструктор во Гилеад. Додека ја развиваше темата „Ако немате вера, нема долго да истраете“, брат Нумар го сврте вниманието на примерот од цар Ахаз од Јуда. Исаија го уверил царот во Јеховината поддршка во неговата задача, но Ахаз сепак пропуштил да ја стави својата доверба во Јехова (Исаија 7:2—9). Брат Нумар потоа истакна дека мисионерите — всушност, сите ние — треба да имаат вера во Јехова за да можат долго да истраат на своите теократски доделби. Особените предизвици на една мисионерска доделба изискуваат цврста вера. „Секогаш имајте на ум дека не постои совршена ситуација во овој систем на ствари“ — наведе брат Нумар.

Искуства кои охрабруваат на ревносна активност

Во текот на курсот од нивното обучување во Гилеад, студентите секој викенд поминуваа време во јавната служба, која ќе биде и нивната главна грижа на нивните мисионерски доделби. Волас Ливеранс, член на наставничкиот кадар на Гилеад, интервјуираше 15 студенти, кои ги раскажаа своите искуства. Потоа, Леон Вивер од Одборот на службеното одделение и Лон Шилинг од Одборот за бетелски операции, интервјуираа членови на одбори на подружници од Африка и од Латинска Америка, кои раскажаа искуства од мисионерското поле и кои имаа некои добри совети за мисионерите кои дипломираат. Во Сиера Леона, беше истакнато, на околу 90 отсто од оние кои се крстија во текот на 1995 службена година, им помогнаа мисионери. Колку убав извештај за ревносна активност!

На крајот, на публиката од 2.734 лица ѝ се обрати Милтон Хеншел, претседателот на Друштвото, со темата „Јеховината видлива организација е единствена“. Што е тоа што ја прави Божјата организација неспоредлива? Тоа не е нејзината величина ниту, пак, нејзината моќ, туку фактот дека се води од Божјите праведни уредби и судски одлуки. Во старо време, Јеховиниот народ, нацијата Израел била таа на која ѝ биле доверени Неговите свети изјави, кои оваа нација ја направиле единствена (Римјаните 3:1, 2). Денес, Јеховината организација е обединета додека дејствува под водството на Исус Христос (Матеј 28:19, 20). Таа е напредна и расте. Дали постои некоја друга организација на Земјата чие Водечко тело се консултира со Божјата Реч, Библијата, пред да донесува важни одлуки? Во овие и во други погледи, Јеховината видлива организација навистина е единствена.

Прекрасната програма заврши со предавањето на дипломите и читањето на писмото од класот, во кое се изразуваше ценење за посебната обука.

[Рамка на страница 22]

Податоци за класот:

Број на застапени земји: 9

Број на земји во кои се доделени: 12

Број на студенти: 48

Просечна старост: 31,7

Просек на години во вистината: 13,8

Просек на години во полновремена служба: 9,8

[Слика на страница 23]

101-от клас што дипломираше на Библиската школа Гилеад на Watchtower

Во долната листа, редовите се нумерирани од напред наназад, а имињата се наведени одлево надесно во секој ред.

1) Свинт Х.; Зезенски А.; Хајфилд Л.; Меркадо С.; Диел А.; Чавез В.; Смит Џ.; Селениус С. 2) Курц Д.; Кларк С.; Лисборн Џ.; Мортенсен В.; Бромили А.; Тоика Л.; Мартен А.; Смит Д. 3) Зезенски Д.; Бјерегард Л.; Гарафало Б.; Калдал Л.; Чавез Е.; Фродинг С.; Кан Р.; Селениус Р. 4) Свинт Б.; Бјерегард М.; Гарафало П.; Холмблад Л.; Кајсер М.; Фродинг Т.; Полфримен Џ.; Полфримен Д. 5) Мингуез Л.; Лисборн М.; Меркадо М.; Курц М.; Диел Х.; Тоика Ј.; Кларк С.; Кан А. 6) Мингуез Ф.; Мартен Б.; Хајфилд Л.; Холмблад Б.; Бромили К.; Калдал Х.; Мортенсен П.; Кајсер Р.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели