ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 15/12 стр. 23-25
  • Гледај на работите од Божја гледна точка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Гледај на работите од Божја гледна точка
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Имај Божје гледиште за работите
  • Практичен совет во врска со гледањето на работите од Божја гледна точка
  • Радувај се во надежта за Царството!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Спремниот дух ги донесува луѓето во Гилеад
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Радувајте се во Јехова и бидете весели
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Мотивирани да служат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 15/12 стр. 23-25

Гледај на работите од Божја гледна точка

ВО ЊУЈОРК (САД), 14 септември беше топол сончев ден. Тој ден едно меѓународно мноштво од 6.521 присутен се собра во образовниот центар во Патерсон и во два други комплекса на Јеховините сведоци во таа област. Мноштвото се собра за да биде сведок на дипломирањето на 113-от клас на библиската школа Гилеад на Watchtower. Студентите беа од 14 земји и последните пет месеци ги поминаа подготвувајќи се за мисионерска служба во 19-те земји во кои беа доделени.

Кери Барбер, во 98-та година од животот и член на Водечкото тело на Јеховините сведоци, служеше како претседавач на програмата. Тој го сврте вниманието на речиси 60-годишното наследство на школата Гилеад, која опреми илјадници да одат во мисионерското дело. Брат Барбер забележа: „Не е преувеличување да се каже дека од нивната натамошна обука произлегле впечатливи резултати. Буквално стотици илјади кротки лица по целата земја ги предале своите животи на Јехова и го прифатиле неговото вистинско обожавање и света служба поради помошта што им ја дале обучените мисионери“.

Пред да присуствуваат на Гилеад, многу од студентите покажале интерес да ја прошират својата служба. Еден брачен пар поминал повеќе од една година земајќи часови по мандарински јазик во обидот да достигне големо население од етнички кинези во нивната област во Канада. Еден друг пар почнал самиот да учи албански и на крај се преселил во Албанија за да се грижи за сѐ поголемиот интерес за Библијата таму. Други во класот дошле на Гилеад од Унгарија, Гватемала и Доминиканската Република, земји во кои се преселиле за да служат таму каде што имало поголема потреба од учители на Божјата реч.

Сега, пред да заминат на доделбите во Африка, Источна Европа, Централна и Јужна Америка и Далечниот Исток, сите дипломци беа охрабрени да го имаат на ум Јехова во сѐ што прават.

Имај Божје гледиште за работите

По своите уводни забелешки, брат Барбер го најави Максвел Лојд, член на одборот на подружницата во Соединетите Држави. Тој ја нагласи темата „Гледај на сите работи од гледна точка на Бог“. Брат Лојд го сврте вниманието на примерите на Давид и на Божјиот Син, Исус (1. Самоил 24:7; 26:11; Лука 22:42). Откако ги потсети студентите дека нивното петмесечно проучување на Библијата ги обучило да гледаат на работите од Божја гледна точка, говорникот праша: „Кога водите библиски студии со луѓето на вашите нови доделби, ќе им помогнете ли да расудуваат за работите од гледна точка на Бог?“ А што се однесува до давањето совет на другите, тој ги посоветува студентите: „Немојте да велите: ‚Од моја гледна точка, мислам дека . . .‘ Наместо тоа, помогнете им да сфатат кое е Божјето гледиште. Следејќи го овој пристап, ќе се покажете како вистински благослов за оние со кои ќе се дружите на вашата доделба“.

Следен на програмата беше Герит Леш, член на Водечкото тело. Зборувајќи на тема „Јас сум со тебе“, тој го сврте вниманието на многуте прилики кога Јехова им рекол на своите верни слуги: „Јас Сум со тебе“ (Битие 26:23, 24; 28:15; Исус Навин 1:5; Еремија 1:7, 8). Денес можеме да ја имаме истата доверба во Јехова ако останеме верни. Брат Леш нагласи: „Загрижен ли си дали ќе најдеш луѓе со кои ќе ја проучуваш Библијата? Запомни, Јехова рекол: ‚Јас сум со тебе‘. Загрижен ли си дали ќе имаш доволно во материјален поглед? Според Евреите 13:5, Јехова рекол: ‚Никако нема да те оставам и воопшто нема да те напуштам‘“. Тој заклучи потсетувајќи ги студентите дека и Исус ветил дека ќе биде со неговите верни следбеници во делото на правење ученици (Матеј 28:20).

„Ќе најдеш ли сигурност во огнот?“ беше темата на Лоренс Боуен, еден од инструкторите на Гилеад. Тој забележа дека поради спорните прашања покренати во Еден, сите оние што сакаат да му дадат исклучителна оддаденост на Јехова се соочуваат со проблеми, а понекогаш и со жестоки испити. Тој ги охрабри дипломците да го следат примерот на Исус кој нашол вистинска сигурност така што потполно се потпирал на Јехова и ги прифатил жестоките испити што Јехова дозволил да ја усовршат послушноста на неговиот Син (Евреите 5:8, 9). Јехова може да се спореди со прочистувач на злато, кој применува точно толкава количина топлина колку што е потребно за да се отстранат нечистотиите. Се разбира, вера испитана со оган дава далеку поголема сигурност од прочистено злато. Зошто? „Затоа што прочистената вера може да поднесе секаков притисок“, рече брат Боуен, „и таа нѐ опремува да истраеме сѐ до ‚крај‘“ (Матеј 24:13).

Марк Нојмар, еден друг инструктор на Гилеад, праша: „Ќе бидеш ли допадлив?“ Неговата тема се сосредоточи на зборовите од 1. Самоил 2:26 (NW), кои го опишуваат Самоил како „допадлив, како од Јеховино гледиште така и од она на луѓето“. Откако го разгледа примерот на Самоил, брат Нојмар, кој поминал повеќе од една деценија во мисионерска служба во Африка, изјави: „И вие можете да станете многу допадливи во Божји очи така што лојално ќе се држите за делото што Бог ви дал да го вршите. Тој ви дал скапоцена мисионерска доделба“. Брат Нојмар потоа ги охрабри дипломците да гледаат на својата доделба како на света должност доверена од Бог и да го усвојат Божјето размислување во извршувањето на своите доделби.

Додека траеше школата, во текот на викендите студентите имаа многу прилики да ги споделуваат со луѓето на тоа подрачје „величествените Божји работи“ што се изнесени во Библијата (Дела 2:11). Всушност, тие можеа да зборуваат за овие работи на десет различни јазици. Валас Ливеранс, еден друг инструктор во школата Гилеад, интервјуираше група студенти што ги раскажаа своите искуства во темата „,Величествените Божји работи‘ ги поттикнуваат луѓето на акција“. Тој забележа: „На Пентекост, духот ги натерал оние во горната соба да зборуваат за ‚величествените Божји работи‘. Истиот тој дух дејствува и денес во сите верни слуги на Бог“. Некои дури и биле мотивирани да научат нови јазици со цел да им сведочат на уште многу луѓе.

Практичен совет во врска со гледањето на работите од Божја гледна точка

По уводните говори, Гери Бро и Вилијам Јанг, членови на персоналот на Бетел во Соединетите Држави, интервјуираа членови на различни одбори на подружниците во земји каде што моментално служат мисионери како и еден брачен пар што поминал 41 година во мисионерската служба. Една забелешка беше: „Оние што бараат најмалку остануваат најдолго. Тие го сосредоточуваат вниманието на причината зошто дошле. Знаат дека дошле да ја проповедаат добрата вест и да им помогнат на луѓето да го запознаат Јехова“.

Дејвид Сплејн, еден друг член на Водечкото тело, ја заокружи програмата со говорот на тема „Вие не одите далеку!“ Што мислеше со ова, со оглед на тоа што 46-те дипломци сега беа испратени во земји низ целиот свет? Тој објасни: „Каде и да сте на земјата, сѐ додека сте верни, вие секогаш ќе бидете во домот на Бог“. Да, сите верни христијани, каде и да се физички, служат во дел од големиот духовен храм, или дом на Бог, кој почнал да постои кога Исус се крстил во првиот век (Евреите 9:9). Каква само утеха беше за присутните да знаат дека Јехова е близу до сите негови верни слуги на земјата! Како што бил заинтересиран за Исус додека бил на земјата, Јехова е заинтересиран и за сите нас и за нашата служба за него, каде и да сме. Така, во поглед на обожавањето, ние никогаш не сме далеку еден од друг ниту од Јехова и Исус.

Откако беа пренесени поздравите што стигнаа од цел свет, откако беа објавени доделбите и откако беше прочитано писмото со кое класот ја изрази благодарноста за обуката што ја доби во Гилеад, претседавачот успешно ја заврши програмата охрабрувајќи ги новите мисионери да продолжат со добрата работа и да се радуваат во Јеховината служба (Филипјаните 3:1).

[Рамка на страница 23]

ПОДАТОЦИ ЗА КЛАСОТ:

Број на застапени земји: 14

Број на земји во кои се доделени: 19

Број на студенти: 46

Просечна старост: 35,0

Просек на години во вистина: 17,2

Просек на години во полновремена служба: 13,7

[Слика на страница 24]

113. клас што дипломираше на Библиската школа Гилеад на Watchtower

Во долнава листа, редовите се нумерирани однапред наназад, а имињата се наведени одлево надесно во секој ред.

1) Ликтхарт М.; Хосои С.; Берктолд А.; Лим К.; Аоки Ј. 2) Багиаш Ј.; Буке С.; Боси А.; Олтон Џ.; Ескобар И.; Ескобар Ф. 3) Стоика А.; Стоика Д.; Фримут Ш.; Карлсон М.; Лебланк Р. 4) Бјанки Р.; Бјанки С.; Камински Л.; Џозеф Л.; Парис С.; Лебланк Л. 5) Парис М.; Скидмор Б.; Хортон Џ.; Хортон Л.; Скидмор Г. 6) Лим Б.; Олтон Г.; Квириси Е.; Ланглоа М.; Стајнингер С.; Аоки Х. 7) Ланглоа Џ.; Стајнингер М.; Боси Ф.; Камински Џ.; Буке Ј.; Ликтхарт Е.; Хосои К. 8) Багиаш Ј.; Квириси М.; Карлсон Л.; Фримут К.; Берктолд В.; Џозеф Р.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели