ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/11 стр. 4-7
  • Светско единство — како ќе настане?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Светско единство — како ќе настане?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ,Танцување на работ на смртта‘
  • Дејствуваат надворешни сили
  • Светска влада
  • Еден обединет народ од сите нации
  • Каде оди овој свет?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Дали светот ќе се обедини?
    Разбудете се! 2000
  • „На мирот... ќе му нема крај“
    Разбудете се! 2019
  • Земјата ќе стане Рај!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/11 стр. 4-7

Светско единство — како ќе настане?

КАКО една распадната зграда која била страшно вандализирана од негрижливи станари, сегашниов светски систем е погоден само за едно нешто — демолирање и замена. Ова не е само уште едно цинично мрачно сценарио. Според Библијата, тоа е единственото реално гледиште. Зошто?

Темелите на сегашниов светски поредок се несигурни. Целокупната структура е изрешетана од термити и трулеж. Челичната конструкција ’рѓосува. Потпорните ѕидови се ослабени. Покривот налегнува. Водоводот пропушта. Електричниот систем е расипан и опасен. Станарите непрестано се борат и злобно предизвикуваат штета во целата зграда. Целиот имот и неговата околина е преплавен со штетници и е опасен за животот и здравјето.

,Танцување на работ на смртта‘

Поради непрестаните политички конфликти, алчноста, агресијата и длабоко вкоренетите племенски и етнички непријателства, „целиот човечки род“, како што се изразил Гвин Даер, „танцува на работ на смртта“. Низ целиот свет, одлучни малцинства — групи кои вршат притисок врз владата, поборници за слобода, криминалистички банди, меѓународни терористи и други — тежнеат кон своите сопствени себични планови и изгледа дека се способни да срушат секакви можности за мир во светот речиси кога и да посакаат. Како станари кои прават неред, тие можат да му го загорчат животот на секого.

Меѓутоа, според многу коментатори, отпадничките групи или бунтовните поединци не се сами во спречувањето на светското единство. Најголема препрека е самата нација-држава. Независни нации, вели писателот за војни С. Б. Пајн, Џр., постојат во „состојба на меѓународна анархија“. Тие прават сѐ што служи во најголема корист на нивните национални интереси, со мала или никаква обѕирност кон другите. Како резултат на тоа, низ историјата „човекот господари над човек на своја штета“ (Проповедник 8:9).

Навистина, некои национални влади постигнале извесен успех во борбата против неправдата и угнетувањето во нивните територијални граници и, до извесна мера, на меѓународно ниво. Одвреме навреме тие воспоставувале извесна мера меѓународно единство. Но, дури и кога некои се обединиле да дејствуваат против некоја агресорска нација, честопати останува сомневањето дека дејствувале од некој личен интерес наместо од вистински алтруизам. Реалноста е дека човечките влади немаат сеопфатно, трајно решение за светската разединетост. Гвин Даер истакнува: „Идејата дека сите нации во светот ќе се обединат за да ја спречат или казнат агресијата од некоја своеглава земја е добра во принцип, но кој ќе одреди кој е агресорот и кој ќе го плати трошокот во пари и животи кои можеби ќе бидат потребни за да се запре?“

Се разбира, агресијата на која и да е нација против друга е возможна единствено кога повеќето од нејзините граѓани нема да се противат на таа агресија. Историјата секогаш одново покажува дека не било случај само во некоја „своеглава земја“ граѓаните да ги поддржуваат своите водачи, без оглед дали тие биле во право или не. Всушност, повеќето од станарите на Земјата го правеле тоа. Тие слепо следеле „лаги, демагогија и пропаганда“ од едно мноштво политички и религиозни водачи, како што вели списанието Time.

Национализмот ги разгорел страстите на инаку разумни и сочувствителни луѓе и предизвикал да извршат ужасни злосторства против мажи, жени и деца од друга националност. На пример, во врска со I светска војна, историчарот Џ. М. Робертс коментира: „Еден од парадоксите на 1914 година е тоа што во секоја земја голем број луѓе, од сите партии, верувања и потекло, изгледа дека спремно и радосно отишле во војна — нешто што изненадува“. Дали оттогаш луѓето научиле некаква лекција? Не! Ѕверот на „заслепениот национализам“, како што го нарекол новинарот Род Ашер, и понатаму ја уништува секоја шанса за светско единство.

Дејствуваат надворешни сили

Меѓутоа, постои една поголема препрека за светското единство. Библијата открива дека дејствуваат надворешни сили. Тие се идентификувани како Сатана Ѓаволот и неговите приврзаници, демоните. Според Библијата, Сатана е „богот на овој систем на работи [кој] им ги заслепил умовите на неверниците“ со цел „славната добра вест за Христос“ да не им биде впечатлива (2. Коринтјаните 4:4, НС; Откровение 12:9).

Се разбира, ова не ги ослободува поединците од одговорноста за своите постапки. Но, сепак, објаснува зошто човечките влади никогаш не можат да воспостават еден навистина обединет свет. Сѐ додека постои Сатана Ѓаволот, тој ќе влијае врз мажи и жени да го негуваат она што Библијата го нарекува ,дела на телото‘, вклучувајќи ,непријателство, кавги, расправии и несогласности‘ (Галатјаните 5:19—21).

Светска влада

Тогаш, кое е решението? Пред околу седум илјади години, добропознатиот италијански поет и филозоф Данте укажал на одговорот. Тој аргументирал дека само една светска влада може да осигура мир и единство за човештвото. За многу луѓе надежта за каков и да е облик на светска влада едноставно е илузија, а не нешто во кое треба да се положи вистинска доверба. „Светска влада“, заклучува претходноспоменатиот автор Пајн, „не доаѓа предвид во овој период на историјата.“ Зошто? Затоа што секоја успешна светска влада ќе мора да гарантира две работи кои изгледа дека се далеку надвор од човечката способност, имено дека „една светска влада ќе стави крај на војната и дека една светска влада нема да биде глобална тиранија“.

Сигурно е тоа дека ниту една човечка влада нема никогаш да биде дорасната на ова. Меѓутоа, Божјето Царство во рацете на Исус Христос може да ја отстрани војната, и ќе го стори тоа (Псалм 45:9, 10; Матеј 6:10). Навистина, тоа ќе ги отстрани сите подбуцнувачи на војна. Пророкот Даниил покажува дека на крајот на Божјето одредено време за човечко владеење на Земјата, човечкото владетелство ќе „биде разделено“ како „железо, измешано со грнчарска глина“ (Даниил 2:41—43). Ова ќе резултира во политичко цепкање и неизбежен конфликт. Сепак, Даниил вели дека Божјето Царство „ќе ги победи и разруши сите [националистички и разединети] царства“, односно влади, заменувајќи ги со неговото долгоочекувано Царство во рацете на Исус Христос (Даниил 2:44).

Би било бесмислено да се создаде една добра околина за луѓето ако Земјата и понатаму биде населена со грабливи поединци кои продолжуваат да им го загорчуваат животот на другите. Меѓутоа, „оние, што вршат зло, ќе бидат истребени“ (Псалм 36:1, 2, 9, 38; Изреки 2:22). Значи, Христос ќе ги отстрани сите оние кои своеволно ги отфрлаат Божјите мерила или кои им даваат поддршка на световните власти кои прават неред. Тој ќе ги уништи сите оние што ја изобличуваат оваа планета. Бог ветува дека ,ќе ги донесе до уништување оние кои ја уништуваат Земјата‘ (Откровение 11:18, НС).

Тоа нема да биде некаква глобална тиранија. Исус Христос ќе дејствува „заради вистината, кротоста и правдата“ кога ќе ги одвојува добрите од лошите (Псалм 44:3, 4; Матеј 25:31—33). Ниту, пак, тоа е негативно и деструктивно, злоупотреба на моќта. Не! Тоа не е како некоја прекрасна стара зграда која ќе биде уништена од некој алчен препродавач на имоти. Тоа ќе биде повеќе како уништувањето на некоја трошна, неугледна зграда за да се направи простор за една прекрасна, чиста околина.

Но, што ќе биде со надворешните сили кои предизвикале таква разединетост во минатото? Ќе имаат ли слобода да се вовлечат во овој нов систем, па неговите жители одново да го започнат уништувачкиот процес, борејќи се со своите состанари и загорчувајќи му го животот на секого? Секако дека не. Ова протерување и реновирање е конечно и потполно. „Неволите веќе нема да се повторат“ (Наум 1:9).

Библијата го споредува конечното уништување на Сатана со палењето на отпадоците. Таа вели дека „ѓаволот, што ги лажеше [жителите на Земјата], беше фрлен во огнено и сулфурно езеро“ (Откровение 20:10). Колку силен симбол! Замисли си, уништувањето не е споредено едноставно со некаква мала печка за палење ѓубре само со ограничен капацитет, туку со едно цело огнено езеро, уништувајќи и отстранувајќи од постоење сѐ што е зло и валкано. Никому, ниту на човек ниту на демон, нема да му биде допуштено и понатаму да прави работи кои му се закануваат на универзалниот ред, кои ги прекршуваат Божјите мерила за исправно и погрешно или кои му нанесуваат болка на својот ближен. Сите нарушувачи на единството ќе ги нема! (Псалм 20:9—11; Софонија 1:18; 3:8).

Еден обединет народ од сите нации

Преживеаните од ова големо расчистување ќе сочинуваат едно „големо мноштво . . . од сите племиња и колена, народи и јазици“ (Откровение 7:9). Нема да ги делат национални и племенски разлики. Тие научиле да живеат заедно во мирољубива хармонија (Исаија 2:2—4). А што е дури уште попрекрасно, ним ќе им се придружат минатите станари на планетата кои преку прекрасната подготовка на воскресение ќе бидат повторно вратени да ја населат исчистената Земја (Јован 5:28, 29).

Дали би сакал да живееш во еден таков свет? Тоа ќе биде случај само со оние кои се придржуваат за Божјите барања, а неговите барања се јасно изнесени во Библијата (Јован 17:3; Дела 2:38—42). На Јеховините сведоци ќе им биде драго да ти помогнат да научиш што бара Бог за да можеш да се надеваш дека ќе уживаш живот засекогаш во еден навистина обединет свет.

[Слика на страница 7]

Владата во рацете на Исус Христос ќе гарантира еден обединет свет

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели