ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/4 стр. 21
  • „Твојот народ спремно ќе се понуди“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Твојот народ спремно ќе се понуди“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Сличен материјал
  • Силниот воин и израелското девојче
    Поуки од Библијата
  • Таа сакала да помогне
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Отпрвин бил тврдоглав, но на крајот послушал
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Едно девојче му помага на еден моќен човек
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/4 стр. 21

Објавителите на Царството известуваат

„Твојот народ спремно ќе се понуди“

МОЌНИОТ сириски војсководач Нееман имал лепра. Доколку остане нелекувана, оваа одвратна болест може да доведе до деформирање и смрт. Што да прави Нееман? Меѓу оние од Неемановото домаќинство е и едно мало девојче, ‚запленето од Израилската земја‘. Тоа смело проговорува и го идентификува пророкот Јелисеј како оној кој може да го излечи Нееман (4. Царства 5:1—3).

Поради нејзиниот храбар став, Нееман го побарува Јелисеј и е излечен. Потоа, Нееман станува обожавател на Јехова! Ова искуство, запишано во Библијата, се случило во десеттиот век пр. н. е. (4. Царства 5:4—15). Денес, мнозина младинци покажуваат слична храброст кога зборуваат во полза на Царството. Следново искуство од Мозамбик го потврдува тоа.

Шестгодишниот Нуну е некрстен објавител на добрата вест. Уште пред да стане некрстен објавител, Нуну ќе ги соберел децата од своето соседство, ќе кажел молитва и ќе ги поучувал за Библијата, користејќи ја книгата Моја книга со библиски приказни.

Многупати Нуну станува рано во сабота наутро и го потсетува своето семејство: „Денес одиме во служба на теренот“. Неговата ревност за службата се манифестира и на други начини. Додека ги придружува своите родители во сведочење на улица во Мапуто, Нуну честопати сам им приоѓа на луѓето. Во една таква прилика, му пристапил еден бизнисмен и прашал: „Зошто ги продаваш овие списанија?“ Нуну рекол: „Не ги продавам списанијата, туку прифаќам прилози за финансирање на делото на проповедање“. Бизнисменот одговорил: „Иако не сум заинтересиран, јас сум импресиониран од твојот став и способност. Би сакал да дадам прилог за ова дело“.

Во една друга прилика, Нуну му пристапил на еден човек на улица и му ја понудил книгата Pravi mir i sigurnost — Kako ih pronaći? Човекот прашал: „Зарем ти не одиш во училиштето онаму?“ „Да“ — одговорил Нуну — „јас одам во тоа училиште, но денес изнесувам една важна порака од оваа книга. Таа Ви покажува дека можете да живеете во новиот свет што ќе го донесе Бог, како што е покажано на сликата во оваа книга.“ Нуну не ни сфатил дека човекот со кого зборува бил наставник во неговото училиште. Наставникот не само што ја прифатил книгата туку сега редовно ги добива и списанијата Стражарска кула и Разбудете се! од Нуну.

Кога Нуну е запрашан зошто сака да се ангажира во проповедничкото дело, тој вели: „Сакам да им зборувам на луѓето и да ги поучувам за Јехова и за неговиот Син, Исус Христос“. Тој додава: „И ако луѓето не сакаат да слушаат, нема причина да се секираш“.

Ширум светот, илјадници млади како Нуну ‚спремно се нудат‘ да поучуваат и да проповедаат за Божјето Царство (Псалм 110:3, NW). Но, до ова не доаѓа случајно. Родителите кои ги поучуваат своите деца за Јехова уште од најраното детство, кои даваат добар пример во службата и кои ревносно се стремат по интересите на Царството, ќе бидат богато наградени.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели