ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/6 стр. 29-31
  • Каде можеш да се обратиш за добар совет?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Каде можеш да се обратиш за добар совет?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Извор на непогрешливо водство
  • Библијата ги задоволува нашите потреби . . .
  • Користи од Божјата реч
  • Библијата и ти
    Библијата — Реч Божја или човечка?
  • Како да се бориш со негативните чувства?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Како може твојот живот да има поголема смисла
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Дали извлекуваш корист?
    Нашата служба за Царството 2000
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/6 стр. 29-31

Каде можеш да се обратиш за добар совет?

„Индустријата за совети“ сега стана бизнис кој годишно донесува милијарди долари. Луѓето бараат помош. Стручњакот за ментално здравје Хајнц Лиман забележува: „[Во денешново општество] има образовни и општествени недостатоци. Религиозните морални принципи не се она што беа. Семејствата се сѐ понестабилни . . . и како последица од тоа луѓето доживуваат тешкотии и проблеми“. Авторот Ерик Мајсел вели: „Оние кои за помош во врска со нивните душевни, духовни и физички проблеми некогаш се обраќале кај својот племенски врач, пастор или семеен лекар, сега одговорите ги бараат во практична литература за самопомош“.

АМЕРИКАНСКОТО здружение на психолози основало работна група за да ја истражи оваа напредна индустрија. Таа изјавила дека, иако постои „огромен потенцијал да им се помогне на поединци да се сфатат себеси и другите . . . рекламните тврдења и наслови со кои се проследени овие програми сѐ повеќе стануваат претерани и сензационализирани“. Еден писател за Toronto Star вели: „Внимавајте на количината на религиозно-духовни фалсификати . . . Посебно чувајте се од сите книги за самопомош, касети или семинари кои нудат многу повеќе, за многу помалку време, со многу помал напор или самосовладување“. Се разбира, многу луѓе навистина настојуваат да ги поддржат оние кои се во неволја. Меѓутоа, жалосна реалност е и дека извесен број бескрупулозни поединци ги искористуваат осаменоста и страдањата на луѓето, не нудејќи им вистинска помош или решенија.

Со оглед на ова, кој е клучниот извор на помош во кој можеме да имаме доверба? Каде можеме да најдеме практичен совет кој постојано ќе биде делотворен?

Извор на непогрешливо водство

Американскиот проповедник од 19 век Хенри Вард Бичер рекол: „Библијата е Божјата мапа дадена да те води, да те чува од бродолом и да ти покаже каде е засолништето и како да стигнеш до него без да удриш во карпи или камења“. Еден друг човек за Библијата рекол: „Никој не може да го надживее Писмото; таа книга се проширува и се продлабочува со нашите години“. Зошто треба да обрнеш сериозно внимание на овој извор?

Препорачувајќи се себеси, Библијата вели: „Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање, и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен и годен за секое добро дело“ (2. Тимотеј 3:16, 17). Библиската содржина потекнува од самиот Извор на животот, Јехова Бог (Псалм 35:9). Како таков, тој детално го познава нашиот состав, како што нѐ потсетува Псалм 102:14: „Зашто Он го знае нашиот состав, помни дека ние сме земја“. Затоа, можеме да имаме целосна доверба во вредноста на Библијата.

Всушност, Библијата содржи мноштво начела и упатства кои можат да имаат корисна примена сеедно во какви околности можеби ќе се најдеш. Преку неа Бог ни вели: „Ете го патот, врвете по него!“ (Исаија 30:21). Дали Библијата навистина ги задоволува потребите на поединци денес? Да видиме.

Библијата ги задоволува нашите потреби . . .

При справување со загриженоста. Библијата ни кажува: „За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања, и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исуса Христа“ (Филипјаните 4:6, 7). Дали молитвата се покажала делотворна при справување со емоционалната загриженост поврзана со економските тешкотии, сексуална или вербална злоупотреба или смрт на некој сакан? Разгледај го следново искуство.

Џеки, откако дознала дека нејзината ќерка била сексуално злоупотребувана, признава: „Чувствата на вина поради немоќта да се заштити сопственото дете не можат да се искажат со зборови. Морав да се борам со чувства на горчина, лутина и гнев. Овие чувства почнаа да го трујат мојот живот. Очајнички ми беше потребен Јехова за да ми го сочува срцето“. Откако ги читала и препрочитувала стиховите од Филипјаните 4:6, 7, таа напорно работела на тоа да го примени тој совет. „Секој ден се молев, секогаш одново барајќи да не дозволам негативните чувства да ме уништат, и Јехова ми помогна да развијам спокојно и среќно срце. Навистина чувствувам мир во себе“, раскажува Џеки.

Можеби и ти ќе се најдеш во ситуација над која не можеш да имаш контрола или која нема да можеш да ја решиш, и тоа со себе ќе донесе емоционална загриженост. Следејќи ја библиската опомена да се молиш, можеш делотворно да се справиш. Псалмистот нѐ охрабрува со овие зборови: „Откри го патот свој пред Господа и на Него надевај се и Он ќе изврши сѐ“ (Псалм 36:5).

За охрабрување. Псалмистот вака го изразил своето ценење: „Господи, го засакав живеалиштето на Твојот дом и местото каде што пребива и славата Твоја. Ногата моја стои на прав пат; во собранијата ќе Те благословувам, Господи“ (Псалм 25:8, 12). Во Библијата сме охрабрени редовно да се собираме за да го обожаваме Јехова. Како може ова дружење да ги задоволи твоите потреби? Што откриле другите?

Беки раскажува: „Моите родители не му служат на Јехова, па затоа ми прават проблеми кога се обидувам да сторам нешто што е поврзано со службата за Бог. Потребен ми е голем напор за да присуствувам на состаноците“. Беки чувствува дека добила многу благослови бидејќи се напрегала редовно да присуствува на христијанските состаноци. „Состаноците ја зајакнуваат мојата вера, па така можам да ги издржам секојдневните притисоци како ученик, ќерка и Јеховин слуга. Луѓето во Салата на Царството се сосема поинакви од учениците на училиште! Тие се грижливи и се трудат да помогнат, и нашите разговори се секогаш охрабрувачки. Тие се вистински пријатели.“

Да, ако го следиме Јеховиното упатство редовно да се состануваме, Јехова може да ја задоволи нашата потреба од охрабрување. Тогаш ја доживуваме вистинитоста на зборовите на псалмистот: „Бог ни е нам прибежиште и сила, помошник, на секој кој во мака ќе се најде“ (Псалм 45:1).

За работа која вреди и донесува задоволство. „Бидете цврсти, непоколебливи и секогаш богати [богато вработени, NW] во делото Господово“, се залага Библијата (1. Коринтјаните 15:58). Дали „делото Господово“ е навистина нешто што носи задоволство? Дали со христијанската служба се постигнува нешто вредно?

Амелија кажува што чувствува во врска со тоа: „Ја проучував Библијата со еден пар чиј брак беше пред распаѓање. Исто така, ѝ помагав на една жена чија ќерка била насилнички убиена. Жената се измачуваше поради тоа што не беше сигурна во каква состојба се наоѓаат мртвите. Во обата случаи, примената на библиските начела им донесе мир и надеж во животот. Чувствувам голема радост и задоволство што можев да им помогнам“. Скот вели: „Ако имаш некое добро искуство од службата на теренот, ако започнеш нова библиска студија или доживееш успех во неформалното сведочење, ќе зборуваш за таа работа со години после тоа. Со секое прераскажување се оживуваат истите чувства и возбудување! Службата е таа што носи најголема и трајна радост“.

Јасно, применувањето на библиското упатство да станат активни министри ја задоволило потребата на овие поединци од работа која вреди и донесува задоволство. Те покануваме и тебе да учествуваш во ова дело на школување на другите за Божјите патишта и начела, и истовремено да извлечеш корист и самиот (Исаија 48:17; Матеј 28:19, 20).

Користи од Божјата реч

Несомнено, Библијата е веродостоен извор на практични и делотворни упатства во денешниот свет. За да извлечеме корист од неа, треба да вложуваме постојан напор. Мораме редовно да ја читаме, да ја проучуваме и да медитираме за неа. Павле опоменал: „Размислувај за овие работи; биди задлабочен во нив, за твојот напредок да биде очигледен пред сите“ (1. Тимотеј 4:15, NW; 5. Мојсеева 11:18—21). Бог гарантира дека ако работиш на тоа да ги применуваш неговите совети кои се наоѓаат во Библијата, ќе бидеш успешен. Тој ветува: „Надевај се на [Имај доверба во, NW] Господа . . . По сите свои патишта размислувај за Него, и Он ќе ти ги покаже [исправи, NW] твоите патеки“ (Изреки 3:5, 6).

[Слики на страница 31]

Следењето на библиските совети го прави животот задоволителен и исполнет

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели