ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w01 1/11 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Сличен материјал
  • Дали имаш вера како Авраамовата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Авраам — Божјиот пријател
    Мојата книга со библиски приказни
  • Кој бил Авраам?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Авраам и Сара го послушале Бог
    Поуки од Библијата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
w01 1/11 стр. 31

Прашања од читателите

Дали Јехова го склучил својот сојуз со Авраам во Ур или во Харан?

Најраниот извештај за Јеховиниот сојуз со Авраам се наоѓа во Битие 12:1-3, каде што се вели: „Господ му рече на Аврама: ‚Излези од својата земја, од родното место и од татковиот дом; и оди во земјата што ќе ти ја покажам. Ќе направам голем народ од тебе . . . и во тебе ќе бидат благословени сите племиња [семејства, NW] на земјата‘“.a Јехова го склучил овој сојуз додека Авраам бил во Ур и веројатно го потврдил кога се наоѓал во Харан.

Во првиот век, Стефан се осврнал на Јеховината заповед Авраам да се пресели во Ханан. Обраќајќи му се на Синедрионот, тој рекол: „Богот на славата му се појави на нашиот прататко Авраам додека беше во Месопотамија, пред да се насели во Харан, и му рече: ‚Оди од својата земја и од своите роднини и дојди во земјата што ќе ти ја покажам‘“ (Дела 7:2, 3). Авраам потекнувал од Ур и, како што покажал Стефан, таму, всушност, првпат ја чул заповедта да замине за Ханан (Битие 15:7; Неемија 9:7). Стефан не го спомнал Божјиот сојуз со Авраам, но во Битие 12:1-3 тој сојуз е поврзан со заповедта да замине за Ханан. Затоа е разумно да се верува дека Јехова го склучил сојузот со Авраам во Ур.

Меѓутоа, внимателното читање на извештајот во Битие укажува дека Јехова повторно го навел својот сојуз со Авраам во Харан, исто како што во неколку прилики подоцна повторил и проширил некои аспекти од него (Битие 15:5; 17:1-5; 18:18; 22:16-18). Според Битие 11:31, 32, Тара, таткото на Авраам, заминал од Ур за Ханан, при што го придружувале Авраам, Сара и Лот. Пристигнале во Харан и таму останале сѐ до смртта на Тара. Авраам бил во Харан доволно долго за да стекне прилично богатство (Битие 12:5). А некое време потоа, таму се преселил и Нахор, брат му на Авраам.

Откако е запишано за смртта на Тара, во стихот се известува за Јеховините зборови упатени до Авраам и продолжува: „Тогаш Аврам тргна, како што му рече Господ“ (Битие 12:4). Според тоа, Битие 11:31—12:4 остава силен впечаток дека зборовите запишани во Битие 12:1-3 Јехова ги кажал по смртта на Тара. Ако е така, тогаш Авраам го напуштил Харан и се преселил во земјата што Јехова му ја покажал како одговор на една заповед која штотуку ја чул, како и на онаа што првпат ја чул со години пред тоа во Ур.

Според Битие 12:1, Јехова му заповедал на Авраам: „Излези од својата земја, од родното место и од татковиот дом“. Едно време, ‚земјата‘ на Авраам била Ур, и ‚домот‘ на татко му бил таму. Меѓутоа, татко му на Авраам го преселил своето домаќинство во Харан, па така Авраам почнал тоа место да го нарекува своја земја. Кога, по многу години поминати во Ханан, својот слуга го испратил во ‚својот роден крај [и кај своите роднини, NW]‘ за да најде сопруга за Исак, слугата отишол во „Нахоровиот град“ (или Харан или некаде во близина) (Битие 24:4, 10). Таму слугата ја нашол Ребека меѓу роднините на Авраам, односно во големото семејство на Нахор (Битие 22:20-24; 24:15, 24, 29; 27:42, 43).

Во својот говор пред Синедрионот, Стефан рекол: „По смртта на неговиот татко, Бог го упати [Авраам] да се пресели во оваа земја, во која живеете вие сега“ (Дела 7:4). Ова покажува дека Јехова разговарал со Авраам во Харан. Разумно е да веруваме дека во таа прилика Јехова го повторил својот сојуз со Авраам, како што е запишано во Битие 12:1-3, бидејќи сојузот стапил во сила кога Авраам се преселил во Ханан. Според тоа, разгледувањето на сите факти води до заклучокот дека Јехова својот сојуз со Авраам го склучил првобитно во Ур и дека веројатно го потврдил во Харан.

[Фуснота]

a Во Ханан, името на Аврам Јехова му го променил во Авраам, кога тој имал 99 години (Битие 17:1, 5).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели