ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 1/3 стр. 3-5
  • Уништен еден цел свет!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Уништен еден цел свет!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали бил навистина уништен еден древен свет?
  • Потопот во легендите на светот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Извештајот за Ное и Потопот — дали е само мит?
    Одговор на библиски прашања
  • Ное и потопот — вистина, а не бајка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Заеднички нишки во митологијата
    Потрагата на човештвото по Бог
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 1/3 стр. 3-5

Уништен еден цел свет!

Погледни во светот околу себе, со неговите градови, неговата култура, научни достигнувања, население кое брои милијарди луѓе. Лесно е да се биде импресиониран од неговата привидна стабилност, зарем не? Дали мислиш дека еден ден овој свет би можел потполно да исчезне? Тешко е да се претстави тоа. Меѓутоа, дали си знаел дека, според еден многу доверлив извор, пред овој постоел еден друг свет и дека тој бил потполно уништен?

НЕ ЗБОРУВАМЕ за некој свет на примитивни племиња. Светот што исчезнал бил цивилизиран, со градови, уметнички достигнувања, научни сознанија. Сепак, библискиот запис кажува дека одеднаш, во 17. ден од 2. месец, 352 години пред да се роди патријархот Авраам, почнала една поплава која збришала еден цел свет.a

Дали е тој запис точен? Дали навистина се случило такво нешто? Дали пред денешниот навистина постоел древен свет, свет што бил напреден и потоа бил уништен? Ако е така, зошто му дошол крај? Што тргнало наопаку? И можеме ли да извлечеме некаква лекција од неговото уништување?

Дали бил навистина уништен еден древен свет?

Таква страшна катастрофа, ако навистина се случила, никогаш не би била целосно заборавена. Затоа, во многу нации има потсетувања на тоа уништување. На пример, размисли за прецизниот датум што е запишан во Писмото. Вториот месец од древниот календар се протегал од она што ние сега го нарекуваме средина на октомври до средината на ноември. Значи, 17. ден одговара отприлика на 1 ноември. Можеби и не е случајно тоа што во многу земји во тоа време од годината се прославуваат празници за мртвите.

Други докази за Поплавата постојат во традициите на човештвото. Практично сите древни народи имаат легенда дека нивните предци преживеале еден глобален потоп. Африканските Пигмеи, европските Келти, јужноамериканските Инки — сите тие имаат слични легенди, како и народи од Австралија, Алјаска, Индија, Кина, Литванија, Мексико, Микронезија, Нов Зеланд и делови на Северна Америка, да спомнеме само неколку.

Се разбира, со текот на времето легендите биле дотерувани, но во сите нив има по неколку детали што укажуваат на една заедничка изворна приказна: Бог се разгневил поради злобата на човештвото. Тој предизвикал голем потоп. Човештвото како целина било уништено. Сепак, само неколкумина праведни биле сочувани. Тие изградиле еден брод во кој биле спасени луѓето и животните. Со текот на времето, биле испратени птици во потрага по копно. Конечно, бродот застанал на една планина. Откако слегле од бродот, преживеаните принеле жртва.

Што докажува ова? Сигурно дека сличностите не можат да бидат случајни. Комбинираниот доказ од овие легенди го поткрепува библиското древно сведоштво дека сите луѓе потекнуваат од преживеаните од еден потоп со кој бил уништен еден свет на човештвото. Затоа, не треба да се потпираме на легендите или на митовите за да знаеме што се случило. Имаме грижливо сочуван запис во Хебрејските списи од Библијата (Битие, поглавја 6—8).

Библијата содржи инспириран запис за историјата што се протега наназад сѐ до почетокот на животот. Меѓутоа, доказите покажуваат дека таа е повеќе отколку само историја. Нејзините непогрешливи пророштва и длабоката мудрост покажуваат дека таа е она што тврди дека е — Божје соопштение до човештвото. За разлика од митовите, во Библијата се наоѓаат имиња и датуми, а нејзините историски извештаи содржат родословни и географски детали. Таа ни дава слика за тоа каков бил животот пред Потопот и открива зошто на еден цел свет му бил ставен ненадеен крај.

Што тргнало наопаку со тоа претпотопно општество? Следната статија го разгледува ова прашање. Тоа е важно прашање за оние што можеби се прашуваат каква е иднината на нашата денешна цивилизација.

[Фуснота]

a Битие 7:11; 11:10—25, 32; 12:4

[Табела на страница 4]

(Види во публикацијата)

Легенди за Потопот низ целиот свет

Земја совпаѓања 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

Грција 7 ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆

Рим 6 ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆

Литванија 6 ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆

Асирија 9 ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆

Танзанија 7 ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆

Индија — хинду 6 ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆

Нов Зеланд — Маори 5 ◆ ◆ ◆ ◆ ◆

Микронезија 7 ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆

Вашингтон (САД) — Јакима 7 ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆

Мисисипи (САД) — Чокто 7 ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆

Мексико — Михоакан 5 ◆ ◆ ◆ ◆ ◆

Јужна Америка — Кечуја 4 ◆ ◆ ◆ ◆

Боливија — Чиригуано 5 ◆ ◆ ◆ ◆ ◆

Гвајана — Аравак 6 ◆ ◆ ◆ ◆ ◆ ◆

1: Бог се налутил поради злобата

2: Уништување со Потоп

3: Заповедано од Бог

4: Дадено божествено предупредување

5: Преживеале малкумина од човештвото

6: Спасени во брод

7: Спасени животни

8: Испратена птица или друго суштество

9: Конечно застанува на една планина

10: Принесена жртва

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели