ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w03 15/8 стр. 30
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Сличен материјал
  • Кадење темјан — има ли место во вистинското обожавање?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Евзебиј — „таткото на црковната историја“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
w03 15/8 стр. 30

Се сеќаваш ли?

Уживаше ли додека ги читаше неодамнешните изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали ќе можеш да одговориш на следниве прашања:

• Кои се некои начини на кои Рута служела како добар пример?

Таа оставила пример со нејзината љубов кон Јехова, лојалноста кон Ноемина и со тоа што се покажала вредна и понизна. Луѓето со право ја сметале за „чесна жена“ (Рута 3:11; 15.4., страници 23—26).

• Како знаеме дека Јехова се грижи за обичните луѓе?

Тој им рекол на Израелците, кои претрпеле сурово постапување во Египет, да не ги малтретираат обесправените (Излез 22:21—24). Исус, кој го имитирал својот Татко, покажал искрен интерес за обичните луѓе и за свои апостоли избрал мажи што биле „неуки и обични“ (Дела 4:13; Матеј 9:36). Можеме да го имитираме Бог така што ќе покажуваме интерес за другите, како што се младите луѓе (15.4., страници 28—31).

• Од кои причини можеме да веруваме дека Јехова забележува што правиме?

Библиските извештаи покажуваат дека Јехова ги забележува достигнувањата на луѓето. Тој ја забележал жртвата што ја принел Авел, а ги забележува и нашите ‚жртви на фалба, плодот на усните‘ (Евреите 13:15). Јехова бил свесен дека Енох се напрегал да му угоди со тоа што водел чист, морален живот. И, Бог забележал како една неизраелска вдовица од Сарепта го поделила и она малку што го имала со пророкот Илија. Јехова, исто така, ги забележува нашите дела на вера (1.5., страници 28—31).

• Зошто може да се каже дека по Пентекост 33 н.е., Евреите што станале христијани морале лично да му се предадат на Бог?

Во 1513 пр.н.е. древните Израелци стапиле во предаден однос со Јехова (Излез 19:3—8). Потоа, Евреите се раѓале во таа предадена нација под сојузот на Законот. Но, Јехова го отстранил сојузот на Законот со смртта на Исус во 33 н.е. (Колошаните 2:14). Оттогаш, Евреите што сакале да му служат на Бог на прифатлив начин морале да му се предадат и да се крстат во името на Исус Христос (15.5., страници 30, 31).

• Дали кадењето темјан има место во вистинското обожавање денес?

Употребата на темјан била дел од вистинското обожавање во древниот Израел (Излез 30:37, 38; Левит 16:12, 13). Но, сојузот на Законот, вклучувајќи ја и употребата на темјан, завршил со смртта на Христос. Христијаните треба самите да одлучат дали да користат темјан за нерелигиозни цели, но тоа не е дел од вистинското обожавање денес. Исто така, треба да се земат предвид и чувствата на другите за да не ги спрепнеме (1.6., страници 28—30).

• Која неодамнешна вест поттикна многумина подобро да размислат за реалноста на тоа дека Исус живеел на земјата?

Беше даден голем публицитет на една кутија, костурница, што беше најдена во Израел. Изгледа дека таа потекнува од првиот век, и на неа има еден натпис во кој се вели: „Јаков, син на Јосиф, брат на Исус“. Некои сметаат дека ова е „најстариот археолошки доказ, надвор од Библијата“, дека Исус постоел (15.6., страници 3, 4).

• Како човек учи да сака?

Луѓето најпрво учат да сакаат од примерот и воспитанието на нивните родители. Кога еден сопруг и една сопруга покажуваат љубов и почит еден кон друг, децата можат да научат да сакаат (Ефешаните 5:28; Тит 2:4). Дури и ако некој не потекнува од семејство во кое имало љубов, тој може да научи да сака така што ќе го прифати татковското водство од Јехова, ќе ја добие помошта од светиот дух и ќе извлече корист од срдечната поддршка на христијанското братство (1.7., страници 4—7).

• Кој бил Евзебиј, и каква поука можеме да извлечеме од неговиот живот?

Евзебиј бил историчар, кој во 324 н.е. го завршил делото во десет тома со наслов Историја на христијанската црква. Иако верувал дека Таткото постоел пред Синот, Евзебиј прифатил поинакво гледиште на концилот во Никеја. Тој изгледа го игнорирал барањето на Исус неговите ученици да „не се дел од светот“ (Јован 17:16; 15.7., страници 29—31).

• Дали Јехова го променил своето гледиште за полигамијата?

Не, Јехова не го променил своето гледиште за полигамијата (Малахија 3:6). Божјето уредување за првиот човек било тој да „се прилепи кон својата жена“ и да стане едно тело со неа (Битие 2:24). Исус рекол дека, ако некој се разведе, освен кога станува збор за блуд, и потоа повторно стапи во брак, тогаш тој е прељубник (Матеј 19:4—6, 9). Јехова ја трпел полигамијата сѐ до формирањето на христијанското собрание (1.8., страница 28).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели