ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/5 стр. 3-4
  • Длабока и трајна болка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Длабока и трајна болка
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто е толку голема тагата?
  • Помош од „Бог, кој дава истрајност и утеха“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Како можат другите да помогнат?
    Кога ќе умре некој што го сакаш
  • Родители, воспитувајте ги децата со љубов!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Млади — вие го допирате срцето на своите родители
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/5 стр. 3-4

Длабока и трајна болка

НЕОДАМНА, еден истражувач сакал да испита како влијае времето што изминува врз луѓето што тагуваат поради тоа што им умрел некој што многу го сакале. Тој испратил прашалници до осум родители на кои пред неколку години им умрело дете. Не одговориле сите родители. Владимир, кој го изгубил својот син пред пет години, објаснил дека сѐ уште му е многу тешко да зборува за своето дете.a

Кај родителите што изгубиле дете, тагата најчесто трае долго. Пред десет години, на Вилијам му се удавил осумнаесетгодишниот син. Тој пишува: „Сѐ уште ја носам во себе болката поради тоа што го изгубив, и ќе ја носам додека сум жив“. Пет години откако синот на Луси неочекувано се разболел и умрел, таа напишала: „Првите неколку денови си мислев дека не е можно да е вистина она што се случи. Мислев дека сонувам страшен сон и дека наскоро ќе се разбудам. По некое време почнав да сфаќам дека тоа што се случи е вистина и дека моето дете нема да си дојде дома. Син ми умре пред пет години, но понекогаш, кога сум сама, сѐ уште плачам по него“.

Зошто ужалените родители, како што се Владимир, Вилијам и Луси, чувствуваат толку длабока и долготрајна болка? Од неколку причини.

Зошто е толку голема тагата?

Кога во едно семејство ќе се роди бебе, родителите чувствуваат нешто што не може да се спореди со кој и да е друг однос меѓу луѓето. Сѐ што е поврзано со нивното детенце им причинува задоволство и ги прави неописливо среќни — било да го земат в раце, да го гледаат како спие или како весело се смее. Родителите што си ги сакаат своите деца се грижат за нив. Тие ги учат исправно да се однесуваат и да бидат културни (1. Солуњаните 2:7, 11). Кога родителите гледаат дека нивните деца созреваат во склад со поуката што им ја даваат, почнуваат да се гордеат со нив и да се надеваат дека ги чека убава иднина.

Добрите родители напорно работат за да им го обезбедат на своите деца она што им е потребно. Можеби редовно тргаат настрана пари или купуваат материјални работи за да им помогнат на децата еден ден и тие да оформат свое семејство (2. Коринќаните 12:14). Зошто родителите се спремни да потрошат толку многу емоции, време, труд и пари? Одговорот води до само еден заклучок — родителите очекуваат да ги израснат своите деца и тие да живеат, а не да умрат. Кога на родителите ќе им умре дете, трудот што го вложувале за да го израснат е прекинат, и сите нивни надежи се уништени. Топлата љубов и нежноста што ги покажувале кон своето дете сега се сопрени со камениот ѕид на смртта. Местото кое нивниот син или ќерка го имале во нивните срца сега е празно. Нивната тага е длабока и тешко дека нешто може да ја оттргне.

И Библијата потврдува дека ужалените родители чувствуваат силна и постојана болка. На пример, таа опишува како реагирал патријархот Јаков кога слушнал дека син му Јосиф бил убиен: „Јаков ја раскина својата наметка, си препаша козина околу бедрата и тажеше по својот син многу дни. И сите негови синови и сите негови ќерки настојуваа да го утешат, но тој не дозволуваше да го утешат, туку велеше: ‚Со тажење ќе отидам кај мојот син во гробот!‘“ Дури и по многу години, Јаков уште жалел по својот син за кого мислел дека е мртов (1. Мојсеева 37:34, 35; 42:36-38). Во еден друг пример од Библијата станува збор за една верна жена по име Ноемина, на која ѝ умреле и двата сина. Од преголема болка, таа сакала да си го смени своето име Ноемина, кое значи „Моја веселба“, во Мара, кое значи „Горчило“ (Рут 1:3-5, 20, 21, фуснота).

Значи, и Библијата покажува дека тагата на родителите што изгубиле дете е огромна. Но, Библијата покажува и како Јехова им дава сила на оние што чувствуваат ваква болка. Следната статија зборува за некои начини на кои Бог им дава утеха на оние кои жалат поради смртта на своето дете.

[Фуснота]

a Некои имиња се сменети.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели