ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/9 стр. 13-16
  • Биди свесен колку е важна пофалбата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди свесен колку е важна пофалбата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Еден љубезен и учтив совет
  • Пофалбата ни помага да бидеме тактични
  • Исус е совршен пример за давање пофалби
  • Старешини што даваат заслужени пофалби
  • „Зборот во право време колку е добар!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Покажи искрен интерес — со давање пофалби
    Нашата служба за Царството 2006
  • Пофалбата зајакнува
    Нашата служба за Царството 2003
  • Зошто да ги пофалуваме другите?
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/9 стр. 13-16

Биди свесен колку е важна пофалбата

ДАЛИ некогаш си чул како некој се жали дека шефот на работа многу ретко го пофалува? Дали и ти некогаш си се жалел од истото? Или, пак, ако си млад човек, дали си го рекол тоа за твоите родители или за твоите наставници на училиште?

Некои од овие поплаки веројатно се оправдани. Но, според еден стручњак од Германија, вработените не се жалат толку затоа што шефот не ги пофалува, туку затоа што воопшто не се интересира за нив. Како и да е, очигледно е дека нешто недостасува. За да имаме добри односи со другите луѓе, неопходно е и да ги пофалуваме и да бидеме заинтересирани за нив.

Истото важи и за религијата. Во христијанското собрание треба да се гледа дека секој е спремен да ги пофали другите и дека срдечно се интересира за секого поединечно. Таквата убава атмосфера се постигнува и се одржува затоа што сите во собранието постапуваат според она што го учат од Библијата. Сепак, дури и ако во нашето собрание има многу љубов, секогаш може нешто да се подобри. Затоа, да разгледаме три добри примери за давање пофалба: Елијуј, кој му служел на Бог во претхристијанскиот период, потоа апостол Павле и самиот Исус Христос.

Еден љубезен и учтив совет

Елијуј, кој најверојатно бил далечен роднина на Авраам, многу му помогнал на Јов да има урамнотежено гледиште за својот однос со Бог. Елијуј бил љубезен и учтив. Тој стрпливо чекал да му дојде редот да зборува. Оние што тврделе дека му се пријатели на Јов само зборувале за неговите грешки, но Елијуј, освен што му дал совет, бил спремен и да го пофали Јов затоа што се трудел да живее праведно. Само тој срдечно му се обратил на Јов по име, со што постапил како пријател кој е лично заинтересиран за него. Потоа учтиво го замолил: „Те молам, Јове, чуј ги моите зборови и слушни сѐ што имам да ти кажам!“ Елијуј се ставил во негова кожа, па затоа со почит признал: „Еве, пред вистинскиот Бог јас сум ист како тебе, и јас сум направен од глина“. Потоа го пофалил со зборовите: „Ако имаш што да кажеш, одговори ми! Зборувај, зашто уживам во твојата праведност“ (Јов 33:1, 6, 32).

Ако со другите постапуваме љубезно и учтиво, на некој начин, ги пофалуваме. Всушност, со тоа на соговорникот му велиме: ‚Сметам дека заслужуваш да ти обрнам внимание и да постапувам со тебе достоинствено‘. Така тој ќе почувствува дека срдечно се интересираме за него.

За да бидеме културни и учтиви, не е доволно само да се однесуваме по бон-тон. Ако сакаме да се зближиме со другите, нашата учтивост мора да биде искрена и од срце. Мора вистински да се интересираме за нив и да ги сакаме.

Пофалбата ни помага да бидеме тактични

Апостол Павле покажал дека, кога треба да постапиме тактично, пофалбата може многу да ни помогне. На пример, додека проповедал во Атина на своето второ мисионерско патување, тој го бранел христијанството пред некои грчки филозофи. Забележи колку тактично ја извршил оваа тешка задача. „Некои од епикурејските и стоичките филозофи почнаа да му противречат. Едни велеа: ‚Што сака да каже овој дрдорко?‘ А други: ‚Изгледа дека објавува некакви туѓи богови‘“ (Дела 17:18). И покрај тие приговори, Павле останал смирен и одговорил: „Луѓе Атињани, гледам дека вие сте во сѐ некако попобожни од другите“. Тој не го осудил нивното идолопоклонство, туку ги пофалил за нивната побожност (Дела 17:22).

Дали Павле постапил лицемерно? Воопшто не. Тој знаел дека неговата задача не била да ги осудува своите слушатели. Освен тоа, бил свесен дека пред некое време и самиот не ја знаел вистината. Неговата задача била да ја пренесе Божјата порака, а не да ги суди другите. Од лично искуство го знаел она што и многу денешни Јеховини сведоци го сфатиле, а тоа е дека многумина што искрено ја бранеле лажната религија, со текот на времето станале едни од најголемите бранители на вистинската религија.

Пристапот на Павле бил делотворен и имал добри резултати. Во Библијата пишува: „Некои луѓе му се придружија и станаа верници, меѓу нив и Дионисиј, судија при судот на Ареопагот, и една жена, по име Дамара, и други со нив“ (Дела 17:34). Навистина било многу мудро тоа што Павле ги пофалил Атињаните за нивните искрени, иако лажни верувања, наместо да ги осудува дека не ја знаат вистината! Честопати, луѓето што се погрешно упатени, па затоа постапуваат погрешно, имаат добро срце.

Павле постапил тактично и кога бил повикан да се брани пред Ирод Агрипа II. Било познато дека Ирод бил во родосквернителна врска со својата сестра Верника, а тоа е јасно осудено во Божјата реч. Сепак, Павле не кажал ниту еден збор на осуда. Напротив, тој нашол оправдана причина да го пофали Ирод. Во Библијата стои: „Царе Агрипа, се сметам за среќен што можам денес да се бранам пред тебе од сето она за кое ме обвинуваат Евреите, особено затоа што добро ги познаваш сите обичаи и расправии меѓу Евреите“ (Дела 26:1-3).

Навистина би било мудро и ние на сличен тактичен начин да се однесуваме со другите. Ако пофалиме некој сосед, соученик или, пак, некој колега на работа, можеме да бидеме во мирољубив однос со нив и да ги поттикнеме добро да се однесуваат. А понекогаш, ако пофалиме некое искрено лице што го заслужува тоа, можеби ќе успееме да повлијаеме на неговото срце и да го поттикнеме да ги менува своите погрешни ставови и постапки во согласност со тоа што стои во Библијата.

Исус е совршен пример за давање пофалби

Исус ги пофалувал луѓето. На пример, откако воскреснал и се вознел на небото, Исус добил задача од Бог да зборува преку апостол Јован со седум собранија во Мала Азија. Притоа, не пропуштил да ги пофали оние што го заслужиле тоа. На собранијата во Ефес, Пергам и Тијатира им ги упатил овие пофалби: „Ги знам твоите дела, и твојот труд и истрајноста, и дека не можеш да поднесуваш зли луѓе“, „Цврсто се држиш за моето име, и не се одрече од својата вера во мене“ и „Ги знам твоите дела, и твојата љубов, верата, службата и истрајноста, и дека твоите последни дела се побројни од претходните“. Дури и во собранието во Сард, за кое имал строг совет, Исус забележал поединци кои заслужувале пофалба. За нив рекол: „Но имаш во Сард неколкумина кои не ги извалкале своите облеки. Тие ќе одат со мене во бели облеки, бидејќи се достојни“ (Откровение 2:2, 13, 19; 3:4). Исус ни дал навистина убав пример!

Исто како Исус, и ние никогаш не треба да осудиме цела група луѓе поради грешката на неколкумина. Освен тоа, дури и кога мора да дадеме некој совет, треба претходно да дадеме пофалба што е заслужена. Но, треба да имаме на ум дека, ако даваме пофалби само пред да дадеме совет, нашата пофалба ќе остане незабележана. Затоа, пофалувај ги другите секогаш кога е можно! Ако го правиш тоа, полесно ќе биде прифатен и советот што ќе треба да го дадеш во друга прилика.

Старешини што даваат заслужени пофалби

Корнелија е христијанка што служи во една подружница на Јеховините сведоци во Европа. Таа се сеќава дека во првата половина на 1970-тите години, кога ги посетил патувачкиот надгледник, тој ја прашал како ѝ оди со личното проучување на Библијата и со читањето на списанијата. „Се почувствував малку посрамена“, вели таа. Но признала дека не успевала да ја прочита секоја статија од списанијата. „Наместо да ме критикува за ова“, се сеќава таа, „тој ме пофали што читам онолку колку што можам“. Бев толку охрабрена од оваа пофалба што оттогаш ја читам секоја статија“.

Реј, кој служи во друга подружница во Европа, се сеќава на својот прв ден во пионерската служба. Претседавачкиот надгледник на собранието, кој бил семеен човек со световно вработување и со многу собраниски одговорности, кога влегол во Салата на Царството таа вечер, веднаш му пришол на Реј и го прашал: ‚Како ти помина првиот ден во пионерска служба?‘ Денес, по скоро 60 години, Реј сѐ уште се сеќава на грижата на тој старешина.

Овие две искуства покажуваат дека, ако љубезно и искрено, а не механички или ласкаво, им изразиме на другите ценење за она што го направиле, можеме да извршиме многу позитивно влијание врз нив. Во христијанското собрание имаме навистина многу причини да ги пофалиме нашите соверници. На пример, би можеле да ги пофалиме за нивната желба да му служат на Јехова, за добро подготвените коментари, за тоа што успеале да ја надминат тремата кога држат говор или кога учествуваат во други делови од состанокот, за нивната ревност во проповедањето и поучувањето, како и за тоа што се трудат на прво место да ги стават службата за Царството и духовните цели. Кога ги пофалуваме другите, ние сме богато благословени. Тоа нѐ прави среќни и ни помага да гледаме позитивно на животот (Дела 20:35).

Собраниските старешини треба да ги пофалуваат членовите на собранието за добрата работа што ја извршуваат. А кога е потребен совет, треба да го дадат љубезно. Од друга страна, пак, не треба да очекуваат сѐ да биде направено совршено и да го сметаат за сериозна грешка она што не е направено на тој начин.

Христијанските старешини вистински ќе ги охрабрат своите браќа ако се учтиви и љубезни како Елијуј, тактични како Павле и грижливи и полни со љубов како Исус. Пофалбата ќе ги поттикне другите да бидат подобри христијани, а тоа ќе придонесе меѓу нив да има мир и слога. Исус сигурно многу се радувал кога при крштавањето го слушнал својот небесен Татко како го пофалува со зборовите: „Ти си мојот сакан Син! Ти си по мојата волја!“ (Марко 1:11). Да ги израдуваме и ние нашите браќа со искрени пофалби.

[Слики на страница 15]

Тактичноста на Павле му донела добри резултати, па може да ни донесе и нам

[Слика на страница 16]

Срдечната, искрена пофалба врши многу позитивно влијание

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели