ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 15/9 стр. 26-30
  • Како да покажуваме милосрдност?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да покажуваме милосрдност?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ‚Ако некој брат нема што да облече‘
  • „Ако сте пристрасни“
  • „Мудроста одозгора е... полна со милосрдие“
  • ‚Простете им ги на луѓето нивните престапи‘
  • „Да им правиме добро на сите“
  • „Давајте го она што е во внатрешноста“
  • ‚Вашиот татко е милосрден‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Му служиме на Бог, кој е „богат со милосрдие“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Среќни се милосрдните!
    Пејте му на Јехова
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 15/9 стр. 26-30

Како да покажуваме милосрдност?

„Да им правиме добро на сите, а особено на своите браќа по вера“ (ГАЛАТИТЕ 6:10).

1, 2. Што учиме за милосрдноста од споредбата за милосрдниот Самарјанин?

ЕДЕН човек што добро го познавал Мојсеевиот закон, во една прилика го прашал Исус: „Кој е мојот ближен?“ Исус му одговорил раскажувајќи му ја следнава споредба: „Еден човек слегуваше од Ерусалим кон Ерихон и налета на разбојници, кои го соблекоа и го претепаа, па си заминаа, оставајќи го полумртов. А по тој пат случајно слегуваше еден свештеник, но кога го виде, помина на спротивната страна. Исто така и еден Левит, кога го виде додека слегуваше по тој пат, помина на спротивната страна. А еден Самарјанин, кој поминуваше по тој пат, дојде до него и, кога го виде, се сожали. И му се приближи и му ги преврза раните, поливајќи ги со масло и со вино. Потоа го качи на своето добиче, па го однесе во еден конак и се погрижи за него. Утредента извади два денарија, му ги даде на сопственикот на конакот и рече: ‚Погрижи се за него, а што ќе потрошиш повеќе од ова, ќе ти платам кога ќе се вратам‘“. Потоа Исус го прашал законикот: „Што мислиш, кој од овие тројца му беше ближен на човекот кој налета на разбојниците?“ Тој одговорил: „Оној што му покажа милосрдие“ (Лука 10:25, 29-37а).

2 Колку жива слика за вистинската милосрдност ни доловува описот на грижата што Самарјанинот ја покажал кон повредениот човек! Трогнат од жал, односно сочувство, тој му помогнал на овој човек и му ги олеснил маките, иако не му бил сонародник. Значи, националните, верските и културните разлики не се пречка за да се покаже милосрдие. Откако му ја раскажал споредбата за милосрдниот Самарјанин на човекот што му го поставил прашањето, Исус му го дал следниов совет: „Оди, па и ти прави така!“ (Лука 10:37б). Можеме да го послушаме овој совет и да се трудиме да бидеме милосрдни кон другите. Но, како? Како можеме да покажуваме милосрдност во секојдневниот живот?

‚Ако некој брат нема што да облече‘

3, 4. Зошто треба особено да се трудиме да бидеме милосрдни кон браќата и сестрите во христијанското собрание?

3 Апостол Павле рекол: „Додека имаме можност за тоа, да им правиме добро на сите, а особено на своите браќа по вера“ (Галатите 6:10). Затоа, да видиме прво како можеме во секое време да правиме милосрдни дела за нашите соверници.

4 Со желба да ги поттикне вистинските христијани да бидат милосрдни едни кон други, ученикот Јаков напишал: „Оној што не е милосрден кон другите, него го чека немилосрден суд“ (Јаков 2:13). Контекстот на овие вдахновени зборови ни покажува како би можеле да бидеме милосрдни кон другите. На пример, во Јаков 1:27 пишува: „Почитувањето кое е чисто и неизвалкано пред нашиот Бог и Татко е ова: да се грижиш за сираците и за вдовиците во нивната неволја и да се чуваш од валканоста на овој свет“. А во Јаков 2:15, 16 стои: „Ако некој брат или сестра немаат што да облечат и им недостасува секојдневната храна, а некој од вас им рече: ‚Одете во мир, згрејте се и наситете се‘, но не им го даде она што му е потребно на нивното тело, од каква корист е тоа?“

5, 6. Како можеме да правиме многу милосрдни дела за браќата и сестрите од нашето собрание?

5 Грижата за другите и помагањето на оние што се во немаштија се обележја на вистинската религија. Како вистински христијани, ние не смееме да покажуваме грижа за другите само со зборови, и да им кажеме да не се секираат зашто сѐ ќе биде во ред. Напротив, нежното сочувство нѐ тера да направиме нешто за оние на кои им треба помош (1. Јованово 3:17, 18). Ако му подготвиме јадење на некој што е болен, ако им помогнеме низ дома на постарите или ако ги префрлиме со кола на христијанските состаноци кога има потреба, и ако не сме скржави туку дарежливо им даваме на оние што го заслужуваат тоа, тогаш навистина правиме многу милосрдни дела (5. Мојсеева 15:7-10).

6 Иако е важно да помагаме во материјален поглед, уште поважно е да им даваме духовна помош на членовите на христијанското собрание, кое станува сѐ побројно. Поттикнати сме да ‚ги тешиме потиштените души и да им помагаме на слабите‘ (1. Солуњаните 5:14). На „постарите жени“ им е речено да „ги поучуваат другите за она што е добро“ (Тит 2:3). Во врска со христијанските надгледници, Библијата вели: „Секој ќе биде како засолниште од ветар и како прибежиште од бура“ (Исаија 32:2).

7. Каков пример ни дале христијаните во Сириска Антиохија за тоа како да покажуваме милосрдност?

7 Освен што се грижеле за вдовиците, за сираците и за оние на кои им требале помош и охрабрување во нивното место, одвреме-навреме собранијата од првиот век испраќале помош и до соверниците на други места. На пример, кога пророкот Агав претскажал „дека по цел свет ќе завладее голем глад“, учениците во Сириска Антиохија ‚решиле, секој според своите можности, да испратат помош за на тој начин да им послужат на браќата што живееле во Јудеја‘. Оваа помош била испратена до тамошните старешини „преку Варнава и Савле“ (Дела 11:28-30). А како е денес? „Верниот и разборит роб“ има формирано одбори за помош кои се грижат за нашите браќа што се погодени од природни катастрофи како, на пример, урагани, земјотреси или цунамија (Матеј 24:45). Убав начин да покажеме милосрдност е доброволно да го трошиме своето време, сила и средства за да помагаме во таквите акции.

„Ако сте пристрасни“

8. Како пристрасноста ја задушува милосрдноста?

8 Јаков предупредил на една работа која би можела да нѐ спречи да покажуваме милосрдност и да го исполниме „царскиот закон“ на љубовта. Тој напишал: „Ако сте пристрасни, правите грев, и законот ве осудува како престапници“ (Јаков 2:8, 9). Ако им укажуваме поголемо внимание на оние што се богати или имаат некаква угледна положба, би можеле да станеме неосетливи за „бедниот [кој] се жали и офка“ (Изреки 21:13). Пристрасноста ја задушува милосрдноста. Да бидеме милосрдни значи да бидеме непристрасни кон другите.

9. Зошто не е погрешно да се покаже посебна почит кон оние што ја заслужуваат?

9 Дали непристрасноста значи дека не треба никогаш да бидеме посебно обѕирни кон некого? Не. Во врска со својот соработник Епафродит, апостол Павле им го напишал следново на христијаните во Филипи: „Почитувајте ги таквите како него“. Зошто? „Бидејќи, поради делото на Господарот, тој беше сосема близу до смртта, изложувајќи го својот живот на опасност, за да го надомести тоа што вие не сте тука за да ми послужите“ (Филипјаните 2:25, 29, 30). Бидејќи служел верно, Епафродит заслужувал браќата да го ценат. Освен тоа, во 1. Тимотеј 5:17 читаме: „Старешините, кои ве предводат на добар начин, сметајте ги за достојни за двојна чест, особено оние што марливо говорат и поучуваат за Божјата реч“. И оние што имаат убави духовни особини заслужуваат да бидат ценети. Тоа што покажуваме почит кон таквите не значи дека сме пристрасни.

„Мудроста одозгора е... полна со милосрдие“

10. Зошто треба да го зауздаме својот јазик?

10 Во врска со јазикот, Јаков рекол: „Тој е незауздано зло, полно со смртоносен отров. Со него го благословуваме Јехова, Таткото, а со него ги проколнуваме луѓето, кои се создадени ‚слични на Бог‘. Од истата уста излегува и благослов и проклетство“. Во истиов контекст, тој додал: „Ако во срцата имате горчлива љубомора и кавгаџиство, не фалете се и не лажете против вистината. Тоа не е мудроста која доаѓа одозгора, туку е земна, телесна, демонска. Зашто, каде што има љубомора и кавгаџиство, таму има неред и секакво зло. Но мудроста одозгора пред сѐ е чиста, потоа мирољубива, разумна, спремна да послуша, полна со милосрдие и со добри плодови, непристрасна, нелицемерна“ (Јаков 3:8-10а, 14-17).

11. Како можеме да бидеме милосрдни кога го користиме својот јазик?

11 Според тоа, од начинот на кој го користиме јазикот се гледа дали поседуваме мудрост која е „полна со милосрдие“. Што ако од љубомора или кавгаџиство се фалиме, лажеме или оговараме? Во Псалм 94:4 се вели: „Сите злосторници се фалат“. Колку брзо може едно оговарање да му го уништи доброто име на некое невино лице! (Псалм 64:2-4). Освен тоа, помисли и колкава штета може да предизвика „лажниот сведок [кој] зборува лаги“ (Изреки 14:5; 1. Царевите 21:7-13). Откако зборува подетално за неисправното користење на јазикот, Јаков вели: „Не смее, браќа мои, тоа да биде така!“ (Јаков 3:10б). Вистинската милосрдност налага да го користиме јазикот на чист, мирољубив и разумен начин. Исус рекол: „Ви велам дека за секој безвреден збор што ќе го изговорат, луѓето ќе положат сметка во Судниот ден“ (Матеј 12:36). Многу е важно да бидеме милосрдни кога го користиме својот јазик!

‚Простете им ги на луѓето нивните престапи‘

12, 13. а) Што учиме за милосрдноста од споредбата за робот кој му должел многу пари на својот господар? б) Што значи да му простиме на братот „до седумдесет и седум пати“?

12 Исус кажал една споредба за робот кој му должел шеесет милиони денарии на својот господар, царот. Од оваа споредба учиме на кој друг начин можеме да покажеме милосрдност. Бидејќи немал со што да го врати долгот, робот молел за милост. ‚На господарот му паднало жал‘ и му го поништил долгот. Но, кога овој роб си заминал откај царот, сретнал еден друг роб кој му должел само сто денарии и затоа немилосрдно го фрлил в затвор. Штом господарот чул што се случило, го повикал робот на кој му простил, и му рекол: „Зол робу, јас ти го поништив сиот оној долг, бидејќи ме молеше. Зарем не требаше и ти да му се смилуваш на другиот роб, како што јас ти се смилував тебе?“ Потоа господарот им го предал злобниот роб на темничарите. На крајот од споредбата, Исус рекол: „Така и мојот небесен Татко ќе постапи со вас ако секој од вас не му прости од срце на својот брат“ (Матеј 18:23-35).

13 Од оваа споредба многу јасно се гледа дека милосрдноста вклучува и спремност да се прости. Јехова ни простил огромен долг — нашиот грев. Зарем не треба и ние да им ‚ги простиме на луѓето нивните престапи‘? (Матеј 6:14, 15). Пред Исус да ја раскаже споредбата за немилосрдниот роб, Петар го прашал: „Господару, колкупати може да ми згреши мојот брат, а јас да му простам? До седум пати?“ Исус му одговорил: „Не ти велам до седумпати, туку до седумдесет и седум пати“ (Матеј 18:21, 22). Со други зборови, милосрдното лице е спремно да прости „до седумдесет и седум пати“, односно неограничено.

14. Според Матеј 7:1-4, како можеме секој ден да покажуваме милосрдност?

14 Во својата Проповед на гората, Исус посочил уште еден начин на кој можеме да покажеме милосрдност. Тој рекол: „Не судете, за да не бидете судени. Зашто, со каков суд судите, со таков ќе ви се суди... Тогаш, зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш? Или, како можеш да му речеш на брата си: ‚Дај да ти ја извадам раската од окото‘, кога самиот имаш греда во своето око?“ (Матеј 7:1-4). Значи, секој ден можеме да покажуваме милосрдност ако ги поднесуваме слабостите на другите без да им судиме или да ги критикуваме.

„Да им правиме добро на сите“

15. Зошто не треба да бидеме милосрдни само кон соверниците?

15 Иако во посланието на Јаков се зборува дека треба да бидеме милосрдни кон соверниците, ова не значи дека треба да покажуваме милосрдност само кон браќата и сестрите во христијанското собрание. „Јехова е добар кон сите и неговото милосрдие почива над сите негови суштества“, се вели во Псалм 145:9. Ние сме поттикнати ‚да се угледаме на Бог‘ и „да им правиме добро на сите“ (Ефешаните 5:1; Галатите 6:10). Иако не го сакаме „ниту светот ниту она што е во светот“, ние не сме бесчувствителни кон потребите на луѓето од светот (1. Јованово 2:15).

16. Од што зависи на кој начин ќе покажеме милосрдност кон другите?

16 Како христијани, спремни сме без двоумење да им помогнеме на секаков можен начин на жртвите на „непредвидените настани“ или на оние што се наоѓаат во тешка ситуација (Проповедник 9:11). Се разбира, што и колку ќе направиме за нив зависи од околностите (Изреки 3:27). Кога им даваме материјална помош на другите, мора да внимаваме со нашето добро дело да не ги поттикнеме на мрзливост (Изреки 20:1, 4; 2. Солуњаните 3:10-12). Според тоа, оној што навистина е милосрден прави добри дела поттикнат од сочувство или сожалување, но притоа користи и здрав разум.

17. Кој е најдобриот начин да покажеме милосрдност кон оние што не се дел од христијанското собрание?

17 Најдобар начин да бидеме милосрдни кон оние што не се дел од христијанското собрание е да им ја пренесеме вистината од Библијата. Зошто? Затоа што повеќето луѓе денес талкаат во духовна темнина. Бидејќи не знаат како да ги решат проблемите со кои се соочуваат и немаат вистинска надеж за иднината, мнозина се „измачени и расеани како овци без пастир“ (Матеј 9:36). Пораката од Божјата реч може да им послужи како ‚светилка на нивната нога‘ затоа што може да им помогне успешно да се справат со проблемите во животот. Може да им биде и ‚светлина на нивната патека‘ бидејќи претскажува што има намера да стори Бог во иднина и така им дава основа да имаат надеж (Псалм 119:105). Каква огромна чест имаме да им ја пренесеме прекрасната порака на вистината на оние што очајно имаат потреба од неа! Со оглед на тоа што ‚големата неволја‘ многу брзо се приближува, сега е време ревносно да проповедаме за Царството и да правиме ученици (Матеј 24:3-8, 21, 22, 36-41; 28:19, 20). Ниту едно друго милосрдно дело не е поважно од ова.

„Давајте го она што е во внатрешноста“

18, 19. Зошто треба да се трудиме да бидеме уште помилосрдни?

18 „Како милостина давајте го она што е во внатрешноста“, рекол Исус (Лука 11:41). За едно добро дело навистина да биде милосрдно, мора да биде подарок што доаѓа однатре — од спремно срце од кое извира љубов (2. Коринќаните 9:7). Во еден свет во кој на секој чекор наидуваме на суровост, себичност и незаинтересираност за страдањата и проблемите на другите, ваквата милосрдност навистина е добредојдена!

19 Затоа, секојдневно да се трудиме да бидеме уште помилосрдни. Колку помилосрдни сме, толку сме послични на Бог. Така нашиот живот ќе биде исполнет и ќе има вистинска смисла (Матеј 5:7).

Што научи?

• Зошто е особено важно да бидеме милосрдни кон соверниците?

• Како можеме да бидеме милосрдни кон браќата и сестрите во собранието?

• Како можеме да им правиме добро на оние што не се дел од собранието?

[Слика на страница 26]

Самарјанинот постапил милосрдно

[Слики на страница 27]

Христијаните прават многу милосрдни дела

[Слика на страница 30]

Најдобар начин да бидеме милосрдни кон оние што не се дел од собранието е да им ја пренесеме вистината од Библијата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели