ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 1/3 стр. 3
  • „Не ми дошло времето да умрам“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Не ми дошло времето да умрам“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Сличен материјал
  • Во потрага по човековата судбина
    Разбудете се! 1999
  • Несреќните случаи — судбина или околности?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Дали е судбина или чиста случајност?
    Разбудете се! 1999
  • Сѐ си има свое време
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 1/3 стр. 3

„Не ми дошло времето да умрам“

Возачот на еден огромен камион за отпад ја изгубил контролата над возилото и удрил една брачна двојка и еден 23-годишен човек што си оделе по тротоарот. Според извештајот во еден њујоршки весник, мажот и жената умреле на лице место, а младичот ја изгубил свеста. Кога се освестил и сфатил што се случило, првата мисла му била: ‚Не ми се верува што се случува. Те молам, Боже, помогни ми да го преживеам ова‘. Тој рекол: „Не ми дошло времето да умрам“

ВЕРОЈАТНО си чул и за други вакви случки. Кога некој за влакно ќе се извлече од некоја несреќа, луѓето велат: ‚Не му дошло времето‘, но кога некој ќе загине во несреќа под чудни околности, заклучуваат: ‚Сега му дошло времето‘ или ‚Тоа е Божја волја‘. Сеедно дали она што се случило го припишуваат на судбината, на среќата или на Бог, сѐ се сведува на исто — дека настаните во животот и она што ќе произлезе од нив е однапред одредено и дека не може ништо да се смени. Луѓето немаат вакво гледиште само во врска со смртта и несреќите ниту, пак, ова верување е својствено само за нашево време.

На пример, древните Вавилонци верувале дека врз она што го прават луѓето влијаат ѕвездите и нивното движење. Затоа барале знаци од небото за да ги водат. Грците и Римјаните обожавале божици на судбината, и понекогаш изгледало дека нивната моќ да одредат дали некој ќе има добра или лоша судбина е поголема и од волјата на главните богови, Зевс и Јупитер.

На Далечниот Исток, хиндусите и будистите веруваат дека она што некој моментално го доживува е резултат на она што го правел во минатиот живот, а од неговите постапки во овој живот ќе зависи како ќе му биде во идниот живот. Други религии — вклучувајќи и многу цркви во христијанскиот свет — исто така прифаќаат вакви фаталистички верувања, што се гледа од нивната доктрина за предодреденост.

Затоа, не е ништо чудно што дури и во нашево време на наводна просветленост и објективност, многу луѓе сѐ уште веруваат дека околностите во нивниот живот, исходот од нивните секојдневни случки и нивната конечна иднина се водени од судбината и дека не можат многу да сменат во врска со тоа. Дали и ти го мислиш истото? Дали настаните во животот на еден човек, неговите успеси и неуспеси — дури и раѓањето и смртта — се навистина предодредени? Дали со твојот живот управува судбината? Да видиме како може Библијата да ни помогне да одговориме на овие прашања.

[Извор на слика на страница 3]

Ken Murray/New York Daily News

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели