ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 15/8 стр. 23
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Сличен материјал
  • Тие ја сакале Божјата Реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Книга која „зборува“ живи јазици
    Книга за сите луѓе
  • Биди ревносен за Јеховиниот дом!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 15/8 стр. 23

Се сеќаваш ли?

Уживаше ли во читањето на последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

• Дали е можно да воскресне бебе кое умрело уште пред да се роди?

Животот почнува со зачнувањето. Јехова може да ги воскресне поединците независно од тоа во кој момент од животот умреле бидејќи „за Бог сѐ е возможно“ (Мар. 10:27). Но, Библијата не кажува директно дали ќе ги воскресне и неродените деца кои умреле во матката на мајката (15.4., страници 12, 13).

• Зошто е добро да научиме нешто за мравките, за пештерникот, за скакулците и за геконот?

Сите овие животни се природно мудри. Со тоа ја величаат Божјата мудрост (Изр. 30:24-28; 15.4., страници 16-19).

• Кој важен настан за Јеховините сведоци се случил пред 100 години, во 1909 год.?

Таа година, седиштето на Watch Tower Bible and Tract Society, законската корпорација која Јеховините сведоци ја користат за издавање литература, беше префрлено од Питсбург (Пенсилванија) во Бруклин (Њујорк), каде што постои и функционира до денешен ден (1.5., страници 22-24).

• Зошто Библијата зборува пофално за молчењето?

Таа покажува дека молчењето може да биде знак на почит, може да ни помогне длабоко да размислуваме и да биде доказ за разборитост (Пс. 37:7; 63:6; Изр. 11:12; 15.5., страници 3-5).

• Што им е заедничко на Џон Виклиф, Вилијам Тиндејл, Роберт Морисон и Адонирам Џадсон?

Сите ја сакале Божјата реч и ја превеле на јазици што можел да ги разбере обичниот народ. Првите двајца ја превеле на англиски, Морисон на кинески и Џадсон на бурмански (мјанмарски) (1.6., страници 8-11).

• Колку цареви на Јуда покажале извонредна ревност за Јеховиниот дом?

Со јужното царство Јуда владееле деветнаесет цареви, а четворица биле познати по таква ревност — Аса, Јосафат, Езекија и Јосија (15.6., страници 7-11).

• Дали сите помазани христијани на Земјата имаат удел во обезбедувањето духовна храна?

Не. Сите што се помазани со Божјиот дух се дел од верниот и разборит роб, но обезбедувањето на духовна храна го надгледуваат членовите на Водечкото тело (15.6., страници 22-24).

• Зошто римските војници толку сакале да ја добијат туниката на Исус?

Војниците кои го гледале погубувањето на Исус не сакале да ја скинат и да ја поделат неговата туника. Обично, таа се правела со пришивање на две парчиња ткаенина, но туниката на Исус била без шев, и затоа била поскапа (1.7., страница 22).

• Зошто може да се каже дека љубовта била главната разлика меѓу начинот на кој Исус се однесувал со луѓето и начинот на кој верските водачи постапувале со нив?

Наместо да ги сакаат обичните луѓе, тие водачи ги презирале. Освен тоа, тие не го сакале ни Бог. Исус го сакал својот Татко и му било жал за луѓето (Мат. 9:36). Тој бил срдечен, сочувствителен и љубезен кон нив (15.7., страница 15).

• Зошто некои брачни двојки имаат проблем со раководењето на парите, и што може да им помогне да успеат во тоа?

Честопати, кога ќе дојде до несогласување околу парите, вистинската причина, всушност, и не се парите, туку недостигот на доверба или некои стравови, а брачните другари можеби растеле и во различни околности. Четири фактори на успехот се: научи смирено да зборуваш за парите, договорете се како да гледате на приходите, запишете си како ќе го трошите семејниот буџет и договорете се кој што ќе прави (1.8., страници 10-12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели