ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/10 стр. 10
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Плодна маслинка во Божјиот дом
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Течното злато од Медитеранот
    Разбудете се! 2008
  • Радувај се! — бочвите се прелеваат од масло
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Исус ги истерал продавачите од храмот
    Поуки од Библијата
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/10 стр. 10

Дали сте знаеле?

Зошто во храмот во Ерусалим имало менувачи на пари?

▪ Кратко пред својата смрт, Исус презел нешто за да исправи една голема неправда што се правела во храмот. Во Библијата пишува: „Исус... ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот, и им ги испреврте масите на менувачите на пари и клупите на продавачите на гулаби. И им рече: ‚Напишано е: „Мојот дом ќе се вика дом на молитвата“, а вие од него правите разбојничка пештера!‘“ (Матеј 21:12, 13).

Евреите и преобратениците во еврејската вера во првиот век доаѓале во храмот во Ерусалим од многу земји и градови, и со себе носеле пари од својот крај. Сепак, само со одреден вид монети можеле да го плаќаат годишниот храмски данок, да купуваат животни за жртва и да даваат прилози. Затоа, менувачите на пари извршувале размена на монети од различни земји и со различна вредност, но земале одредена провизија. Кога наближувале еврејските празници, тие поставувале маси во Дворот на не-Евреите во храмот.

Тоа што Исус остро ги прекорил менувачите на пари дека го претвориле храмот во „разбојничка пештера“ покажува дека наплатувале превисоки суми за своите услуги.

Зошто маслинките биле особено ценети во библиски времиња?

▪ Маслинките и грозјето биле некои од плодовите со кои Бог ветил дека ќе го благослови својот верен народ (5. Мојсеева 6:10, 11). До ден-денес, маслинката е многу ценето дрво во местата каде што расте. Може да дава изобилен род во текот на стотици години, а потребна ѝ е релативно мала грижа. Маслинката расте дури и на каменита почва и може да преживее и кога има суша. Ако се пресече дрвото, пенушката може да пушти гранчиња од кои ќе пораснат нови стебла.

Во библиски времиња, кората и листовите од маслинката се користеле како лек против треска. Лепливата смола што капе од старите гранки има мирис на ванила и од неа се правеле парфеми. Меѓутоа, ова дрво особено се ценело како извор на храна поради плодовите и маслото што се добивало од него. Плодот на една зрела маслинка содржи околу 50 отсто масло.

Од едно родно дрво може да се добијат и до 57 литри масло годишно. Маслиновото масло се користело и за осветлување, за верски обреди, како козметичко средство за нега на телото и косата, и како лек за рани и модринки (2. Мојсеева 27:20; 3. Мојсеева 2:1-7; 8:1-12; Рут 3:3; Лука 10:33, 34).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели