ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w14 1/7 стр. 13
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Сличен материјал
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Единственото Мртво Море
    Разбудете се! 2008
  • Пази се од труење со риба!
    Разбудете се! 2006
  • Риболовот од птичја перспектива
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
w14 1/7 стр. 13

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?

Што правеле бродоградителите од минатото за нивните бродови да не пропуштаат вода?

Лајонел Касон, познат стручњак за антички бродови, објаснува што правеле бродоградителите во римско време откако ќе ги пополнеле со смола празнините меѓу даските на бродовите. Тие обично „ги премачкувале даските, па дури и целата надворешност на трупот со катран [битумен] или смеса од катран и восок, а со еден слој ја премачкувале и внатрешноста“. Долго пред римско време, Акадите и Вавилонците исто така користеле битумен за нивните бродови да не пропуштаат вода.

Течен битумен

Во библиските земји имало течен битумен во изобилство

Во хебрејските списи се спомнува слична техника на бродоградба. Хебрејскиот збор што се користи во 1. Мојсеева 6:14, а е преведен со смола, очигледно се однесува на битумен — природен нафтен дериват.

Природниот битумен може да се најде во две состојби — течна и цврста. Бродоградителите од минатото користеле течен битумен, кој го нанесувале директно на бродовите. Откако ќе бил нанесен, течниот битумен се сушел и се стврднувал. Така се создавал водоотпорен слој.

Во библиските земји имало битумен во изобилство. Долината Сидим, која се наоѓа во пределите на Мртвото Море, била полна со јами со битумен (1. Мојсеева 14:10, фуснота).

Кои методи се користеле во минатото за да се конзервираат рибите?

Уште од дамнешни времиња, рибите заземаат значајно место во исхраната на луѓето. Пред да почнат да го следат Исус, некои од апостолите рибареле на Галилејското Море (Матеј 4:18-22). Барем дел од уловот во овие води се преработувал во „фабриките“ што се наоѓале во близина.

Древни рибари носат риба

Дрворез на кој се прикажани древни египетски рибари

Техниката на конзервирање риби што веројатно се користела во древна Галилеја сѐ уште се користи во некои места денес. На рибите прво им се вадат внатрешните органи, а потоа се мијат со вода. Во една книга се објаснува: „Во жабрите, устата и крлушките се втријува крупна сол. Потоа повеќепати се става ред сол и ред риби, па сува рогозина. Откако ќе постојат така од 3 до 5 дена, се превртуваат и повторно стојат исто толку време. Во текот на овој процес, течноста од рибите се исцедува, а солта навлегува во нив. Откако ќе се исушат, тие стануваат тврди“ (Studies in Ancient Technology).

Не се знае колку долго не се расипувале рибите што се конзервирале на ваков начин. Но, тоа што древните Египќани извезувале конзервирана риба во Сирија покажува дека методите што се применувале биле доста ефикасни.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели