ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp19 Бр. 2 стр. 10-11
  • Ако боледуваш од тешка болест

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ако боледуваш од тешка болест
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ШТО ИМ ПОМОГНАЛО НА НЕКОИ
  • Како да живеете успешно со својата болест?
    Разбудете се! 2001
  • Зошто морам да бидам толку болен?
    Разбудете се! 1997
  • Кога е болен некој член на семејството
    Тајната на семејната среќа
  • Ти си скапоцен за Јехова, твојот Бог!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
wp19 Бр. 2 стр. 10-11

Ако боледуваш од тешка болест

„Кога лекарот ми кажа дека имам рак на белите дробови и на дебелото црево, како да ми прочита смртна пресуда. Сепак, откако се вратив дома, си реков: ’Не испадна баш како што си мислев, но тоа е тоа. Сега мора да најдам начин да се носам со оваа ситуација‘“ (Линда, која има 71 година).

„Имам притиснат нерв кој ми причинува огромна болка на левата страна од лицето. Порано таа неподнослива болка ме туркаше во депресија. Честопати си мислев дека никому не му е грижа за мене и дури помислував да си го одземам животот“ (Елис, која има 49 години).

Маж во инвалидска количка опкружен од своите најблиски

КОГА некој боледува од сериозна болест која може да биде смртоносна, тоа воопшто не е лесно. Освен што мора да се бори со самата болест, и болниот и оние што се грижат за него можат да станат емоционално ранливи. Стравот и загриженоста уште повеќе се зголемуваат кога мора да се направат многу прегледи, кога е тешко да се добие или да се плати соодветно лекување или мора да се поднесат несаканите дејства од третманите. Оние што се соочуваат со сериозна болест минуваат низ вистинска голгота.

Што може да ти помогне ако се наоѓаш во ваква ситуација? Многумина чувствуваат големо олеснување и утеха кога му се молат на Бог и кога читаат охрабрувачки мисли од Библијата. Освен тоа, од голема помош може да ти бидат љубовта и грижата од семејството и пријателите.

ШТО ИМ ПОМОГНАЛО НА НЕКОИ

„Имај цврста вера во Бог, и тој ќе ти помогне да издржиш“, вели Роберт, кој има 58 години. „Моли му се на Јехова. Кажи му како се чувствуваш. Барај да ти помогне да бидеш храбар и позитивен заради семејството. Моли го и да ти даде сила достоинствено да ја поднесеш болеста.

Освен тоа, и емоционалната поддршка од најблиските е многу важна. Многу ми значи тоа што можам да се потпрам на нив. Секој ден ќе ми се јават два-тројца за да прашаат како сум. Добивам охрабрување и од пријатели што живеат во други места. Тоа ми влева сила и ми помага да не се предадам.“

А што ако некој твој пријател е болен и сакаш да одиш да го посетиш? Забележи што рекла Линда: „Болниот сака да води колку што е можно понормален живот, и не сака секогаш да зборува за болеста. Затоа, разговарајте за други работи“.

Силата што ја добиваме од Бог и утехата што ја црпиме од неговата Реч, како и поддршката и грижата кои со љубов ни ги даваат семејството и пријателите, нѐ уверуваат дека има за што да живееме, дури и ако боледуваме од тешка болест.

Библиски стихови што можат да ти помогнат

Потпирај се на Бог.

„Го барав Јехова, и тој ми одговори, од сите мои стравови ме ослободи. Овој страдалник повика, и Јехова го слушна“ (Псалм 34:4, 6).

Линда, која беше спомната претходно, вели: „Никогаш не барам од Бог да ме оздрави, туку го молам да ми дава сила да ја поднесам болеста“.

Црпи сила од Божјата Реч.

„Никој од жителите нема да рече: ’Болен сум‘“ (Исаија 33:24).

Размислувај за она што Бог го ветил за иднината. Тоа ќе ти влее надеж, а надежта ќе ти ја даде силата што ти е потребна за да издржиш.

Побарај помош од семејството и од пријателите.

„Вистинскиот пријател сака во секое време, и брат станува во неволја“ (Изреки 17:17).

„Немој да се повлекуваш од другите“, советува Елис, која беше цитирана претходно. „Можеби понекогаш ќе се чувствуваш сам, па дури и ќе си мислиш дека ни Бог не те слуша. Сепак, немој да се затвараш во себе. Дозволи им на пријателите да ти помогнат.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели