ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp19 Бр. 2 стр. 8-9
  • Ако те изневерил брачниот другар

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ако те изневерил брачниот другар
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • БИБЛИСКИ СТИХОВИ ШТО МОЖАТ ДА ТИ ПОМОГНАТ
  • Победете ги падовите поставувајќи си цели
    Разбудете се! 2001
  • Утеха во тешки времиња
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Дали е возможно да постигнете помирување?
    Разбудете се! 1999
  • Ја избрав најдобрата кариера
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
wp19 Бр. 2 стр. 8-9
Една жена се моли

Ако те изневерил брачниот другар

„Кога маж ми ми кажа дека ќе ме остави поради помлада жена, посакав да умрам. Тоа беше толку неправедно, особено кога ќе помислев на сите жртви што ги имав направено за него“ (Марија, Шпанија).

„Кога жена ми ненадејно ме напушти, како да умре дел од мене. За еден миг пропаднаа сите наши соништа, надежи и планови. Имаше денови кога мислев дека успеав да ја преболам, но за кратко време повторно ме обземаше безнадежност“ (Бил, Шпанија).

НЕВЕРСТВОТО на брачниот другар претставува тежок удар. Точно, некои успеваат да му простат на сопружникот кој се кае поради тоа, и повторно да ја вратат изгубената доверба.a Сепак, сеедно дали бракот ќе опстане или не, оној што ќе дознае дека брачниот другар го изневерил чувствува неопислива болка. Што може да му помогне да се справи со таквите болни чувства?

БИБЛИСКИ СТИХОВИ ШТО МОЖАТ ДА ТИ ПОМОГНАТ

Иако биле скршени од болка, многу изневерени сопружници нашле утеха во Библијата. Тие сфатиле дека Бог ги гледа нивните солзи и дека ја разбира нивната болка (Малахија 2:13-16).

„Кога во мене се намножија немирни мисли, утехите од тебе ми ја милуваа душата“ (Псалм 94:19).

„Кога го читав овој стих, чувствував дека Јехова, како грижлив татко, нежно ми ги превива раните“, вели Бил.

„Со верниот ти постапуваш верно“ (2. Самоилова 22:26).

„Маж ми беше неверен“, вели Кармен, чиј сопруг ја изневерувал со месеци. „Но, бев сигурна дека Јехова ќе ми биде верен. Знаев дека тој никогаш нема да ме остави.“

„Не бидете загрижени за ништо, туку во сѐ — со молитви и молби... изнесете му ги своите барања на Бог. И мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца“ (Филипјаните 4:6, 7).

„Ги читав овие стихови одново и одново“, вели една жена по име Саша. „Постојано му се молев на Бог, и тој ми даваше мир и спокојство.“

На сите лица што ги цитиравме, понекогаш им доаѓало да кренат раце од сѐ. Сепак, тие имале доверба во Јехова Бог и црпеле сила од неговата Реч. Бил вели: „Кога ми се чинеше дека ми се сруши целиот свет, верата во Бог ми даде сила да издржам. Иако некое време чекорев низ ’долината на густата темнина‘, тој беше со мене“ (Псалм 23:4).

a Нешто повеќе за тоа дали да се прости или не во ваков случај има во воведните статии во Разбудете се! од 8 август 1999, со наслов „Кога брачниот другар е неверен“.

Што им помогнало на некои

Размислувај за утешни библиски стихови.

Бил објаснува: „Ја читав книгата Јов, а потоа и Псалмите, и го подвлекував секој стих што ми се чинеше дека одговара на мојата ситуација. Сфатив дека луѓето за кои читав во Библијата ги чувствувале истата болка и истиот немир што ги чувствував и јас“.

Најди си некое хоби.

Би можел да слушаш смирувачка музика. Кармен се сеќава: „Кога не можев да спијам ноќе, слушав музика. Тоа ми беше извор на голема утеха“. Други нашле утеха така што почнале да се занимаваат со некое хоби — научиле да сликаат, да цртаат или рачно да изработуваат предмети. Ваквите активности можат да го намалат стресот и да имаат смирувачко дејство.

Зборувај за своите чувства.

„Обично не зборував за своите чувства“, вели Даниел. „Но, имав неколку добри пријатели со кои разговарав секој ден. Им кажував како се чувствувам, а понекогаш го правев тоа и преку писма. Ова многу ми помогна“. Саша вели: „Многу ми значеше поддршката од семејството. Мајка ми беше секогаш тука за мене. Ако имав потреба да зборувам, таа беше спремна да ме сослуша. И татко ми ми влеваше чувство на сигурност, и ми помогна полека да закрепнам“.

Моли се постојано.

„Се молев без престан“, вели Кармен. „Чувствував дека Бог е близу до мене, дека ме слуша и ми помага. Во овој тежок период, уште повеќе се зближив со него.“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели