ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp19 Бр. 2 стр. 6-7
  • Ако ти починал некој близок

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ако ти починал некој близок
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ШТО ИМ ПОМОГНАЛО НА НЕКОИ
  • Како да живеам со својата тага?
    Кога ќе умре некој што го сакаш
  • Како да се поднесе жалоста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Помош за оние што тагуваат
    Разбудете се! 2011
  • Како да живееш со тагата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
wp19 Бр. 2 стр. 6-7
Еден ужален брачен пар на плажа гледа во далечината

Ако ти починал некој близок

„Кога мојот постар брат ненадејно почина, се чувствував беспомошно. Со месеци подоцна, секогаш кога ќе помислев на него, ме прободуваше остра болка во градите. Понекогаш ми навираа и чувства на гнев. Зошто брат ми мораше да умре? Ме печеше и совеста затоа што не поминував повеќе време со него додека беше жив“ (Ванеса, Австралија).

АКО ти починал некој близок, сигурно и тебе те преплавуваат различни чувства — тага, осаменост и беспомошност. Веројатно чувствуваш гнев, вина и страв. Можеби дури и си мислиш дека повеќе нема за што да живееш.

Не е погрешно да тагуваш, дури и подолго време. Тоа само покажува колку многу си го сакал оној што ти починал. Сепак, има ли нешто што може барем донекаде да ти ја ублажи болката?

ШТО ИМ ПОМОГНАЛО НА НЕКОИ

Дури и да ти се чини дека твојата болка нема никогаш да исчезне, можеби ќе ти бидат од помош следниве неколку предлози:

НЕМОЈ ДА ЈА ПОТИСНУВАШ ТАГАТА

Некои луѓе тагуваат пократко, а некои подолго. Освен тоа, сите не жалат на ист начин. Ако плачеш, тоа може да ти донесе извесно олеснување. Ванеса, која беше цитирана во почетокот, вели: „Плачев без престан. Имав потреба некако да се ослободам од болката“. Софија, чија сестра ненадејно починала, вели: „Многу ми е тешко кога размислувам за она што се случи. Болката е речиси неподнослива — исто како да отвориш и да чистиш инфицирана рана. Но нема друг начин раната да се залечи“.

ЗБОРУВАЈ ЗА СВОИТЕ ЧУВСТВА СО НЕКОГО

Се разбира, понекогаш можеби ќе сакаш да бидеш сам. Но, тагата е претежок товар за да може човек сам да го носи. На Џеред, кој има 17 години, му починал татко му. Тој вели: „Зборував за моите чувства со другите. Сигурно тоа што го кажував немаше некоја смисла, но се чувствував подобро само затоа што можев да се искажам“. Џенис, која беше цитирана во воведната статија, спомнува уште една корист: „За мене беше многу утешно што можев да зборувам со другите. Тие имаа разбирање за моите чувства, и не бев толку осамена“.

ПРИФАТИ ПОМОШ

Еден лекар вели: „Ужалените кои им дозволуваат на пријателите и на роднините да им помогнат да го пребродат првичниот шок, обично можат полесно да се изборат со своите чувства во другите фази на тагувањето“. Затоа, кажи им на пријателите што можат да направат за тебе. Тие веројатно сакаат да ти помогнат, но можеби не знаат како (Изреки 17:17).

СТАНИ ПОБЛИЗОК СО БОГ

Тина вели: „Кога маж ми ненадејно почина од рак, повеќе немав со кого да зборувам за сите работи што ме мачеа. Затоа почнав во молитва да му кажувам сѐ на Бог. Секое утро го молев да ми дава сила за тој ден. Тој ми помагаше на безброј начини“. Тарша, која имала 22 години кога починала мајка ѝ, вели: „Секој ден ја читав Библијата. Таа ми даваше неизмерна утеха и ми помагаше да размислувам за позитивни работи“.

ЗАМИСЛУВАЈ СИ ГО ВОСКРЕСЕНИЕТО

Тина вели: „Во почетокот, надежта за воскресение не ми беше од голема утеха бидејќи мене ми требаше мојот сопруг тогаш, а и на децата им требаше нивниот татко. Сепак сега, четири години подоцна, оваа надеж многу ми значи. Таа ме одржува во живот. Си го замислувам мигот кога пак ќе го видам, и тоа ми носи големо спокојство и радост“.

И покрај сѐ, веројатно нема веднаш да се чувствуваш подобро. Сепак, она што го вели Ванеса може да биде утешно: „Си мислиш дека болката нема никогаш да попушти, но со текот на времето станува подобро“.

Иако празнината што ја чувствуваш во срцето веројатно нема да исчезне, сепак вреди да живееш. Бог ќе ти ја даде потребната помош за да можеш пак да се радуваш на блиски пријателства и да водиш исполнет живот. И наскоро, Бог ќе ги воскресне мртвите. Тој сака повторно да ги прегрнеш твоите најблиски што починале. Тогаш болката од твоето срце засекогаш ќе ја снема!

Библиски стихови што можат да ти помогнат

Бог е свесен за твојата тага и ги гледа твоите солзи.

Еден од писателите на Библијата му рекол на Бог во молитва: „Стави ги моите солзи во својата мешина. Не се ли тие во твојата книга?“ (Псалм 56:8).

Можеш да му кажеш на Бог сѐ што те мачи.

„Пред [Бог] ја излевав својата загриженост... Тебе, Јехова,a на помош те викав“ (Псалм 142:2, 5).

Има надеж.

„Ќе има воскресение на мртвите“ (Дела 24:15, Превод на МПЦ).

Бог ветува дека ќе врати во живот безброј луѓе што починале. Тој едвај чека да го стори тоаb (Јов 14:14, 15).

a Јехова е името на Бог, кое го дознаваме од Библијата.

b Нешто повеќе за воскресението можеш да дознаеш од лекција 30 од книгата Радувај му се на животот засекогаш, која е издадена од Јеховините сведоци. Достапна е и на www.jw.org/mk.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели