Стражарска кула — навремена духовна храна
1 Скоро 114 години Стражарска кула ги советува своите читатели да бидат духовно будни. Нејзиното придружно списание Разбудете се! изградува доверба во ветувањата на Творецот дека во рамките на нашата генерација ќе дојде мирољубив и безбеден нов свет. Заедно, овие две публикации верно помагаат во осветлувањето на нашиот пат низ овој замрачен свет (Иса. 60:2). Вистината од Божјата Реч никогаш не се менува, но станува појасно нашето разбирање за неа додека Јехова ги користи овие и други средства за да ни даде духовна ‚навремена храна‘ (Мат. 24:45; Изр. 4:18).
2 Искористи ги на најдобар начин списанијата: Нашата благодарност за духовното просветлување што сме го добиле можеме да ја покажеме така што со одушевување ќе ги охрабруваме луѓето да читаат и Стражарска кула и Разбудете се! Обично нема да нудиме претплата кога за првпат сведочиме додека работиме од куќа до куќа или кога сведочиме неформално. Многу луѓе донекаде редовно добиваат поединечни примероци од списанијата и очигледно уживаат додека ги читаат. Таквите луѓе можеби ќе ја ценат можноста шест месеци да добиваат претплата. Меѓутоа, на станар кој не е добро запознаен со нашата литература и кој можеби помалку ја цени нејзината вредност добро е да му се понудат поединечни примероци од списанијата.
3 Како можеш да одредиш дали постои искрен интерес? Додека изнесуваш една или две мисли од некое списание, трактат или брошура, забележи ја реакцијата на станарот. Дали слуша внимателно? Дали ја почитува Библијата и следи во неа додека се читаат библиски стихови? Дали одговара на прашањата? Ако да, можеш да се договориш за повторна посета после една седмица или дури и поскоро и тогаш да уживате во натамошната дискусија. Ако е јасно дека станарот ја чита литературата што му ја оставаш и ги цени разговорите за духовни работи, можеш да го прашаш дали смета дека е вредно да ги добива списанијата редовно.
4 Поединечни примероци од списанијата може да им се понудат на колегите на работа, на соучениците или роднините. Исто така, списанијата може да им се понудат на деловни познаници и при сведочењето на улица.
5 Новите списанија треба да им бидат ставени на располагање на објавителите веднаш штом ќе стигнат во собранието. Кога ќе добиеш ново издание, темелно запознај се со него. Кои теми посебно ги интересираат луѓето на твоето подрачје? Светскиот мир и безбедност? Економијата? Добра влада? Околината? Стражарска кула впечатливо ги упатува луѓето на единственото трајно решение, Божјето Царство (Дан. 2:44; Мат. 6:10). Тоа е навистина бесценет подарок од нашиот „[Величествен, NW] Учител“ (Иса. 30:2).
6 Април и мај нудат извонредни прилики да посветиме повеќе време на службата на подрачјето. Со оглед дека мај има пет цели викенди, многумина ќе се пријават за помошни пионери. Секој од нас може сега да си постави лични цели да ја зголеми својата служба на подрачјето во текот на овие два месеци и со одушевување да го охрабри секого што ќе го сретне да ги чита Стражарска кула и Разбудете се!