Нова програма за Денот на посебен состанок
1 Нашата студија на Најголемиот човек кој некогаш живеел го зголеми нашето ценење за Исус Христос. Соодветно на тоа, програмата на денот на посебен состанок, кој започнува од септември, ќе ја развие темата „Точно да го следиме нашиот Голем Пример“ и при тоа ќе ни помага повеќе да разбереме што значи да го следиме.
2 Без оглед на возраста и на годините во вистина, сите кои ќе присуствуваат на состанокот ќе бидат охрабрени да бидат уште послични на Христос. Дел од програмата ќе изнесе совети посебно за младите. Тоа ќе ги опреми да се соочат со тешки ситуации кои се поврзани со образованието, забавата и материјализмот. Ќе бидат изнесени говори, искуства и прикази кои истакнуваат како да се спротивставиме на световното влијание и да се обликуваме според Христос (1. Петр. 2:21).
3 Новопредадените лица ќе бидат во можност преку крштение да се изјаснат јавно дека се следбеници на Христос. Пред чинот на крштение ќе биде изнесена подбудувачка библиска дискусија на таа тема. Оние кои сакаат да се крстат на денот на посебен состанок треба да му ја кажат својата желба на претседавачкиот надгледник доволно однапред за тој да може да договори со старешините да ги поминат предвидените прашања за кандидатите за крштение.
4 Гостувачкиот говорник ќе го изнесе главното предавање со наслов „Следење на нашиот Голем Пример — Кон што води тоа?“ Не заборави да ги поканиш сите интересенти на оваа програма која охрабрува и ја зајакнува верата. Не постои поголем или понаградувачки пат од следењето на нашиот Голем Пример, Исус Христос (Мат. 19:27-29).